SlideShare ist ein Scribd-Unternehmen logo
1 von 257
КОН ВТОРОВО ИЗДАНИЕ
    Манастирот Свети Наум на јужниот брег од Охрид-
ското Езеро е од исклучително значење за населението
од двете страни на границата, за МПЦ и воопшто за
христијанството. Неговиот основоположник, свети Наум,
е најголемиот, најпознатиот чудотворец од X век до
денес. Тој еднакво е почитуван од сите луѓе, без раз-
лика на вера и народност зашто на сите им помага, ако
искрено му се молат.
    Свети Наум со своите чуда бил познат уште за
време на земниот живот, но тие се небројни по него-
вото блаженоупокоение.
    Охридскиот архиепископ Јоасаф II (1719-1745) ве-
ли дека чудата на свети Наум биле побројни од ѕвез-
дите на небото. Меѓутоа, бидејќи не биле забележани,
отишле во заборав.
    Во 2005 година се објави книгата Чудата на свети
Наум со 154 записи за чуда на свети Наум. Таа се ис-
црпи, па се појавува ова издание со доста дополну-
вања.
    Чуда на свети Наум постојано се случуваат секаде
каде што се чествува Чудотворецот, а најмногу во ма-
настирот што тој го подигнал. Никогаш и никој не може
да рече: „Овие се, други чуда нема на свети Наум“.
Чуда на свети Наум ќе се случуваат постојано зашто
тој е жив светец.
    Второво издание на Чудата на свети Наум донесува
107 нови записи што, главно, се забележани од инфор-
матори кои лично ги доживеале. Вкупново книгава има
261 записи за чуда на свети Наум, од кои 211 ги имаме
забележано од 1988 година досега.
    Доста чуда на свети Наум се сврзани со храмот
што му е посветен во Битола. Во циклусот Битолски об-
раќања, во кој се поместени 94 писмени обраќања кон
свети Наум преку неговите храмови во Охрид и во Би-
тола.
    За појавувањето на второво издание на книгата
Чудата на свети Наум им изразуваме благодарност на
сите информатори, на сите коишто ни ги посочија нив,
на протојереј Митре Попоски за компјутерско-технич-
кото уредување, на ценетите рецензенти Неговото Висо-
копреподобие Архимандрит Нектариј и д-р Марко Китес-
ки, на Издавачот, а посебно на Неговото Високопрео-
свештенство г.г. Тимотеј.

                                      А в т о р о т
СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
                    И НЕГОВИОТ КУЛТ


Е      ден од првите ученици на словенските првоучители
       светите Кирил и Методија, брат и сотрудник на свети
       Климент, бил свети Наум Охридски Чудотворец. Меѓутоа,
за него малку се знае во науката, а повеќе од легендите,
преданијата и кажувањата како чудотворец. Скоро нема труд за
свети Климент во кој да не се споменува свети Наум, но попатно
или како дополнување на житието на свети Климент, т.е. во
давањето на информација што станало со охридскиот литера-
турен и правописен, просветно-културен центар по назначу-
вањето на свети Климент за епископ. Секогаш се третирал вто-
ростепено и останал во сенка на свети Климент. Целосно
посветен труд на свети Наум е Sveti Naum Ohridski од д-р Лазар
Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924, стр. 1–33), писателот и
научникот д-р Лазо Каровски ја објави романизираната
биографија Naum Ohridski (Скопје, 1977), а Историскиот архив од
Охрид во 1985 година го објави зборникот Naum Ohridski.
     По повод 1100-годишнината од хиротонисувањето на св.
Климент за епископ и доаѓањето на св. Наум во Охрид, во 1993
година, се одржа научен симпозиум во организација на МПЦ −
Дебарско-кичевска и Брегалничка епархија. Зборникот од тие ма-
теријали се објави во 1995 година. Во организација на МПЦ –
Дебраско-кичевска епархија и на Филолошкиот факултет се
одржа симпозиум по повод 1100-годишнината од подигнувањето
на манастирот Sveti Naum во 2005 година. Материјалите од
симпозиумот се објавија во 2006 година. На двата симпозиума се
изнесоа нови сознанија и понови видувања и за дејноста на св.
Наум. За манастирот Sv. Naum акад. Цветан Грозданов во 1995
година објави монографија (II изд. 2004), а во 1987 година д-р
Антоние Николовски ја публикува малата туристичка монографија
Manastirot Sveti Naum Ohridski.
     Главните извори за животот и делото на свети Наум се три
житија за него од негови, и Светиклиментови, анонимни ученици
и Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski од Теофилакт.
Првото житие за свети Наум е од десеттиот век. Него прв го
пронашол Јордан Иванов кон крајот на 1906 година во Зограф-
скиот манастир, во прологот бр. 47, во препис од XV век на попот
Иван Милошев и неговиот брат Никола од с. Пископие, Дебар-
ско. На овој ракопис Јордан Иванов им укажал на руските сла-
висти П. А. Лавров и Г. А. Илински во летото на 1907 година при
средбата во Зографскиот манастир. Ова житие во 1908 година го
објавиле Јордан Иванов1 и П. А. Лавров2.
     Второто житие за свети Наум е грчко. Првпат е печатено во
Венеција во 1695 година, а потоа во 1741/2 година е печатено во
Moskopolskata akolutija како синаксар со службата за свети
Наум. И житието, и службата се од XIII век, а за нивни автор се
посочува охридскиот архиепископ Константин Кавасилас3. Прв-
пат ова житие, и службата, се објавени во Moskopolskata ako-
lutija што е печатена на сметка од манастирот Sveti Naum во
москополската грчка печатница, во која биле собрани житијата и
каноните на светците кои најмногу биле славени во Македонија,
а посебно околу Охридското Езеро (светиите: Климент, Наум,
мач. Никодим, Седмочислениците, 15 маченици од Тиверија /
Струмица/, Јован Владимир и Еразмо)4.
     Третото житие за свети Наум е најдено во еден препис, во
зборник од XVI век, откриен од велешкиот преродбеник Јордан
Хаџи Константинов Џинот, кој му го дал на П. Среќковиќ, а прв-
пат го објавил Љуба Ковачевиќ во трудот Nekoliko priloga za
crkvenu i politi~ku istoriju Ju`nih Slovena5. Ова житие, веро-
јатно, е препис од грчки јазик или е компилација по грчки из-
вори6.

    1
       П р о ф. ˛ о р д а н Å И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ,
СофиÉ 1908.
     2
       П. А. Л а в р о в, ЖитиÉ св. Наума Охридского и служба ему, ИзвÓстиÉ
отд. рус. Éз. и слов. XII, кн. 4.
     3
       Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски, зборник
„Наум Охридски“, Историски архив – Охрид, Охрид, 1985, 17; Д-р Лазар
Мирковиќ во студијата Sveti Naum Ohridski, Сремски Карловци, 1924, стр. 12,
пишува: „Ово житије је писмени састав охридских архијепископа 13. столеØа,
јер се налази у службу која је писана у 13. столећу“.
     4
       За москополската аколутија пишувале: Стојан Новаковиќ („Први основи
словенске књижевности међу балканским Словенима“, стр. 239–244), Ф.
Миклошич (Vita S. Klementis episkopi Bulgarorum, Vinol, 1847, p. VIII – IX), д-
р Лазар Мирковиќ („Свети Наум Охридски“, Сремски Карловци, 1924, 12-17).
     5
       П р о ф. ˛ о р д а н ъ, И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ,
Софија, 1931, 311.
     6
       На истото место, 312.
Од трите житија, од Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment
Ohridski и од другите досега познати извори и постојната
достапна литература делумно се добива поопширна претстава за
свети Наум Охридски Чудотворец.



Т      очно кога и каде е роден свети Наум Охридски, како и
       свети Климент, не се знае. Се претпоставува дека свети
       Наум (како и свети Климент) е роден околу 830 г. во
југозападна Македонија, во Солунската тема. Според Vtoroto
slovensko `itie na сveti Naum, произлегувал од благородни и
богати родители, но се откажал од благородството и од богат-
ството и им се приклучил на рамноапостолите Константин
Филозоф и на неговиот брат Методија7.
     Тоа укажува дека свети Наум бил ученик на првоучителите
Кирил и Методија уште во Солун и дека заедно со нив бил во
Моравската мисија. Во мисионерската дејност на свети Кирил и
свети Методија во Моравија и Панонија е вткана, составен дел е
и дејноста на свети Наум8. Особено ученоста и познавањето на
многу јазици на свети Наум дошло до израз при престојот со сво-
ите учители во Рим9.
     По смртта на свети Методија (885), неговите ученици се
нашле во голема немилост: повеќето биле продавани како робо-
ви, највидните, меѓу кои и свети Наум, биле затворени, а потоа –
протерани. Влечејќи ги родниот крај, Методиевите ученици Кли-
мент, Наум и Ангелариј се упатиле на југ. Преживеале многу не-
згоди и тешкотии додека кон крајот на 886 година не дошле во
Белград, кој тогаш бил во составот на Бугарија. Управникот на
Белград, тројцата ученици на светите првоучители ги упатил кај
својот кнез во бугарската престолнина Преслав. Бугарскиот кнез
Борис срдечно ги пречекал. Извесно време Климент и Наум биле
    7
      На свечениот собир на Скопскиот универзитет по повод 1050–годиш-
нината од смртта на sвети Климент на 11. IX 1966 година во Охрид слове-
нечкиот академик Братко Крефт, меѓу другото, истакна: „Несомнено е дека
Климент заедно со Наум и со своите учители Кирил и Методиј, коишто од
истата стара Македонија тргнаа на просветителскиот пат за словенските
народи...“ (Spomenica Kliment Ohridski 916–1966, Охрид, 9–12 септември
1966, 52).
    8
      Свети Климент и свети Наум се „Охридски“ зашто Охрид го издигнале
на пиедестал од светско значење, станале охридски култови, охридска
препознатливост. Меѓутоа, свети Наум најмногу е познат како – Чудотворец.
    9
      Д-р Ј у с т и н С п. П о п о в и Ø, Житија светих, Београд, 1977, 692.
гости кај сампсисот Есхач. По извесно време, во 886 година, Кли-
мент бил испратен во областа Кутмичевица во скороосвоената
Македонија, а Наум бил задржан во Преслав.
     За испраќањето на свети Климент во Кутмичевица има не-
колку хипотези во науката. Интересно искажување на оваа тема
сретнавме кај Ѓорѓи Киселинов во предговорот на еден ракописен
труд10. Тој тоа го објаснува со моменталните бугарски интереси и
со карактерот на свети Климент и на свети Наум и ја дава след-
ната споредба:
     „Свети Климент бил висок и полн, мошне претставителен,
кој само со својата надворешност влевал почит и уважување кај
неговите непријатели, како што вели житието на свети Климент.
Свети Наум бил висок, слаб и сув, со мала четвртеста глава и
долга заокруглена брада. Свети Климент бил начитан, надарен со
дарот на зборот, зборлив; мислите слободно му течеле од устата и
како мед паѓале во душите на слушателите. Притоа бил и многу
трудољубив и енергичен. Свети Наум, спротивно, бил контемпла-
тивен, длабокомислен. Малку зборувал, а многу размислувал. И
затоа во неговите зборови имало многу мудрост.
     Со други зборови, свети Наум бил затворен во себеси, по-
веќето време го минувал во молитви, во размислување за духов-
ниот живот, за Господа и за Господовите дела. Тој факт, таа стра-
на на карактерот на двајцата словенски просветители може да ни
каже зошто кнезот Борис, откако се уверил во личните особини
на секого од нив, се решил Климента да го испрати во Западна
Македонија и Јужна Албанија за со неговата културно-просветна
и религиозна дејност да ги приклучи тие земји кон Бугарското
царство, а свети Наум го задржал кај себе како советник и кул-
турен деец во Преслав“.
     Во Преслав свети Наум работел седум години (886–893).
Таму го проповедал делото и духот на своите учители. Ја ширел
писменоста, оспособувал свештеници, го објаснувал и го толку-
вал Svetoto pismo и творбите на светите отци, а поинтелигент-
ните, поспособните ученици и соработници ги поттикнувал да
препишувуваат и да создаваат свои дела. Меѓу таквите бил пре-
    10
       Г. Я. К и с е л и н о в Å, ТÅржество на старобÅлгарскиÉ духÅ надÅ
времето и надÅ грабителитÓ(Свети Наум Охридски), 17 − VI − 44 г., Скопие,
ракопис во оставината на авторот на кој определбата „старобÅлгарскиÉ“ е
прецртана со молив и над неа е напишано „славÉнскиÉ“, а делот во заграда со
стрелка е покажан дека треба да дојде најгоре под името на авторот.
звитер Константин Брегалнички, кој во предговорот на неговото
Pou~itelno evangelie, по мислата на Григориј Богослов дека е
добро секогаш од Бога создадените и до Бога да завршат и наве-
дува други библиски сентенции, пишува: „Поради тоа и јас, скром-
ниот Константан, убеден во тоа од твоите молби, брате Науме, и
споменатите горе заповеди, се преклонив пред твоето смире-
ние“11. Свети Наум во Преслав, како што вели Ѓорѓи Киселинов,
„играл улога и на дворски советник, прво кај кнезот Борис, а по-
доцна кај царот Симеон“12.
      Кога во 893 година свети Климент бил назначен за епископ
на Древница и Белица13, во областа Кутмичевица, во охридскиот
литературен, просветно-културен центар го заменил свети Наум.
За оваа замена, т. е. за дејноста на свети Наум до крајот на жи-
вотот се зборува во Prvoto slovensko `itie na sveti Naum.
      Од кусиот текст на Prvoto slovensko `itie na sveti Naum се
гледа дека тоа било напишано од ученик на светите Климент и
Наум, кој на тоа бил поттикнат од епископот на Деволската
епархија Марко. Пред ова житие авторот напишал житие за свети
Климент. Двете житија биле напишани набрзо по смртта на свети
Наум и свети Климент, и тоа според она што го чул од светиите и
што го видел тој лично како нивни ученик. Меѓутоа, поради
нивната скромност, доста поединости од нивниот живот и од
нивната дејност останале непознати.
      Свети Наум во Кутмичевица целосно ја презел и ја продол-
жил дејноста на свети Климент. Тој изградил манастир посветен
на светите архангели Михаил и Гаврил. Изградбата иа манасти-
рот во Vtoroto slovensko `itie na sveti Naum се сврзува со 905
година. Свеченото пуштање во служба/осветувањето на Све-
тинаумовиот манастир го извршил епископот свети Климент, ко-
га тој ја одржал својата беседа, напишана во врска со изградбата
на Наумовиот манастир и неговата дедикција на светите архан-
гели, под наслов Pofalnoto slovo na bestelesnite Mihail i


   11
        Д и м и т а р Ш о п о в, Две поетски творби на Константин
Брегалнички за епохалното дело на словенските првоучители, зборник
„Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски“, кн. 1, Скопје,
1970, 282.
    12
       Ѓ о р ѓ и К и с е л и н о в, цитираниот ракопис.
    13
       Д-р Стојан Ристески, Белички светости, „Ирис“, Струга, 2008, 34-35..
Gavril14. По изградбата на манастирот, свети Наум, кој како
свештеник дошол од Моравија, се замонашил и се повлекол во
него сè до крајот на животот на 23 декември 910 тодина (стар
стил), кога во вечниот дом во манастирот бил положен од свети
Климент.
      Првото Светинаумово житие, покрај значајните податоци за
судбината и на другите ученици на првоучителите Кирил и Ме-
тодија, уште во почетокот („Еве браќа, да не остане без спомен,
брат му на блажениот Климента и негов содругар и сострадал-
ник...“) дава податок од кој во науката се појави мислење дека
свети Наум и свети Климент биле родени браќа. Меѓу првите на
тоа укажале П. А. Лавров и Н. Л. Туницкиј, а потоа и многу дру-
ги. Како родени браќа свети Климент и свети Наум се прикажани
и во романизираната биографија Naum Ohridski од Лазо Каров-
ски. Тој заклучок се изведува од фактот што, според каноните,
различните по свештенички чин (епископ и презвитер) не можат
да се наречат „браќа“, освен ако не се родени браќа.
      Грчкото житие податоците за свети Наум повеќе ги прика-
жува легендарно, а некои податоци се историски неточни, како:
смртта на Кирила и Климента, првиот починал во длабока ста-
рост, а вториот пред свети Наум. Дејноста на свети Наум спрема
свети Климент ја споредува со Арон и Мојсеј, т. е. што му бил
Арон на Мојсеј тоа му бил свети Наум на свети Климент.
      Поблиску до првото (словенското) житие е третото (второто
словенско) по ред. И во него се даваат податоци за следењето на
првоучителите, протерувањето и дејноста во Кутмичевица исто-
риски е поточно, а завршува со констатацијата дека свети Наум
умрел во длабока старост и неговото тело го положил со свои
раце архијерејот Христов Климент во гробот на десната страна во
неговиот храм, а Господ го прославил свети Наума со големи чу-
да и исцелителна моќ15.


    14
       К л и м е н т О х р и д с к и, СÅбрани сÅчинениÉ, БАН, СофиÉ, 1970,
239, 240.
    15
       Коментари по житијата за свети Наум се даваат од сите нивни изданија,
а најнов осврт направи д-р Радмила Угринова-Скаловска под наслов
„Житијата на Наум Охридски“ во зборникот „Наум Охридски“ во издание на
Историскиот архив од Охрид, Охрид, 1985, 13–16.
    Второто словенско житие за свети Наум е застапено во последниот дел од
оваа книга.
С       вети Климент во охридскиот литературен и правописен,
        просветно-културен центар работел седум години (886 –
        893). Исто толку, седум години (893 – 900), штом манасти-
рот е изграден во 905 година, тогаш пет години подолго (893 –
905), во овој центар активно работел и свети Наум. Истата деј-
ност и тој ја вршел, па во онаа бројка од 3500 ученици половина-
та, ако не и повеќе, минале низ рацете на свети Наум. На тоа би
требало да се внимава и тоа да се потенцира во науката. Со по-
влекувањето во манастирот, свети Наум станал основоположник
и на монаштвото во Македонија.
      Можеби причината за недоволното потенцирање на Свети-
наумовото учество и придонес во просветно-културната дејност
во охридскиот средновековен центар е поради неговата незаста-
пеност во литературата. До скоро единствено се знаеше дека по
наговорување на свети Наум презвитер Константин Брегалнички
го напишал Pou~itelno evangelie. За да се поттикне друг треба
самиот да си тоа. Тоа значи дека свети Наум пишувал, но до
скоро под негово име не беше познато ниедно дело. Единствена
беше присутна претпоставката дека делото/расправата O pisme-
n'ÓhÅ е негово, т. е. дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се
крие името на свети Наум Охридски. На тоа меѓу првите укажаа
словачките научници Рајко Нахтигал и Франц Гривец, а потоа
кон тој став се приклонија и повеќемина други научни работ-
ници.
      Расправата O pismen'ÓhÅ (Za bukvite) е прва и најдобра на-
учна одбрана на словенската писменост, одлично познавање на
писмото воопшто. Кога се појавува оваа научна расправа, во која
се вели дека „сèсуште се живи оние што ги виделе“ светите
Кирил и Методија, единствено живи нивни најдобри ученици и
следбеници во писмото биле Климент и Наум. „Сигурно е дека
Наум, заедно со Климента и нивните ученици – со Охридската
школа – стоел на чело на најголемата одбрана на целокупното
дело на Кирила и Методија“16, па затоа Охридската литературна и
правописна школа уште се нарекува „глаголашка“. Затоа авторот
на O pismen'ÓhÅ треба да се бара меѓу творците на Охридскиот
центар. По својата ученост и знаење на повеќе јазици, и писма,
најпознат бил свети Наум и затоа со право се смета за автор на

   16
        Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски ..., 23.
научната распара O pismen'ÓhÅ, т. е. дека „Црноризец Храбар“ е
негов псевдоним.
     Хипотезите дека свети Наум бил и литературен творец ско-
ро се обистинија. Имено, во Bratkoviot minej (XIII и XIV в.), кој
се чува во Народната библиотека на Србија (сиг. Рс 647), се наоѓа
Kanonot za apostol Andrej на свети Наум Охридски, чие име
/авторство е дадено во акростихот17.
     Стефан Кожухаров во еден минеј на Зографскиот манастир
го откри Kanon na apostol Andrej (XIII в.). Овој какон е поме-
стен во службата за 30 ноември и содржи 32 тропари поделени во
осум песни, чиј акростих гласи „Првоаго христова сла хвали
нишчии Наоум“18. Се претпоставува дека ова дело на свети Наум
Охридски настанало во 868 година кога, по посветувањето на
словенските богослужбени книги од страна на папата Адријан II
во Рим, требало да се изведе литургија на словенски јазик во
повеќе цркви, меѓу кои и во црквата на апостолот Андреј. „Најве-
ројатно, таа била побудата Наум да го напише споменатиот Ка-
нон“19.
     Во 1985 година Стефан Кожухаров во рефератот „Пред-
полагаеми произведениÓ на Наум Охридски“, поднесен на Четвр-
тиот летен колоквиум по старобугаристика, зборува за две хим-
нографски дела: Kanon za prenesuvaweto mo{tite na Jovan
Zlatoust и Kanon za arhangel Mihail. И двете дела Стефан
Кожухаров, врз основа на нивните правописни, јазични и други
особености, смета дека се од свети Наум Охридски. Додека
Kanonot za Jovan Zlatust е пронајден во минејот бр. 22 во
збирка на Народната библиотека во Софија, Kanonot za arhan-
gel Mihail се наоѓа во истиот минеј во којшто се наоѓа Kanonot
za apostol Andrej на свети Наум. И двата ракописа се поврзани
со големата писмена традиција20.
     Да се надеваме дека славистиката наскоро ќе се обогати
уште со некое друго дело на свети Наум Охридски.
    17
       Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, Фрагмент од поетската творба на Наум
Охридски во Братковиот минеј, „Разгледи“, XXIX, 5–6, 1987, 576–577.
    18
       С т е ф а н К о ж у х а р о в, Песнeното творчество на старобÅлгарскиÉ
книжовник Наум Охридски, Литературна историÉ, 1984, кн. 16, 6.
    19
       И л и ј а В е л е в, Поетот Наум Охридски, „Нова Македонија“, ХLI,
13854, 17. VIII 1985, 8.
    20
       Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, цит., 578.
К        ога и кој го канонизирал свети Наум за светец не се знае.
         Меѓутоа, Prvoto slovensko `itie од X век сведочи дека
         свети Наум наскоро по неговата смрт во охридскиот крај
бил почитуван како светец, па било потребно да му се напише
житие, кое не е обично биографско-историско житие, ами хагио-
графско, пишувано за светител, зашто во него св. Наум се наре-
кува блажен, бидејќи авторот на ова житие заедно со епископот
деволски Марко очекува со молитва и со милост на Климент и
Наум да добие благослов и опростување на гревовите од Госпо-
да“21. Во прилог на тоа зборува и стилизацијата на крајот на ова
житие, која е како и стилизацијата на крајот на молитвите и псал-
мите што им се упатуваат на светци.
       Свети Наум и свети Климент кон крајот на десеттиот век
биле канонизирани за светии. Веќе во 919 година, во еден напис
на Зографскиот манастир од XIV век, Климент бил вброен меѓу
светците, а како таков се спомeнува и во Asemanovoto evangelie
(XI в). Секако дека и свети Наум како таков бил славен, бидејќи
nivniot kult odi paralelno i zaedno . Со тоа уште во десеттиот
                                      22


век „било определено местото и значењето на овие народни вели-
кани. Верувајќи во моќта на овие свои светии, народот полесно
ги поднесувал искушенијата што условите и времето му го нало-
жиле. Според народното а не владателското потекло, како и по
учителско-просветителската и мисионерска дејност, Климент и
Наум се издвојуваат од мнoгуте други светии.
        Тие не биле кнезови нити болјари, туку простосмртни луѓе
излезени од народот и цел живот најтесно поврзани со него. Тие
не живееле во моќ и луксуз туку во скромност и беда исто онака
како што живееле и нивните сонародници. Климент и Наум се
едни од најрано канонизираните светии (така, на пример, Кирил
Солунски бил канонизиран дури во XIX век)“23.




М   21
           анастирот Sveti Naum се наоѓа на јужниот брег на
           Охридското Езеро. Него го изградил свети Наум,
           посветувајќи им го на архистратезите Михаил и

       Д-р Л а з а р М и р к о в и Ø, Свети Наум Охридски, Сремски
Карловци, 1924, 24.
    22
       На истото место, 25.
    23
       Д о н е И л и е в с к и, Автокефалноста на македонската православна
црква, Скопје, 1972, 20.
Гаврил, но набрзо по неговата смрт го добил неговото име.
Црквата што ја изградил Наум била триконха, скоро идентична со
црквата на свети Климент во Охрид, но подоцна била до темели
урната. Денешната црква е изградена во турскиот период на
темелите од Светинаумовата црква24. Потоа се изградувани
придружните објекти.
       Економската положба на манастирот Sveti Naum во разни
периоди била различна, но и страдал од разни пожари и во Пр-
вата светска војна. Недвижниот имот околу манастирот и во дру-
ги подрачја постојано се зголемувал по пат на купување или по-
дарување по разни поводи и од разни побуди25. И другата стока
била бројна. Така, во петтата деценија на XIX век манастирот
Sveti Naum имал околу 8 000 овци, а негови чифлизи биле и
селата Љубаништа, Појани и Стење26, од 1881 година и селото




   24
       Д и м ч е К о ц о, Проучувања и археолошки испитувања на црквата на
манастирот Sv. Naum, „Зборник (1957–1958)“, изд. Археолошки музеј –
Скопје, кн. II, Скопје, 1958, 78–80.
    25
       За Светинаумовата црква, за манастирските конаци и за економската
моќ на манастирот подетална слика се дава во еден летопис пишуван на грчки
јазик од Димитрија Петру што се чува во Историскиот архив – Охрид, фонд
Масин (каде што е заведен како „Кодика од манастирот Sv. Naum / Дневник/
од Димитрија од 1855 год.“), в., зборник „Наум Охридски“, Охрид, изд.
Историски архив – Охрид, 1985, 25–54.
    26
       Рускиот научник Виктор Григорович овие податоци ги наведува за 1845
година, а Иван Снегаров за 1848 година.
Трпејца27, а големи приходи добивал од панаѓурот и од луѓе кои
доаѓале преку годината на поклонение.
     Манастирот Sveti Naum бил важно жариште на просветата и
културата уште за време на неговиот патрон, но како таков
останал до најново време.
     Во манастирот Sveti Naum секогаш се водело сметка да се
продолжува традицијата на својот патрон и на просветен план.
Поради тоа во него редовно работело манастирско училиште, во
кое во 1830 година учел и преродбеникот Димитар Миладинов.
Училиштето го посетувале 20-30 ученици од поблиските, но и од
подалечните места.
     Манастирот Sveti Naum располагал и со богата библиотека.
Меѓутоа, од делувањето на разните пропаганди, односно припад-
носта на игумените кон нив, многу словенски ракописи, од кои
некои создадени тука, се уништени. Особено во тоа предничел
грчкиот фанариот Дионисиј. Тој безмилосно ги горел словен-
ските книги и словенските ракописи, за кое со горчина подоцна
ќе се сеќава и тогашниот ученик Димитар Миладинов. Поради
негрижата доста пишувани споменици се уништени и од забот на
времето или се земени од разни посетители.
    27
       Во 1 881 година бил склучен договор со бегот што го држел селото
Трпејца и манастирот Sv. Naum. Согласно овој договор, бегот на манастирот
му го отстапил селото Трпејца за замена на манастирскиот имот во с. Поѓани,
додавајќи манастирот 25 000 гроша, бидејќи имотот на бегот бил поголем
(Ohrid i Ohridsko niz istorijata, II. Скопје, 1 978, 1 76).
     Според поседовниот лист бр. 47 на Катастарската општина Љубаништа,
манастирот Sveti Naum во 1 937 година имал имот во површина од 2882 ха 7 а
78 м2. По ослободувањето, со аграрната реформа, скоро сиот имот на
манастирот му бил одземен, освен црковните објекти, нивните дворови и
неколку ниви околу нив. Одземениот имот прво го користела селската работна
задруга (колективот) на с. Љубаништа, а по нејзиното расформирање го
користи Земјоделската задруга „Горица“ од Охрид. На име од манастирот Sveti
Naum во поседовниот лист бр. 47 во Геодетската управа – Охрид се води
                              2
површина од 4 ха 73 а 43 м , во која спаѓаат манастирските објекти и други
црквички со нивните дворови и неколку ниви. Меѓутоа, на дел од оваа
површина се наоѓа и воениот автокамп.
     Според катастарскиот документ бр. 3721 од 9. VII 1940 година, во КО Сти-
пона, Ресенско, манастирот Sveti Naum имал имот во површина од 225 ха 57 а
     2
47 м . Повеќе од 15 ха земја манастирот имал и во с. Белчишта, Охридско, што
ја обработувале исполџии од истото село.
     Само околу 50 ха од имотот му се повратени на манастирот. За имотот во
Белчишта ветено е обештетување, а со решение Бр. Дн. бр. 17-159/03 на 24. XI
2008 година од имотот во Стипона на манастирот Свети Наум му се вратени
194 ха 88 а и 2 м2, односно оклу 200 ха, главно планинска површина.
При предавањето на старешинската должност на манастирот
Sveti Naum на 7 март 1939 година протојерејот Стеван Ѓорѓевиќ
на новиот старешина архимандритот Виктор Гиздавиќ му предал
238 наслови на книги и 15 канони и други правни акти од вкупен
фонд 1073 примероци. Тоа не се некои битни изданија од духовно
и културно-национално значење, набавени по Првата светска вој-
на, но по 1944 година и нив ги нема. Сега архимандритот Некта-
риј прави напори за оформување на манастирска библиотека, во
кој племенит зафат треба помош и од пошироката средина.
     Значајно место и видна улога манастирот Sveti Naum имал
во периодот на Преродбата и во подоцнежното национално-осло-
бодително движење. Меѓу другото, во овој манастир со својата
чета престојувал видниот социјалист и револуционер Никола Пе-
тров Русински28.
     Поради големото историско-културно значење на манасти-
рот Sveti Naum, по раскинот на Македонија по Балканските вој-
ни, која трагедија е санкционирана и по Првата светска војна, по-
чнала и дипломатска игра за неговата припадност: на Албанија
или на Кралството СХС. Тоа траело од 1912 до 1925 година. Во
докажувањето на словенскиот карактер (тогаш официјално: срп-
скиот), на манастирот Sveti Naum се поосветлени и некои мо-
менти од животот и делото на свети Наум. Тогаш се објавени
бројни написи (меѓу кои од Славко Стојановиќ во „Нови живот“,
кн. XXII, 1925, под наслов „Питање Св. Наума“; д-р Лазар Мир-
ковиќ во „Гласник Српске Православне Патријаршије“, 1924) и
книгите: Dokumenta o pitawu granice sa Albanijom kod
manastira Sv. Nauma (во издание на Министерството за над-
ворешни работи на Кралството на СХС, Белград, 1924), Sveti
Naum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924)
и Paternik manastira29 svetoga Nauma од епископот охридски
Николај (Скопје, 1925).
     По 1945 година, манастирот Sveti Naum веќе почна да не е
тоа што бил. Во почетокот на 1946 година му се експроприрани
    28
       Н и к о л а П е т р о в Р у с и н с к и, Од моите спомени за Охридско-
струшкиот револуционерен реон (1901       –1902) во редакција на д–р Стојан
Ристески, изд. „Студентски збор“, Скопје, 1988, 74–75.
    29
       Делото Paterik manastira svetoga Nauma е застапено и во десеттата
книга на собраните дела на епископот Велимировиќ (Химлестир, 1983, 749–
765).
88 ха и ѝ се дадени на Selskata rabotna zadruga од с. Љубани-
шта (формирана на 1. X 1945), 96,5 ха со аграрната реформа им се
доделени на 42 љубаништани. Одземен му е имотот во с. Белчи-
шта, а во Стипона не можел да го користи. Од СРЗ на Љубаништа
имотот го презеде ЗЗ „Горица“ од Охрид, која и денес го користи.
Месната аграрна комисија од с. Љубаништа на Ѓурѓовден 1947
година го конфискувала и целиот подвижен имот на манастирот
(инвентар, жито и жива стока).
      На 26 јули 1950 година Централниот завод за заштитување
на културните споменици и природни реткости на Македонија со
решение бр. 1028 одредува: „Се поставува под заштита на зако-
нот културно-историскиот споменик црквата Sveti Naum со
околните манастирски конаци“. Оттогаш манастирот не беше цр-
ковен туку на државата.
      Републичкиот завод за заштита на спомениците на култу-
рата го имаше под своја управа манастирот Sveti Naum до крајот
на 1962 година. На 29. XII 1962 година Републичкиот завод му го
предаде на Општинскиот завод за заштита на спомениците на
културата. Во решението бр. 02-35/1 од 12 март 1968 година на
Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата се
вели дека манастирот е во сопственост на Собранието на општи-
ната Охрид, а го користи Заводот за заштита на спомениците на
културата – Охрид. Согласно ова решение, манастирот Sveti
Naum има својство на споменик на културата со неговата не-
посредна околина: „Дворното место на манастирот со конаците и
трпезаријата до главната влезна врата“30.
      Иако под заштита на законот, манастирот беше незашти-
тен31. Многу негативно се изразуваат за состојбата на манастирот

    30
       Двете решенија што се цитираат се користени од архивата на Завод и
Музеј – Охрид.
    31
       На 25 февруари 1985 година од Заводот за заштита на спомениците на
културата и Народен музеј – Охрид до надлежните органи е пријавена кражба
на 13 икони од иконостасот на манастирската црква Sveti Naum, од кои 11
икони од верските празници и две икони од крстот на иконостасот. Кражбата
е извршена во ноќта на 24 спроти 25 февруари 1985 година (во вечерните
часови на 24. или во раните часови на 25 фревруари, на Прочка). За оваа
кражба е известен и Интерпол, но од потерата досега нема конкретни
резултати. Според сочувани фотографии, украдените икони се возобновени во
1993 година од Драган Ристески. Нивната изработка ја плати Министерството
за култура на РМ. Таа година е изработен и мозаикот над влезната главна
порта. Тој е поставен над постојната оштетена фреска. Автор: Драган Ристески.
бројни посетители во книгата за впечатоци. Доста работи се не-
повратно изгубени. Согласно решението бр. 25 – 212/1 од 24
јануари 1991 година Извршниот совет на СРМ на Црквата ѝ се
вратија 19 сакарални објекти, меѓу кои и манастирот Sveti Naum.
Неговото предавање се изврши на 3 април 1991 година.
      По добивањето клучовите на манастирот од претставникот
на Заводот за заштита на спомениците на културата, митро-
политот г.г. Тимотеј нив му ги предаде на јеремонахот Нектариј,
поставувајќи го за старешина на манастирот, кој дотогаш беше
референт во охридската Митрополија.
      На 19 мај 1991 година манастирот се преосвети. Јеремо-
нахот Нектариј на празникот Свети Наум во 1992 година беше
произведен во чин игумен. Со тоа стана прв игумен во Дебарско-
кичевска епархија. Таа должност и сега ја врши, со тоа што на
празникот во 1993 година беше произведен во звањето архиман-
дрит.
      По 1948 година, односно по Информбировската резолуција,
манастирот Sveti Naum спаѓаше во пограничната зона, па во него
не се одеше на празникот, туку во црквата „Мал свети Димитрија“
во Охрид. За тие потреби во таа црква се донесе икона на свети
Наум. И сега иконата се наоѓа таму. Оттогаш е традиција на
празникот Свети Наум кои не можат да одат во манастирот да
одат во оваа црква на поклонение на Чудотворецот.
      Подоцна скромно се почна со чествувањето на манастирот
Sveti Naum. На Црквата ѝ беше дозволено да биде присутна, да
врши богослужба, само на зимски Свети Наум (5. I) од 8 до 12
часот и на летен Свети Наум од 12 часот на 2 до 12 часот на 3
јули. По 1985/6 година имаше извесно попуштање, т.е. Црквата
беше присутна во манастирот од утрото на 2 до пладне на 4 јули.
И во дозволените термини, продавањето свеќи и др. беше од За-
водот. Даренијата добиени на денот во почетокот се делеа наполу
меѓу Црквата и Заводот. Потоа Црквата даренијата ги земаше
добиени во термините кога ѝ беше дозволено да биде во манасти -
рот, а од другиот дел на годината, официјално, ги земаше Заводот
за заштита на спомениците на културата − Охрид.
      Од 1991 година досега во манастирот Sveti Naum, под ра-
ководство на архимандритот Нектариј и надлежниот архијереј г.г.
Тимотеј, е доста направено. Старите дотраени конаци од јужната
страна се наново подигнати. Дадени му се на „Виомарк“ на кори-
стење до исплатување/повраќање на вложените инвестиции. Во
2003/4 година се изгради конакот број 1, југозападниот дел. Во
долниот дел има монашки келии, подрум, трпезарија за 80 души,
а во горниот дел два салона од највисоко ниво и други простории.
      На источната страна од западниот конак, односно северно
од манастирската црква е подигнат параклисот Свети Кирил и
Методиј, над кој е камбанаријата, чии камбани се осветија на
патрониот празник во 2005 година. При влезот во параклисот, на
неговата јужна страна, има голема изложбено-продажна прос-
торија на духовна литература и други манастриски реликвии. Ка-
мен-темелникот на параклисот се освети и се постави на 9 сеп-
тември 2004 година. Се работи на негово интериерно уредување
за скорешно осветување.
      Под беспрекорната грижа на Неговото Високопреподобие
Архимандрит отец Нектариј постојано нешто се работи во
манастирот, се средува дворот и сета околина. Со ова темпо на
работа во скора иднина манастрирскиот комплекс ќе пленува со
својата среденост и убавина.
      Манастирот да заживее како што треба, архимандритот
Нектариј ги истакнува следните неопходности: тргнување на рам-
пата за слободно да можат да доаѓаат верниците до манастирот
преку целата година, враќање на манастирскиот имот што е во
Република Македонија и во Република Албанија, возобновување
на старите конаци, возобновување на традицијата давање храна
за сите посетители, подигнување трпезарија за две-тристотини
души, изградба на голем паркинг-плац и поврзување на приодот
со патот кон нашата царинарница за да можат посетителите како
што доаѓаат така да заминуваат без никакви пречки, т.е. кружно
движење со коли. За доста од овие неопхдности треба да покаже
разбирање државата.



O      hridskiot mitropоliski kodeks дава значајни сознанија за
       минатото на Охрид. Тој е дојден до наши дни во препис
       на Александар К. Робе. Последниот дел е со наслов:
„Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“. Под влија-
ние на некои поранешни пишувања, во Kodeksot погрешно се
предава смртта на свети Климент пред свети Наум. Знаејќи за
овој пропуст, другото пишување за свети Наум го дополнува
неговиот животопис, па затоа го предаваме во целост.
– А пак пречесниот и преподобниот Наум, по смртта на св.
Климент, повеќето време го мина во Девол, наспроти Охридското
Езеро, недалеку од Љубаништа и таму кога го подигна од темел
свето престојувалиште и црква во чест и во име на архангелите
Михаил и Гаврил и на останатите бестелесни сили мина во аскет-
ски и рамноангелски живот, раководејќи го народот со неговите
премудри учења кон секое дело на добродетелство и богочес-
тивост, избавувајќи од секаков стремеж кон лошотии и неправда,
како и од искушение на искушителот ѓавол и поттикнувајќи и
раководејќи ги сите кон правите и вистинските патишта на
правдата, избавувајќи го народот од богомразната и богохулната
ерес, јавувајќи се тогаш во онаа страна на Илирок, ересот на
богомилите и масалјаните... го преживеа свето и богочестиво и по
многу маки и борби што претера, замина кон небесниот награду-
вач за борбата и плаќачот на надницата – Христос за да ги добие
наградите за својот труд, оставајќи ни ги нам на духовните чеда
своите свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на
исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на негови-
от чудотворен гроб.
      Навистина, многу тешко им паѓа на сите историољупци не-
знаењето хронологијата на смртта на преподобниот Наум зашто
по неговата смрт не се зачува историја, бидејќи последователните
потоа неглаткости и непрекидните немири, притоа и крајната
неписменост во онаа позната темнина, само тоа се зачува каде
што успението на нашиот преподобен и богољубив отец Наум
Чудотворец стана на 23. ден од месец декември, како што се
гледа во една книга напечатена на грчки во Венеција или аколу-
тија (последование) со песни за св. Наум собрана заедно со оние
од препознатливото на Имецет – Христовото рождество.
      Во Ohridskiot mitropoliski kodeks се регистрирани и некои
зафати и настани во манастирот Sveti Naum од XIX век. Така,
игуменот Стефан бил наследен од јеромонахот Динисиј, родом од
Теодосиопол во Азија, на 10 декември 1809 година. За негово
време во манастирот Sveti Naum, меѓу другото, било направено:
      – 1810 година се изградиле шталите и горните корчански
одаи;
      – 1811 година се изградиле горните катови;
      – 1812 година се изградиле метохот и дуќанот во Корча;
– 1813 година се изградиле двокатните чардаци на охриѓани
и фурната; ресенските одаи, одаите на влашките челници, однос-
но на чобанбашиите Лицадиоти и Самаринци;
      – 1815 година се изградиле чардакот на Ланга и кералот;
      – 1818 година до црквата се ископал бунарот со добиена по-
мош од еден бег Албанец;
      – 1819 се изградиле чардаците и маѓерницата (кујната), како
и постојните блиски згради;
      – 1827 година се изградиле големата одаја на аџи Симо и
блиското кафе. Во ракописот се вели дека тоа се констатира од
следниот натпис: „Оваа одаја се изгради со помош и трошоци на
господин аџи Симо (Симеон), родом од село Моловишта, кој
живее во Битола, за вечен спомен во времето на игуменот аџи
господин Дионис“;
      – 1828 година се возобновил мостот до Охридското Езеро од
Димитрија Булумбаши, од село Куртеш – Епир.
      Кога се направени овие зафати кнезувал (управувал) со Охрид
Џеладин-бег, син на гази Ахмед-паша.
      Својот плоден (градежен) игуменски живот Дионисиј го завр-
шил во април 1835 година, но остана познат уништувач на сло-
венските книги.
      Од 1835 до 1843 година бил купен чифлигот во Љубаништа
за 40 000 гроша од игуменот Серафим, родом од селото Велгош-
ти, а починал во март 1847 година.
      Потоа во Kodeksot се наведени несреќите што го зафатиле
манастирот Sveti Naum:
      – На 16 октомври 1871 година рано во понеделникот се
случи првиот пожар, кој ги претвори во пепел одаите што се нао-
ѓаа на исток, чардаците, убавата одаја што се наоѓаше над езе-
рото, викана „Одајата на Џеладин-бег“, некогашен управител на
Охрид од 1809 до 1830. Во тоа време, во 1871 година, надгледу-
вател на светиот манастир бил Андроник Заро, син на Анастас
Заро, родом од Охрид [веројатно овде е превид, би требало да биде Зарче].
Вториот пожар стана во февруари 1874 година на полноќ и ги
претвори во пепел речиси сите згради, со исклучок, како по некое
чудо, на охридските и москополките чардаци, коишто се гледаат
до денес... 8 јули 1906 година.
С       вети Наум станал култ кај народот од Кутмичевица уште
        за време на животот со неговата неуморна работа, а
        особено со неговите чуда. Всушност, свети Наум и други-
те негови најблиски соработници (Климент и Ангелариј), како и
неговите првоучители, со својата божествена моќ биле познати
од порано.
     Според Op{irniot `ivotopis na sv. Kliment Ohridski од
Теофилакт, гробот на свети Кирил во Рим станал изгонител на
сите зла од човекот: „Штом некој ќе се приближеше до гробот
или ќе го повикаше името на овој богоносен отец – според својата
вера, тој ќе добиеше исцеление од своите страдања ... Така крајот
на Кирила му донесе почест и од божествениот папа и од Бога“32.
Таму, во Рим, со својата ученост и знаеност на јазици дошол до
израз и свети Наум33.
     На необичен начин свети Наум и другите затворени ученици
на св. Методија биле ослободени. По нивните молби, „Бог, откако
наѕре кон Земјата, ја направи да се потресе и стана голем земјо-
трес како кога Павел се молел во пранги, и од небото се задал
голем шум и прангите паднале, а тие што дотогаш биле затво-
рени, станале слободни ...“34
     И кога протераните Климент, Наум и Ангелариј се упатиле
по Дунав, според Теофилакт, отишле да се закрепат со храна и да
се одморат во едно село. Токму тогаш на стопанот од куќата во
која отседнале му починал единствениот син. Со нивната молба
на „ожалостениот татко жив му го предале синот“35.
     Чудотворноста на свети Наум позасилено почнува по него-
вото повлекување во изградениот манастир, со неговото посету-
вање и престојување во крајезерските пештери. Особено неговиот
култ се зацврстува со чудата што се случувале на неговиот гроб и
во неговиот манастир. Со нив станал популарен кај сето населе-
ние, без разлика на вера и народност, бидејќи тој на сите им по-
магал, само ако искрено му се молат.
     За брзото култивирање ликот на свети Наум зборува кано-
низирањето за светец набрзо по смртта и трите житија. Во XII век
   32
        Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, изд. Македонска
православна црква, Скопје, 1966, 96.
    33
       Станислав Краков во книгата Kroz Ju`nu Srbiju (Белград, 1926, 59)
пишува дека зборувал седум јазици.
    34
       Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, Скопје, 1966, 109.
    35
       На истото место, 114.
охридскиот архиепископ Константин Кавасила ја напишал на
грчки јазик службата за свети Наум. Подоцна таа е преведена на
црковнословенски јазик. Архимандритот Нектариј ја преведе и ја
објави на современ македонски литературен јазик во алманахот
„Светиклиментово слово“ за 1998 година. Во оваа служба свети
Наум се нарекува „ѕвезда божествена“, „мизиски светилник“, кој
не им дал дремка на неговите очи. „Божествениот Наум на јеро-
монахот Климент му помагаше, кој кај народот мизиски дојде и
сиот го освети со светите проповеди...“36 Посебно во службата е
акцентирана чудотворната моќ на свети Наум и на неговиот гроб.
Оваа служба и сега се служи на денот на свети Наум во два дела:
вечерна и утрена.
      Покрај преку годината, манастирот најмногу верници го по-
сетуваат на патрониот празник. Порано панаѓурот се одржувал на
денот на неговата смрт, на 23 декември, односно на 5 јануари. Во
1727 година црковнонародниот собор решил ова празнување да
се префрли на 20 јуни/3 јули37. Причините за тоа се образложени
во пастирската посланица на охридскиот патријарх господин
Јоасаф II и Синодот од 14 архијереи од 21 мај 1728 година, чиј
целосен текст гласи:
      – Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустини-
јана, Охридски, и на цела Бугарија.
      На сите благочестиви и православни верници христијани од
нашиот апостолски трон на нашата православна архиепископија
Прва Јустинијана – Охридска, како духовните (кои се наоѓаат во
светиот каталог) така и мирјаните (кои се наоѓаат под светската
власт) чеда на Светиот Дух, највозљубени на нашата смиреност,
да биде на сите нас благодат, мир и милост од единствениот Бог и
цар и од нашата смиреност и од Светиот архијерејски синод, од
преосвештенствата, митрополитите, Богу возљубените епископи,
од Светиот Дух, возљубени наши браќа и сослужители, апостол-
ска молитва, благослов и опростување.
      Сите свети празници од соборната и апостолска црква на
Богочовекот Емануилот и Спасителот наш Исус Христос, вистин-
    36
        Службата на свети Наум е објавена во алманахот Светиклиментово
слово, 2006, 18 – 33, во превод од црковнословенски јазик на архимандрит
Нектариј.
     37
        И в а н, С н е г а р о в, ИсториÉ на Охридската АрхиепископиÉ, СофиÉ,
т. 2, 1995, 293), според германскиот византолог Гелцер, вели дека во 1727 г.
Било донесено ова решение.
скиот Бог, се делат на два [вида] – Господски и Богородични, ка-
ко и на празници на останатите светии, светители, маченици, пре-
подобни и праведни, т.е. колку би се случиле, од коишто едни се
викаат подвижни, други неподвижни, според мнението на право-
славните и мудри наши учители; и неподвижни се викаат оние
што не е можно да примат никаква промена и преместување на
празнувањето на нивниот свет ден. Но според тоа како се викани
од почетокот од пресветителната благодат на Светиот Дух, така
има да останат непреместливи и непроменети исто и празниците
на Рождество Христово, на свето Богојавление, на Сретение Го-
сподово, на Светото Воскресение, Преполовение на Педесетни-
цата, Светото Вознесение, Светата Педесетница и најпосле на
Сите Свети. Другите празници се викаат подвижни, т.е. промен-
ливи зашто се променуваат и се преместуваат од нивните празну-
вања во друг ден без да има некаква пречка или грешка во нашата
чиста и непорочна вера на христијаните, како што гледаме дека
станале преместувања..., т.е. празникот на свети Јован Златоуст
што паѓа да биде и да се празнува на 14 септрември (зашто во тој
ден се успа во Господа светецот и за свеченото воздвижување на
чесниот и животворниот крст се премести на 13 ноември и како
последованието (аколутијата) на великиот Канон... неделата од
светата и велика Четириесетница; кога во текот на неа... [ќе] се
случи некогаш празникот на Благовештение, речиси, и страшното
преображение на нашиот Господ којшто станува...
     И за сверствените и за исцелителните страдања Господови.
(Има забелешка во текстот, во која се вели: „Треба да има некоја погрешка при
препишувањето“.) И кога ќе се совпадне празникот Благовештение
со Велики петок или со Велика сабота, се преместува, се сопраз-
нува и службата му се истава во неделниот ден од светото Хри-
стово Воскресение, ретко се поместува празникот на светиот и
славниот велемаченик Георгија Победоносец, но ако се случи да
падне на Велики петок или на Велика сабота, или на истиот ден
од светата Пасха, се преместува и му се пее во понеделникот (по
првиот ден од Воскр. Хр.) од светлата недела.
     Заради тоа, нашата смиреност, врз основа на општото сино-
дално мислење на преосвештенствата, митрополитите, на богу-
возљубените епископи, свештеници и клирици, чесните архонти
од потчинетите на нашот апостолски трон и сообразувајќи се со
обичајот на Црквата и согледувајќи и запазувајќи ја таа стара
традиција дека за најдобро и најредовно ќе биде да може црков-
ната традиција некогаш да се премести без да стане од канонско
име погрешка, најде благословено за веселиот и радосниот праз-
ник и свеченоста на преподобниот и богоносниот наш отец Наум
Чудотворец, наоѓајќи се близу до границите на нашата света
Охридска архиепископија заради повеќе радост и слава на инте-
лектуалната и светлосната ѕвезда на Црквата и заради други раз-
ни околности, да се премести од 23 декември и празникот на
истиот светец отсега во иднина да станува на 20 јуни; од една
страна зашто тогаш времето е зимно и поради мачнотиите од
времето и зимските неприлики не можат никогаш да се насладу-
ваат од убавиот празник на светецот, а од друга страна и најваж-
ното е дека празникот на преподобниот и богоносниот наш отец
Наум Чудотворец, се случи, меѓу другото, да биде во предвечер-
ните денови на Рождеството Христово.
     Поради тие причини, секој од празникољупците христијани
ќе се поттикнува да отиде на поклонение на светецот и главно
поради тоа нешто се преместува празникот и панаѓурот на тој
светец од 23 декември... наредивме преку благодатта на Пресве-
тиот Дух да биде и временски да се празнува и да се прославува
прочуениот по многу чуда чудесниот и преподобниот Наум на 20
јуни. По мнение и решение на светите околу нас архијереи и
клирици и на сите христијани љубители на празниците. Поради
тоа и преку сегашната тукашна патријаршиска вула (I сигилиум)
и синодалното писмо што се соопштува на сите и насекаде, преку
панаѓурот на преподобниот и богоносниот наш Наум Чудотво-
рец, кој се наоѓа во Љубанишки Девол, се преместува и се пре-
мести од 23 декември за поголема слава и чест на светецот пора-
ди околностите што ги споменавме горе, да се слави и да се праз-
нува на 20 јуни.
     Затоа, којшто има ревносно и подобно благочестие кон све-
тијата нека тогаш се потруди секој од празникотљубивите хри-
стијани да се претстави како друг пророчки елен кај изворите во
чудата на светиот гроб каде што се наоѓаат неговите свети
останки и во високопочитуваниот храм, тој интелектуален и полн
со лекови извор за да земе благодат со душа и тело зашто чудата,
милостите и исцелувањата на преподобниот и богоносен наш
отец Наум Чудотворец толку бројно се многу што го надминуваат
и бројот на ѕвездите... Бидејќи е заштитник и помошник преку
сите денови на животот на секого и најголем покровител во
придобивање на вечното блаженство и на царството на нашиот
Господ Исус Христос..., чија благодат и бескрајна милост и со-
јузништво и молитвите на нашиот отец Наум Чудотворец да биде
со сите вас и нас. Амин.
     Лето Господово, 21 мај 1728 год.
    Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустинијана,
Охридски
    Костурски Hrisant, првопрестолен и сечесен
    Пелагониски Josif
    Тивериополски Kalinik
    Белеградски (или Бератски) Nikifor
    Едески (Воденски) Josif
    Драчки Nikita
    Дебарски и кичевски Danijl
    Преспански Teodosij
    Селасфорски (Ѕвездански) Grigorij
    Велешки Daniil
    Гребенски Teofan
    Корчански Gearasim
    Мегленски Antim
    Горенски и Мокренски (Гора и Мокра) Teodosij38.
      Забелешка. Д-р Лазар Мирковиќ (Sveti Naum Ohridski, Сремски
Карловци, 1924, 8), еден автор на стр. 555 од неговата книга, како и други
префрлувањето празнувањето на свети Наум го сврзуваат со посланица од 21
мај 1720 (други: 1740) година. Меѓутоа, хаотичната положба создадена со
свргнатиот архиеп. Филотеј не дозволувала веднаш по доаѓањето на архиеп.
Јоасаф да се зафати и со прашања од прослави. Од тие причини за точни ги
земаме 1727 година и посланицата од 21 мај 1728 година.
     И од 1728 година наваму панаѓурот во Sveti Naum се одр-
жува на 20 јуни / 3 јули. Тогаш од Охридско, Струшко, Ресенско
и од подалечните места не се оди, туку луѓето се селат во Sveti
Naum, користејќи ги сите превозни средства и пешки. До поста-
вувањето на строгата граница меѓу Кралството на СХС и Алба-
    38
       Текстот на Посланицата го презедовме од Ohridski mitropoliski kodeks,
кој со г. Гоце Ангеличин Жура го објавивме во издание на Завод и Музеј –
Охрид, 2005. Трите точки се и во Кодексот. При преводот единствено збoрот
„клерици“ е заменат со „клирици“, бидејќи станува збор за православно духов-
ништво.
нија во 1925 година, и некоја година подоцна, во Sveti Naum
масовно доаѓале луѓе од поблискиот и од подалечнот дел на
Албанија. Доаѓале луѓе од Албанија и потоа, но помалу, бидејќи
границата се минувала со пасош.
      За време на окупацијата (1941 – 1944) можеле луѓето од
Албанија да доаѓаат, но поради воените настани ретко се доаѓало.
Масовно посетување на манастирот Sveti Naum и од населението
на Албанија имало и од 1945 до 1947 година. За тоа посебна
заслуга му припаѓа на Охридскиот окружен народно-ослободите-
лен одбор од Охрид. Тој на 5. VI 1945 година испратил писмо бр.
3724 до Министерството за внатрешни работи во Скопје со след-
ната содржина:
      „Како и секоја така и ова година ќе се прославит патрониот
празник на манастир Св. Наум гр. Охрид на ден 3 јули о. г.
      На тој ден идат богомолци од сите краишта на државата
дури и од Албанија, зато Ви молиме за ходатејството пред Глав-
ниот Штаб на Македонија да се разрешит на Албанците прелаз
преку границата за тој ден“39.
      Министерството за внатрешни работи на Демократска Фе-
дерална Македонија со писмо бр. 3292 од 14. VI 1945 година го
дало следниот одговор:
      „Во врска со писмото на Окол. Н. Одбор – Охрид, бр. 3724
от 5. VI. 1945 г. Министерството за внатрешни работи разрешава
на богомолците – Албанските државлйани да на 3 йули т. г. т.е.
на патрониот празник на манастирот Sv. Naum во Охрид, минават
слободно границата – Sv. Naum – Подградец“40.
      За решението на Министерството за внатрешни работи на
ДФМ Окружниот НОО – Охрид ги известил: одговорното лице на
ОЗНА и Царинарницата во Охрид (писмо бр. 4215/29. VI 1945),
манастирот Sveti Naum (бр. 4090/19. VI 1945), Околиските НОО
во Охрид, Струга и Дебар (бр. 504/19. VI 1945), а Околискиот
НОО – Охрид своите општински одбори ги известил со содр-
жината на добиеното писмо од Окружниот одбор со писмо бр.
4215 на 23. VI 1945 година, завршувајќи го со паролата: „Да жи-
вит победата над фашизмот“41 како јасно укажување дека оваа и
   39
       Историски архив – Охрид, фонд Околиски народен одбор – Секрета-
ријат, 1945.
    40
       На истото место.
    41
       На истото место.
следните славја и на свети Наум ќе бидат благодарение на уче-
ството на народот од двете соседни држави во победоносната
антифашистичка војна.
     Учесниците на панаѓурот во 1945 година велат дека бил не-
запомнат по масовната присутност на луѓе од Албанија. Така
било и следните две години, а посебно 1946. Тие незаборавни и
благородни средби на луѓето од двете земји од регионот на мана-
стирот Sveti Naum се прекинаа во 1948 година поради Информ-
бировската резолуција.
     Култот на свети Наум е присутен во фреското сликарство,
во иконописот и на печатите од манастирот.
     Портретот на свети Наум во уметноста до крајот на XVII
век поретко се среќава. Неговиот пробив во повеќе балкански
средини е од XVII век. „Првите позначајни откритија на Наумо-
вите портрети во монументалниот живопис, во иконописот и от-
печатоците на печатите со неговиот лик, покажуваат дека Наумо-
вото пошироко присуство во средновековната уметност може да
се следи дури од XVI век“42. Ликот на свети Наум е застапен на
литиската икона, во Sv. Sofija, во пештерната црква Zaum (Bo-
gorodica Zaumska), па на една икона во црквата Sv. Bogorodica
Bolni~ka, во живописот на црквата Mal Sv. Kliment.

                   Svetite Sedmo~islenici, priprata, 1806.


     „Најрепрезентатавно дело со ликот на Наум од овој период
е, секако, иконата од црквата Sv. Bogorodica-Perivlepta, насли-
кана како пандан на Климентовиот лик, врвно дело на охридските
работилници на иконописот“43. Портретот на свети Наум е заста-
пен во композицијата Sedmo~islenicite на Сливничкиот мана-
стир. Култот и чудата на свети Наум најсестрано се застапени во
втората зона на гробниот параклис во манастирската црква Sveti
Naum,44 каде што е присутен и во иконостасот45.
    42
       Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Портрети на светителите од Македонија од
IX–XVIII век, Скопје, 1983, 106.
    43
       На истото место, 110.
    44
       Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Живописот на гробниот параклис на Свети
Наум Охридски, зборник „Наум охридски“, изд. ИА, Охрид, 1985, 85–97.
    45
       Д и м и т а р Ќ о р н а к о в, Иконостасот во црквата Sveti Naum,
зборник „Наум Охридски“, ИА, Охрид, 1985, 111–115.
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski
Sv. naum ohridski

Weitere ähnliche Inhalte

Was ist angesagt?

Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_veza
Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_vezaHemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_veza
Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_vezaNašaŠkola.Net
 
Biologija, Sove
Biologija, SoveBiologija, Sove
Biologija, SoveSara Mimic
 
Ph vrednost
Ph vrednostPh vrednost
Ph vrednostvvlivvli
 
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знања
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знањаМесто језика у људском друштву- Сарадњом до знања
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знањаdanijelaboka
 
Transport goriva
Transport gorivaTransport goriva
Transport gorivaigoriv
 
Internet
InternetInternet
Internetbbilja
 
WordPress za početnike
WordPress za početnikeWordPress za početnike
WordPress za početnikeDejanVesic
 
Opst plan na gradba na digestiven sistem
Opst plan na gradba na digestiven sistemOpst plan na gradba na digestiven sistem
Opst plan na gradba na digestiven sistemAleksandar Arsovski
 
династија обреновића
династија обреновићадинастија обреновића
династија обреновићаTozaNS
 
рим вечният град
рим   вечният градрим   вечният град
рим вечният градMilena Petkova
 
Biološki važna organska jedinjenja ugljeni hidrati
Biološki važna organska jedinjenja  ugljeni hidratiBiološki važna organska jedinjenja  ugljeni hidrati
Biološki važna organska jedinjenja ugljeni hidratiBiljana Ristic
 
Vesna markovic corovic engleski jezik priprema za licencu
Vesna markovic corovic   engleski jezik priprema za licencuVesna markovic corovic   engleski jezik priprema za licencu
Vesna markovic corovic engleski jezik priprema za licencuvladimir markovic
 
Republika Slovačka
Republika SlovačkaRepublika Slovačka
Republika Slovačkatanjamz
 
Pочетак буне на дахије 8/1
Pочетак буне на дахије 8/1Pочетак буне на дахије 8/1
Pочетак буне на дахије 8/1Ивана Цекић
 

Was ist angesagt? (20)

Soli
SoliSoli
Soli
 
Врсте речи
Врсте речиВрсте речи
Врсте речи
 
UGLJOVODONICI
UGLJOVODONICI UGLJOVODONICI
UGLJOVODONICI
 
Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_veza
Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_vezaHemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_veza
Hemija r1 hemijska_veza_molekuli_i_kristali_zadaci_za_vezbanje_hemijska_veza
 
Biologija, Sove
Biologija, SoveBiologija, Sove
Biologija, Sove
 
Ph vrednost
Ph vrednostPh vrednost
Ph vrednost
 
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знања
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знањаМесто језика у људском друштву- Сарадњом до знања
Место језика у људском друштву- Сарадњом до знања
 
Saradnja sa roditeljima
Saradnja sa roditeljimaSaradnja sa roditeljima
Saradnja sa roditeljima
 
Transport goriva
Transport gorivaTransport goriva
Transport goriva
 
Internet
InternetInternet
Internet
 
Knjizevnost od-5-do-8-razreda
Knjizevnost od-5-do-8-razredaKnjizevnost od-5-do-8-razreda
Knjizevnost od-5-do-8-razreda
 
WordPress za početnike
WordPress za početnikeWordPress za početnike
WordPress za početnike
 
Opst plan na gradba na digestiven sistem
Opst plan na gradba na digestiven sistemOpst plan na gradba na digestiven sistem
Opst plan na gradba na digestiven sistem
 
династија обреновића
династија обреновићадинастија обреновића
династија обреновића
 
рим вечният град
рим   вечният градрим   вечният град
рим вечният град
 
Biološki važna organska jedinjenja ugljeni hidrati
Biološki važna organska jedinjenja  ugljeni hidratiBiološki važna organska jedinjenja  ugljeni hidrati
Biološki važna organska jedinjenja ugljeni hidrati
 
Vesna markovic corovic engleski jezik priprema za licencu
Vesna markovic corovic   engleski jezik priprema za licencuVesna markovic corovic   engleski jezik priprema za licencu
Vesna markovic corovic engleski jezik priprema za licencu
 
Северняшка фолклорна област.pptx
Северняшка фолклорна област.pptxСеверняшка фолклорна област.pptx
Северняшка фолклорна област.pptx
 
Republika Slovačka
Republika SlovačkaRepublika Slovačka
Republika Slovačka
 
Pочетак буне на дахије 8/1
Pочетак буне на дахије 8/1Pочетак буне на дахије 8/1
Pочетак буне на дахије 8/1
 

Ähnlich wie Sv. naum ohridski

Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptx
Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptxСв.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptx
Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptxToniKotaleski1
 
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptx
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptxСвети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptx
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptxNikitaMitevski
 
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...orisogn
 
CВ. Кирил и Методиј
CВ. Кирил и МетодијCВ. Кирил и Методиј
CВ. Кирил и МетодијMonika Pahumi
 
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 одд
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 оддНаучи повеќе-Александар Додевски VII-3 одд
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 оддKaterina Ivanova
 
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и ПоезијаМакедонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезијаparaskeva21061966
 
мојата татковина Filip
мојата татковина Filipмојата татковина Filip
мојата татковина FilipSuzana Mladenova
 
мојата татковина република македонија ок-Ivo
мојата татковина република македонија ок-Ivoмојата татковина република македонија ок-Ivo
мојата татковина република македонија ок-IvoSuzana Mladenova
 
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!Stojance Panov
 
Prerodba i kultura vo Makedonija
Prerodba i kultura vo MakedonijaPrerodba i kultura vo Makedonija
Prerodba i kultura vo Makedonijadarkodare007
 
периодизација на македонското минато I дел
периодизација  на македонското минато I делпериодизација  на македонското минато I дел
периодизација на македонското минато I делbrane71
 
УБАВИНИ НА Скопје.pptx
УБАВИНИ НА Скопје.pptxУБАВИНИ НА Скопје.pptx
УБАВИНИ НА Скопје.pptxssuserc942b6
 
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.kibicer
 

Ähnlich wie Sv. naum ohridski (15)

Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptx
Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptxСв.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptx
Св.Климент Ohridski Ohrid Ohridsko .pptx
 
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptx
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptxСвети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptx
Свети Кирил и Методи - Nikita Mitevski.pptx
 
Vremeto na-slovenskite-prosvetiteli
Vremeto na-slovenskite-prosvetiteliVremeto na-slovenskite-prosvetiteli
Vremeto na-slovenskite-prosvetiteli
 
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
Tasko%20 drume%20belcev%20 %20macedonia%209%20milleniums%20of%20writing%20civ...
 
CВ. Кирил и Методиј
CВ. Кирил и МетодијCВ. Кирил и Методиј
CВ. Кирил и Методиј
 
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 одд
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 оддНаучи повеќе-Александар Додевски VII-3 одд
Научи повеќе-Александар Додевски VII-3 одд
 
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и ПоезијаМакедонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
Македонскиот 19 век Македонска Проза и Поезија
 
мојата татковина Filip
мојата татковина Filipмојата татковина Filip
мојата татковина Filip
 
мојата татковина република македонија ок-Ivo
мојата татковина република македонија ок-Ivoмојата татковина република македонија ок-Ivo
мојата татковина република македонија ок-Ivo
 
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!
Александар ДОНСКИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!
 
Prerodba i kultura vo Makedonija
Prerodba i kultura vo MakedonijaPrerodba i kultura vo Makedonija
Prerodba i kultura vo Makedonija
 
периодизација на македонското минато I дел
периодизација  на македонското минато I делпериодизација  на македонското минато I дел
периодизација на македонското минато I дел
 
St. Nicholas
St. NicholasSt. Nicholas
St. Nicholas
 
УБАВИНИ НА Скопје.pptx
УБАВИНИ НА Скопје.pptxУБАВИНИ НА Скопје.pptx
УБАВИНИ НА Скопје.pptx
 
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.
Materijalna kultura vo Makedonija VI - IV vek pr. Hr.
 

Sv. naum ohridski

  • 1. КОН ВТОРОВО ИЗДАНИЕ Манастирот Свети Наум на јужниот брег од Охрид- ското Езеро е од исклучително значење за населението од двете страни на границата, за МПЦ и воопшто за христијанството. Неговиот основоположник, свети Наум, е најголемиот, најпознатиот чудотворец од X век до денес. Тој еднакво е почитуван од сите луѓе, без раз- лика на вера и народност зашто на сите им помага, ако искрено му се молат. Свети Наум со своите чуда бил познат уште за време на земниот живот, но тие се небројни по него- вото блаженоупокоение. Охридскиот архиепископ Јоасаф II (1719-1745) ве- ли дека чудата на свети Наум биле побројни од ѕвез- дите на небото. Меѓутоа, бидејќи не биле забележани, отишле во заборав. Во 2005 година се објави книгата Чудата на свети Наум со 154 записи за чуда на свети Наум. Таа се ис- црпи, па се појавува ова издание со доста дополну- вања. Чуда на свети Наум постојано се случуваат секаде каде што се чествува Чудотворецот, а најмногу во ма- настирот што тој го подигнал. Никогаш и никој не може да рече: „Овие се, други чуда нема на свети Наум“. Чуда на свети Наум ќе се случуваат постојано зашто тој е жив светец. Второво издание на Чудата на свети Наум донесува 107 нови записи што, главно, се забележани од инфор- матори кои лично ги доживеале. Вкупново книгава има 261 записи за чуда на свети Наум, од кои 211 ги имаме забележано од 1988 година досега. Доста чуда на свети Наум се сврзани со храмот што му е посветен во Битола. Во циклусот Битолски об- раќања, во кој се поместени 94 писмени обраќања кон свети Наум преку неговите храмови во Охрид и во Би- тола. За појавувањето на второво издание на книгата Чудата на свети Наум им изразуваме благодарност на сите информатори, на сите коишто ни ги посочија нив, на протојереј Митре Попоски за компјутерско-технич- кото уредување, на ценетите рецензенти Неговото Висо- копреподобие Архимандрит Нектариј и д-р Марко Китес- ки, на Издавачот, а посебно на Неговото Високопрео- свештенство г.г. Тимотеј. А в т о р о т
  • 2. СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ И НЕГОВИОТ КУЛТ Е ден од првите ученици на словенските првоучители светите Кирил и Методија, брат и сотрудник на свети Климент, бил свети Наум Охридски Чудотворец. Меѓутоа, за него малку се знае во науката, а повеќе од легендите, преданијата и кажувањата како чудотворец. Скоро нема труд за свети Климент во кој да не се споменува свети Наум, но попатно или како дополнување на житието на свети Климент, т.е. во давањето на информација што станало со охридскиот литера- турен и правописен, просветно-културен центар по назначу- вањето на свети Климент за епископ. Секогаш се третирал вто- ростепено и останал во сенка на свети Климент. Целосно посветен труд на свети Наум е Sveti Naum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924, стр. 1–33), писателот и научникот д-р Лазо Каровски ја објави романизираната биографија Naum Ohridski (Скопје, 1977), а Историскиот архив од Охрид во 1985 година го објави зборникот Naum Ohridski. По повод 1100-годишнината од хиротонисувањето на св. Климент за епископ и доаѓањето на св. Наум во Охрид, во 1993 година, се одржа научен симпозиум во организација на МПЦ − Дебарско-кичевска и Брегалничка епархија. Зборникот од тие ма- теријали се објави во 1995 година. Во организација на МПЦ – Дебраско-кичевска епархија и на Филолошкиот факултет се одржа симпозиум по повод 1100-годишнината од подигнувањето на манастирот Sveti Naum во 2005 година. Материјалите од симпозиумот се објавија во 2006 година. На двата симпозиума се изнесоа нови сознанија и понови видувања и за дејноста на св. Наум. За манастирот Sv. Naum акад. Цветан Грозданов во 1995 година објави монографија (II изд. 2004), а во 1987 година д-р Антоние Николовски ја публикува малата туристичка монографија Manastirot Sveti Naum Ohridski. Главните извори за животот и делото на свети Наум се три житија за него од негови, и Светиклиментови, анонимни ученици и Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski од Теофилакт. Првото житие за свети Наум е од десеттиот век. Него прв го пронашол Јордан Иванов кон крајот на 1906 година во Зограф-
  • 3. скиот манастир, во прологот бр. 47, во препис од XV век на попот Иван Милошев и неговиот брат Никола од с. Пископие, Дебар- ско. На овој ракопис Јордан Иванов им укажал на руските сла- висти П. А. Лавров и Г. А. Илински во летото на 1907 година при средбата во Зографскиот манастир. Ова житие во 1908 година го објавиле Јордан Иванов1 и П. А. Лавров2. Второто житие за свети Наум е грчко. Првпат е печатено во Венеција во 1695 година, а потоа во 1741/2 година е печатено во Moskopolskata akolutija како синаксар со службата за свети Наум. И житието, и службата се од XIII век, а за нивни автор се посочува охридскиот архиепископ Константин Кавасилас3. Прв- пат ова житие, и службата, се објавени во Moskopolskata ako- lutija што е печатена на сметка од манастирот Sveti Naum во москополската грчка печатница, во која биле собрани житијата и каноните на светците кои најмногу биле славени во Македонија, а посебно околу Охридското Езеро (светиите: Климент, Наум, мач. Никодим, Седмочислениците, 15 маченици од Тиверија / Струмица/, Јован Владимир и Еразмо)4. Третото житие за свети Наум е најдено во еден препис, во зборник од XVI век, откриен од велешкиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот, кој му го дал на П. Среќковиќ, а прв- пат го објавил Љуба Ковачевиќ во трудот Nekoliko priloga za crkvenu i politi~ku istoriju Ju`nih Slovena5. Ова житие, веро- јатно, е препис од грчки јазик или е компилација по грчки из- вори6. 1 П р о ф. ˛ о р д а н Å И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ, СофиÉ 1908. 2 П. А. Л а в р о в, ЖитиÉ св. Наума Охридского и служба ему, ИзвÓстиÉ отд. рус. Éз. и слов. XII, кн. 4. 3 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски, зборник „Наум Охридски“, Историски архив – Охрид, Охрид, 1985, 17; Д-р Лазар Мирковиќ во студијата Sveti Naum Ohridski, Сремски Карловци, 1924, стр. 12, пишува: „Ово житије је писмени састав охридских архијепископа 13. столеØа, јер се налази у службу која је писана у 13. столећу“. 4 За москополската аколутија пишувале: Стојан Новаковиќ („Први основи словенске књижевности међу балканским Словенима“, стр. 239–244), Ф. Миклошич (Vita S. Klementis episkopi Bulgarorum, Vinol, 1847, p. VIII – IX), д- р Лазар Мирковиќ („Свети Наум Охридски“, Сремски Карловци, 1924, 12-17). 5 П р о ф. ˛ о р д а н ъ, И в а н о в ъ, Български старини изъ МакедониÉ, Софија, 1931, 311. 6 На истото место, 312.
  • 4. Од трите житија, од Op{irniot `ivotopis na sveti Kliment Ohridski и од другите досега познати извори и постојната достапна литература делумно се добива поопширна претстава за свети Наум Охридски Чудотворец. Т очно кога и каде е роден свети Наум Охридски, како и свети Климент, не се знае. Се претпоставува дека свети Наум (како и свети Климент) е роден околу 830 г. во југозападна Македонија, во Солунската тема. Според Vtoroto slovensko `itie na сveti Naum, произлегувал од благородни и богати родители, но се откажал од благородството и од богат- ството и им се приклучил на рамноапостолите Константин Филозоф и на неговиот брат Методија7. Тоа укажува дека свети Наум бил ученик на првоучителите Кирил и Методија уште во Солун и дека заедно со нив бил во Моравската мисија. Во мисионерската дејност на свети Кирил и свети Методија во Моравија и Панонија е вткана, составен дел е и дејноста на свети Наум8. Особено ученоста и познавањето на многу јазици на свети Наум дошло до израз при престојот со сво- ите учители во Рим9. По смртта на свети Методија (885), неговите ученици се нашле во голема немилост: повеќето биле продавани како робо- ви, највидните, меѓу кои и свети Наум, биле затворени, а потоа – протерани. Влечејќи ги родниот крај, Методиевите ученици Кли- мент, Наум и Ангелариј се упатиле на југ. Преживеале многу не- згоди и тешкотии додека кон крајот на 886 година не дошле во Белград, кој тогаш бил во составот на Бугарија. Управникот на Белград, тројцата ученици на светите првоучители ги упатил кај својот кнез во бугарската престолнина Преслав. Бугарскиот кнез Борис срдечно ги пречекал. Извесно време Климент и Наум биле 7 На свечениот собир на Скопскиот универзитет по повод 1050–годиш- нината од смртта на sвети Климент на 11. IX 1966 година во Охрид слове- нечкиот академик Братко Крефт, меѓу другото, истакна: „Несомнено е дека Климент заедно со Наум и со своите учители Кирил и Методиј, коишто од истата стара Македонија тргнаа на просветителскиот пат за словенските народи...“ (Spomenica Kliment Ohridski 916–1966, Охрид, 9–12 септември 1966, 52). 8 Свети Климент и свети Наум се „Охридски“ зашто Охрид го издигнале на пиедестал од светско значење, станале охридски култови, охридска препознатливост. Меѓутоа, свети Наум најмногу е познат како – Чудотворец. 9 Д-р Ј у с т и н С п. П о п о в и Ø, Житија светих, Београд, 1977, 692.
  • 5. гости кај сампсисот Есхач. По извесно време, во 886 година, Кли- мент бил испратен во областа Кутмичевица во скороосвоената Македонија, а Наум бил задржан во Преслав. За испраќањето на свети Климент во Кутмичевица има не- колку хипотези во науката. Интересно искажување на оваа тема сретнавме кај Ѓорѓи Киселинов во предговорот на еден ракописен труд10. Тој тоа го објаснува со моменталните бугарски интереси и со карактерот на свети Климент и на свети Наум и ја дава след- ната споредба: „Свети Климент бил висок и полн, мошне претставителен, кој само со својата надворешност влевал почит и уважување кај неговите непријатели, како што вели житието на свети Климент. Свети Наум бил висок, слаб и сув, со мала четвртеста глава и долга заокруглена брада. Свети Климент бил начитан, надарен со дарот на зборот, зборлив; мислите слободно му течеле од устата и како мед паѓале во душите на слушателите. Притоа бил и многу трудољубив и енергичен. Свети Наум, спротивно, бил контемпла- тивен, длабокомислен. Малку зборувал, а многу размислувал. И затоа во неговите зборови имало многу мудрост. Со други зборови, свети Наум бил затворен во себеси, по- веќето време го минувал во молитви, во размислување за духов- ниот живот, за Господа и за Господовите дела. Тој факт, таа стра- на на карактерот на двајцата словенски просветители може да ни каже зошто кнезот Борис, откако се уверил во личните особини на секого од нив, се решил Климента да го испрати во Западна Македонија и Јужна Албанија за со неговата културно-просветна и религиозна дејност да ги приклучи тие земји кон Бугарското царство, а свети Наум го задржал кај себе како советник и кул- турен деец во Преслав“. Во Преслав свети Наум работел седум години (886–893). Таму го проповедал делото и духот на своите учители. Ја ширел писменоста, оспособувал свештеници, го објаснувал и го толку- вал Svetoto pismo и творбите на светите отци, а поинтелигент- ните, поспособните ученици и соработници ги поттикнувал да препишувуваат и да создаваат свои дела. Меѓу таквите бил пре- 10 Г. Я. К и с е л и н о в Å, ТÅржество на старобÅлгарскиÉ духÅ надÅ времето и надÅ грабителитÓ(Свети Наум Охридски), 17 − VI − 44 г., Скопие, ракопис во оставината на авторот на кој определбата „старобÅлгарскиÉ“ е прецртана со молив и над неа е напишано „славÉнскиÉ“, а делот во заграда со стрелка е покажан дека треба да дојде најгоре под името на авторот.
  • 6. звитер Константин Брегалнички, кој во предговорот на неговото Pou~itelno evangelie, по мислата на Григориј Богослов дека е добро секогаш од Бога создадените и до Бога да завршат и наве- дува други библиски сентенции, пишува: „Поради тоа и јас, скром- ниот Константан, убеден во тоа од твоите молби, брате Науме, и споменатите горе заповеди, се преклонив пред твоето смире- ние“11. Свети Наум во Преслав, како што вели Ѓорѓи Киселинов, „играл улога и на дворски советник, прво кај кнезот Борис, а по- доцна кај царот Симеон“12. Кога во 893 година свети Климент бил назначен за епископ на Древница и Белица13, во областа Кутмичевица, во охридскиот литературен, просветно-културен центар го заменил свети Наум. За оваа замена, т. е. за дејноста на свети Наум до крајот на жи- вотот се зборува во Prvoto slovensko `itie na sveti Naum. Од кусиот текст на Prvoto slovensko `itie na sveti Naum се гледа дека тоа било напишано од ученик на светите Климент и Наум, кој на тоа бил поттикнат од епископот на Деволската епархија Марко. Пред ова житие авторот напишал житие за свети Климент. Двете житија биле напишани набрзо по смртта на свети Наум и свети Климент, и тоа според она што го чул од светиите и што го видел тој лично како нивни ученик. Меѓутоа, поради нивната скромност, доста поединости од нивниот живот и од нивната дејност останале непознати. Свети Наум во Кутмичевица целосно ја презел и ја продол- жил дејноста на свети Климент. Тој изградил манастир посветен на светите архангели Михаил и Гаврил. Изградбата иа манасти- рот во Vtoroto slovensko `itie na sveti Naum се сврзува со 905 година. Свеченото пуштање во служба/осветувањето на Све- тинаумовиот манастир го извршил епископот свети Климент, ко- га тој ја одржал својата беседа, напишана во врска со изградбата на Наумовиот манастир и неговата дедикција на светите архан- гели, под наслов Pofalnoto slovo na bestelesnite Mihail i 11 Д и м и т а р Ш о п о в, Две поетски творби на Константин Брегалнички за епохалното дело на словенските првоучители, зборник „Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски“, кн. 1, Скопје, 1970, 282. 12 Ѓ о р ѓ и К и с е л и н о в, цитираниот ракопис. 13 Д-р Стојан Ристески, Белички светости, „Ирис“, Струга, 2008, 34-35..
  • 7. Gavril14. По изградбата на манастирот, свети Наум, кој како свештеник дошол од Моравија, се замонашил и се повлекол во него сè до крајот на животот на 23 декември 910 тодина (стар стил), кога во вечниот дом во манастирот бил положен од свети Климент. Првото Светинаумово житие, покрај значајните податоци за судбината и на другите ученици на првоучителите Кирил и Ме- тодија, уште во почетокот („Еве браќа, да не остане без спомен, брат му на блажениот Климента и негов содругар и сострадал- ник...“) дава податок од кој во науката се појави мислење дека свети Наум и свети Климент биле родени браќа. Меѓу првите на тоа укажале П. А. Лавров и Н. Л. Туницкиј, а потоа и многу дру- ги. Како родени браќа свети Климент и свети Наум се прикажани и во романизираната биографија Naum Ohridski од Лазо Каров- ски. Тој заклучок се изведува од фактот што, според каноните, различните по свештенички чин (епископ и презвитер) не можат да се наречат „браќа“, освен ако не се родени браќа. Грчкото житие податоците за свети Наум повеќе ги прика- жува легендарно, а некои податоци се историски неточни, како: смртта на Кирила и Климента, првиот починал во длабока ста- рост, а вториот пред свети Наум. Дејноста на свети Наум спрема свети Климент ја споредува со Арон и Мојсеј, т. е. што му бил Арон на Мојсеј тоа му бил свети Наум на свети Климент. Поблиску до првото (словенското) житие е третото (второто словенско) по ред. И во него се даваат податоци за следењето на првоучителите, протерувањето и дејноста во Кутмичевица исто- риски е поточно, а завршува со констатацијата дека свети Наум умрел во длабока старост и неговото тело го положил со свои раце архијерејот Христов Климент во гробот на десната страна во неговиот храм, а Господ го прославил свети Наума со големи чу- да и исцелителна моќ15. 14 К л и м е н т О х р и д с к и, СÅбрани сÅчинениÉ, БАН, СофиÉ, 1970, 239, 240. 15 Коментари по житијата за свети Наум се даваат од сите нивни изданија, а најнов осврт направи д-р Радмила Угринова-Скаловска под наслов „Житијата на Наум Охридски“ во зборникот „Наум Охридски“ во издание на Историскиот архив од Охрид, Охрид, 1985, 13–16. Второто словенско житие за свети Наум е застапено во последниот дел од оваа книга.
  • 8. С вети Климент во охридскиот литературен и правописен, просветно-културен центар работел седум години (886 – 893). Исто толку, седум години (893 – 900), штом манасти- рот е изграден во 905 година, тогаш пет години подолго (893 – 905), во овој центар активно работел и свети Наум. Истата деј- ност и тој ја вршел, па во онаа бројка од 3500 ученици половина- та, ако не и повеќе, минале низ рацете на свети Наум. На тоа би требало да се внимава и тоа да се потенцира во науката. Со по- влекувањето во манастирот, свети Наум станал основоположник и на монаштвото во Македонија. Можеби причината за недоволното потенцирање на Свети- наумовото учество и придонес во просветно-културната дејност во охридскиот средновековен центар е поради неговата незаста- пеност во литературата. До скоро единствено се знаеше дека по наговорување на свети Наум презвитер Константин Брегалнички го напишал Pou~itelno evangelie. За да се поттикне друг треба самиот да си тоа. Тоа значи дека свети Наум пишувал, но до скоро под негово име не беше познато ниедно дело. Единствена беше присутна претпоставката дека делото/расправата O pisme- n'ÓhÅ е негово, т. е. дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие името на свети Наум Охридски. На тоа меѓу првите укажаа словачките научници Рајко Нахтигал и Франц Гривец, а потоа кон тој став се приклонија и повеќемина други научни работ- ници. Расправата O pismen'ÓhÅ (Za bukvite) е прва и најдобра на- учна одбрана на словенската писменост, одлично познавање на писмото воопшто. Кога се појавува оваа научна расправа, во која се вели дека „сèсуште се живи оние што ги виделе“ светите Кирил и Методија, единствено живи нивни најдобри ученици и следбеници во писмото биле Климент и Наум. „Сигурно е дека Наум, заедно со Климента и нивните ученици – со Охридската школа – стоел на чело на најголемата одбрана на целокупното дело на Кирила и Методија“16, па затоа Охридската литературна и правописна школа уште се нарекува „глаголашка“. Затоа авторот на O pismen'ÓhÅ треба да се бара меѓу творците на Охридскиот центар. По својата ученост и знаење на повеќе јазици, и писма, најпознат бил свети Наум и затоа со право се смета за автор на 16 Д у ш а н Г л у м а ц, Нешто за животот на Наум Охридски ..., 23.
  • 9. научната распара O pismen'ÓhÅ, т. е. дека „Црноризец Храбар“ е негов псевдоним. Хипотезите дека свети Наум бил и литературен творец ско- ро се обистинија. Имено, во Bratkoviot minej (XIII и XIV в.), кој се чува во Народната библиотека на Србија (сиг. Рс 647), се наоѓа Kanonot za apostol Andrej на свети Наум Охридски, чие име /авторство е дадено во акростихот17. Стефан Кожухаров во еден минеј на Зографскиот манастир го откри Kanon na apostol Andrej (XIII в.). Овој какон е поме- стен во службата за 30 ноември и содржи 32 тропари поделени во осум песни, чиј акростих гласи „Првоаго христова сла хвали нишчии Наоум“18. Се претпоставува дека ова дело на свети Наум Охридски настанало во 868 година кога, по посветувањето на словенските богослужбени книги од страна на папата Адријан II во Рим, требало да се изведе литургија на словенски јазик во повеќе цркви, меѓу кои и во црквата на апостолот Андреј. „Најве- ројатно, таа била побудата Наум да го напише споменатиот Ка- нон“19. Во 1985 година Стефан Кожухаров во рефератот „Пред- полагаеми произведениÓ на Наум Охридски“, поднесен на Четвр- тиот летен колоквиум по старобугаристика, зборува за две хим- нографски дела: Kanon za prenesuvaweto mo{tite na Jovan Zlatoust и Kanon za arhangel Mihail. И двете дела Стефан Кожухаров, врз основа на нивните правописни, јазични и други особености, смета дека се од свети Наум Охридски. Додека Kanonot za Jovan Zlatust е пронајден во минејот бр. 22 во збирка на Народната библиотека во Софија, Kanonot za arhan- gel Mihail се наоѓа во истиот минеј во којшто се наоѓа Kanonot za apostol Andrej на свети Наум. И двата ракописа се поврзани со големата писмена традиција20. Да се надеваме дека славистиката наскоро ќе се обогати уште со некое друго дело на свети Наум Охридски. 17 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, Фрагмент од поетската творба на Наум Охридски во Братковиот минеј, „Разгледи“, XXIX, 5–6, 1987, 576–577. 18 С т е ф а н К о ж у х а р о в, Песнeното творчество на старобÅлгарскиÉ книжовник Наум Охридски, Литературна историÉ, 1984, кн. 16, 6. 19 И л и ј а В е л е в, Поетот Наум Охридски, „Нова Македонија“, ХLI, 13854, 17. VIII 1985, 8. 20 Ѓ о р ѓ и П о п А т а н а с о в, цит., 578.
  • 10. К ога и кој го канонизирал свети Наум за светец не се знае. Меѓутоа, Prvoto slovensko `itie од X век сведочи дека свети Наум наскоро по неговата смрт во охридскиот крај бил почитуван како светец, па било потребно да му се напише житие, кое не е обично биографско-историско житие, ами хагио- графско, пишувано за светител, зашто во него св. Наум се наре- кува блажен, бидејќи авторот на ова житие заедно со епископот деволски Марко очекува со молитва и со милост на Климент и Наум да добие благослов и опростување на гревовите од Госпо- да“21. Во прилог на тоа зборува и стилизацијата на крајот на ова житие, која е како и стилизацијата на крајот на молитвите и псал- мите што им се упатуваат на светци. Свети Наум и свети Климент кон крајот на десеттиот век биле канонизирани за светии. Веќе во 919 година, во еден напис на Зографскиот манастир од XIV век, Климент бил вброен меѓу светците, а како таков се спомeнува и во Asemanovoto evangelie (XI в). Секако дека и свети Наум како таков бил славен, бидејќи nivniot kult odi paralelno i zaedno . Со тоа уште во десеттиот 22 век „било определено местото и значењето на овие народни вели- кани. Верувајќи во моќта на овие свои светии, народот полесно ги поднесувал искушенијата што условите и времето му го нало- жиле. Според народното а не владателското потекло, како и по учителско-просветителската и мисионерска дејност, Климент и Наум се издвојуваат од мнoгуте други светии. Тие не биле кнезови нити болјари, туку простосмртни луѓе излезени од народот и цел живот најтесно поврзани со него. Тие не живееле во моќ и луксуз туку во скромност и беда исто онака како што живееле и нивните сонародници. Климент и Наум се едни од најрано канонизираните светии (така, на пример, Кирил Солунски бил канонизиран дури во XIX век)“23. М 21 анастирот Sveti Naum се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Него го изградил свети Наум, посветувајќи им го на архистратезите Михаил и Д-р Л а з а р М и р к о в и Ø, Свети Наум Охридски, Сремски Карловци, 1924, 24. 22 На истото место, 25. 23 Д о н е И л и е в с к и, Автокефалноста на македонската православна црква, Скопје, 1972, 20.
  • 11. Гаврил, но набрзо по неговата смрт го добил неговото име. Црквата што ја изградил Наум била триконха, скоро идентична со црквата на свети Климент во Охрид, но подоцна била до темели урната. Денешната црква е изградена во турскиот период на темелите од Светинаумовата црква24. Потоа се изградувани придружните објекти. Економската положба на манастирот Sveti Naum во разни периоди била различна, но и страдал од разни пожари и во Пр- вата светска војна. Недвижниот имот околу манастирот и во дру- ги подрачја постојано се зголемувал по пат на купување или по- дарување по разни поводи и од разни побуди25. И другата стока била бројна. Така, во петтата деценија на XIX век манастирот Sveti Naum имал околу 8 000 овци, а негови чифлизи биле и селата Љубаништа, Појани и Стење26, од 1881 година и селото 24 Д и м ч е К о ц о, Проучувања и археолошки испитувања на црквата на манастирот Sv. Naum, „Зборник (1957–1958)“, изд. Археолошки музеј – Скопје, кн. II, Скопје, 1958, 78–80. 25 За Светинаумовата црква, за манастирските конаци и за економската моќ на манастирот подетална слика се дава во еден летопис пишуван на грчки јазик од Димитрија Петру што се чува во Историскиот архив – Охрид, фонд Масин (каде што е заведен како „Кодика од манастирот Sv. Naum / Дневник/ од Димитрија од 1855 год.“), в., зборник „Наум Охридски“, Охрид, изд. Историски архив – Охрид, 1985, 25–54. 26 Рускиот научник Виктор Григорович овие податоци ги наведува за 1845 година, а Иван Снегаров за 1848 година.
  • 12. Трпејца27, а големи приходи добивал од панаѓурот и од луѓе кои доаѓале преку годината на поклонение. Манастирот Sveti Naum бил важно жариште на просветата и културата уште за време на неговиот патрон, но како таков останал до најново време. Во манастирот Sveti Naum секогаш се водело сметка да се продолжува традицијата на својот патрон и на просветен план. Поради тоа во него редовно работело манастирско училиште, во кое во 1830 година учел и преродбеникот Димитар Миладинов. Училиштето го посетувале 20-30 ученици од поблиските, но и од подалечните места. Манастирот Sveti Naum располагал и со богата библиотека. Меѓутоа, од делувањето на разните пропаганди, односно припад- носта на игумените кон нив, многу словенски ракописи, од кои некои создадени тука, се уништени. Особено во тоа предничел грчкиот фанариот Дионисиј. Тој безмилосно ги горел словен- ските книги и словенските ракописи, за кое со горчина подоцна ќе се сеќава и тогашниот ученик Димитар Миладинов. Поради негрижата доста пишувани споменици се уништени и од забот на времето или се земени од разни посетители. 27 Во 1 881 година бил склучен договор со бегот што го држел селото Трпејца и манастирот Sv. Naum. Согласно овој договор, бегот на манастирот му го отстапил селото Трпејца за замена на манастирскиот имот во с. Поѓани, додавајќи манастирот 25 000 гроша, бидејќи имотот на бегот бил поголем (Ohrid i Ohridsko niz istorijata, II. Скопје, 1 978, 1 76). Според поседовниот лист бр. 47 на Катастарската општина Љубаништа, манастирот Sveti Naum во 1 937 година имал имот во површина од 2882 ха 7 а 78 м2. По ослободувањето, со аграрната реформа, скоро сиот имот на манастирот му бил одземен, освен црковните објекти, нивните дворови и неколку ниви околу нив. Одземениот имот прво го користела селската работна задруга (колективот) на с. Љубаништа, а по нејзиното расформирање го користи Земјоделската задруга „Горица“ од Охрид. На име од манастирот Sveti Naum во поседовниот лист бр. 47 во Геодетската управа – Охрид се води 2 површина од 4 ха 73 а 43 м , во која спаѓаат манастирските објекти и други црквички со нивните дворови и неколку ниви. Меѓутоа, на дел од оваа површина се наоѓа и воениот автокамп. Според катастарскиот документ бр. 3721 од 9. VII 1940 година, во КО Сти- пона, Ресенско, манастирот Sveti Naum имал имот во површина од 225 ха 57 а 2 47 м . Повеќе од 15 ха земја манастирот имал и во с. Белчишта, Охридско, што ја обработувале исполџии од истото село. Само околу 50 ха од имотот му се повратени на манастирот. За имотот во Белчишта ветено е обештетување, а со решение Бр. Дн. бр. 17-159/03 на 24. XI 2008 година од имотот во Стипона на манастирот Свети Наум му се вратени 194 ха 88 а и 2 м2, односно оклу 200 ха, главно планинска површина.
  • 13. При предавањето на старешинската должност на манастирот Sveti Naum на 7 март 1939 година протојерејот Стеван Ѓорѓевиќ на новиот старешина архимандритот Виктор Гиздавиќ му предал 238 наслови на книги и 15 канони и други правни акти од вкупен фонд 1073 примероци. Тоа не се некои битни изданија од духовно и културно-национално значење, набавени по Првата светска вој- на, но по 1944 година и нив ги нема. Сега архимандритот Некта- риј прави напори за оформување на манастирска библиотека, во кој племенит зафат треба помош и од пошироката средина. Значајно место и видна улога манастирот Sveti Naum имал во периодот на Преродбата и во подоцнежното национално-осло- бодително движење. Меѓу другото, во овој манастир со својата чета престојувал видниот социјалист и револуционер Никола Пе- тров Русински28. Поради големото историско-културно значење на манасти- рот Sveti Naum, по раскинот на Македонија по Балканските вој- ни, која трагедија е санкционирана и по Првата светска војна, по- чнала и дипломатска игра за неговата припадност: на Албанија или на Кралството СХС. Тоа траело од 1912 до 1925 година. Во докажувањето на словенскиот карактер (тогаш официјално: срп- скиот), на манастирот Sveti Naum се поосветлени и некои мо- менти од животот и делото на свети Наум. Тогаш се објавени бројни написи (меѓу кои од Славко Стојановиќ во „Нови живот“, кн. XXII, 1925, под наслов „Питање Св. Наума“; д-р Лазар Мир- ковиќ во „Гласник Српске Православне Патријаршије“, 1924) и книгите: Dokumenta o pitawu granice sa Albanijom kod manastira Sv. Nauma (во издание на Министерството за над- ворешни работи на Кралството на СХС, Белград, 1924), Sveti Naum Ohridski од д-р Лазар Мирковиќ (Сремски Карловци, 1924) и Paternik manastira29 svetoga Nauma од епископот охридски Николај (Скопје, 1925). По 1945 година, манастирот Sveti Naum веќе почна да не е тоа што бил. Во почетокот на 1946 година му се експроприрани 28 Н и к о л а П е т р о в Р у с и н с к и, Од моите спомени за Охридско- струшкиот револуционерен реон (1901 –1902) во редакција на д–р Стојан Ристески, изд. „Студентски збор“, Скопје, 1988, 74–75. 29 Делото Paterik manastira svetoga Nauma е застапено и во десеттата книга на собраните дела на епископот Велимировиќ (Химлестир, 1983, 749– 765).
  • 14. 88 ха и ѝ се дадени на Selskata rabotna zadruga од с. Љубани- шта (формирана на 1. X 1945), 96,5 ха со аграрната реформа им се доделени на 42 љубаништани. Одземен му е имотот во с. Белчи- шта, а во Стипона не можел да го користи. Од СРЗ на Љубаништа имотот го презеде ЗЗ „Горица“ од Охрид, која и денес го користи. Месната аграрна комисија од с. Љубаништа на Ѓурѓовден 1947 година го конфискувала и целиот подвижен имот на манастирот (инвентар, жито и жива стока). На 26 јули 1950 година Централниот завод за заштитување на културните споменици и природни реткости на Македонија со решение бр. 1028 одредува: „Се поставува под заштита на зако- нот културно-историскиот споменик црквата Sveti Naum со околните манастирски конаци“. Оттогаш манастирот не беше цр- ковен туку на државата. Републичкиот завод за заштита на спомениците на култу- рата го имаше под своја управа манастирот Sveti Naum до крајот на 1962 година. На 29. XII 1962 година Републичкиот завод му го предаде на Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата. Во решението бр. 02-35/1 од 12 март 1968 година на Општинскиот завод за заштита на спомениците на културата се вели дека манастирот е во сопственост на Собранието на општи- ната Охрид, а го користи Заводот за заштита на спомениците на културата – Охрид. Согласно ова решение, манастирот Sveti Naum има својство на споменик на културата со неговата не- посредна околина: „Дворното место на манастирот со конаците и трпезаријата до главната влезна врата“30. Иако под заштита на законот, манастирот беше незашти- тен31. Многу негативно се изразуваат за состојбата на манастирот 30 Двете решенија што се цитираат се користени од архивата на Завод и Музеј – Охрид. 31 На 25 февруари 1985 година од Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Охрид до надлежните органи е пријавена кражба на 13 икони од иконостасот на манастирската црква Sveti Naum, од кои 11 икони од верските празници и две икони од крстот на иконостасот. Кражбата е извршена во ноќта на 24 спроти 25 февруари 1985 година (во вечерните часови на 24. или во раните часови на 25 фревруари, на Прочка). За оваа кражба е известен и Интерпол, но од потерата досега нема конкретни резултати. Според сочувани фотографии, украдените икони се возобновени во 1993 година од Драган Ристески. Нивната изработка ја плати Министерството за култура на РМ. Таа година е изработен и мозаикот над влезната главна порта. Тој е поставен над постојната оштетена фреска. Автор: Драган Ристески.
  • 15. бројни посетители во книгата за впечатоци. Доста работи се не- повратно изгубени. Согласно решението бр. 25 – 212/1 од 24 јануари 1991 година Извршниот совет на СРМ на Црквата ѝ се вратија 19 сакарални објекти, меѓу кои и манастирот Sveti Naum. Неговото предавање се изврши на 3 април 1991 година. По добивањето клучовите на манастирот од претставникот на Заводот за заштита на спомениците на културата, митро- политот г.г. Тимотеј нив му ги предаде на јеремонахот Нектариј, поставувајќи го за старешина на манастирот, кој дотогаш беше референт во охридската Митрополија. На 19 мај 1991 година манастирот се преосвети. Јеремо- нахот Нектариј на празникот Свети Наум во 1992 година беше произведен во чин игумен. Со тоа стана прв игумен во Дебарско- кичевска епархија. Таа должност и сега ја врши, со тоа што на празникот во 1993 година беше произведен во звањето архиман- дрит. По 1948 година, односно по Информбировската резолуција, манастирот Sveti Naum спаѓаше во пограничната зона, па во него не се одеше на празникот, туку во црквата „Мал свети Димитрија“ во Охрид. За тие потреби во таа црква се донесе икона на свети Наум. И сега иконата се наоѓа таму. Оттогаш е традиција на празникот Свети Наум кои не можат да одат во манастирот да одат во оваа црква на поклонение на Чудотворецот. Подоцна скромно се почна со чествувањето на манастирот Sveti Naum. На Црквата ѝ беше дозволено да биде присутна, да врши богослужба, само на зимски Свети Наум (5. I) од 8 до 12 часот и на летен Свети Наум од 12 часот на 2 до 12 часот на 3 јули. По 1985/6 година имаше извесно попуштање, т.е. Црквата беше присутна во манастирот од утрото на 2 до пладне на 4 јули. И во дозволените термини, продавањето свеќи и др. беше од За- водот. Даренијата добиени на денот во почетокот се делеа наполу меѓу Црквата и Заводот. Потоа Црквата даренијата ги земаше добиени во термините кога ѝ беше дозволено да биде во манасти - рот, а од другиот дел на годината, официјално, ги земаше Заводот за заштита на спомениците на културата − Охрид. Од 1991 година досега во манастирот Sveti Naum, под ра- ководство на архимандритот Нектариј и надлежниот архијереј г.г. Тимотеј, е доста направено. Старите дотраени конаци од јужната
  • 16. страна се наново подигнати. Дадени му се на „Виомарк“ на кори- стење до исплатување/повраќање на вложените инвестиции. Во 2003/4 година се изгради конакот број 1, југозападниот дел. Во долниот дел има монашки келии, подрум, трпезарија за 80 души, а во горниот дел два салона од највисоко ниво и други простории. На источната страна од западниот конак, односно северно од манастирската црква е подигнат параклисот Свети Кирил и Методиј, над кој е камбанаријата, чии камбани се осветија на патрониот празник во 2005 година. При влезот во параклисот, на неговата јужна страна, има голема изложбено-продажна прос- торија на духовна литература и други манастриски реликвии. Ка- мен-темелникот на параклисот се освети и се постави на 9 сеп- тември 2004 година. Се работи на негово интериерно уредување за скорешно осветување. Под беспрекорната грижа на Неговото Високопреподобие Архимандрит отец Нектариј постојано нешто се работи во манастирот, се средува дворот и сета околина. Со ова темпо на работа во скора иднина манастрирскиот комплекс ќе пленува со својата среденост и убавина. Манастирот да заживее како што треба, архимандритот Нектариј ги истакнува следните неопходности: тргнување на рам- пата за слободно да можат да доаѓаат верниците до манастирот преку целата година, враќање на манастирскиот имот што е во Република Македонија и во Република Албанија, возобновување на старите конаци, возобновување на традицијата давање храна за сите посетители, подигнување трпезарија за две-тристотини души, изградба на голем паркинг-плац и поврзување на приодот со патот кон нашата царинарница за да можат посетителите како што доаѓаат така да заминуваат без никакви пречки, т.е. кружно движење со коли. За доста од овие неопхдности треба да покаже разбирање државата. O hridskiot mitropоliski kodeks дава значајни сознанија за минатото на Охрид. Тој е дојден до наши дни во препис на Александар К. Робе. Последниот дел е со наслов: „Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“. Под влија- ние на некои поранешни пишувања, во Kodeksot погрешно се предава смртта на свети Климент пред свети Наум. Знаејќи за овој пропуст, другото пишување за свети Наум го дополнува неговиот животопис, па затоа го предаваме во целост.
  • 17. – А пак пречесниот и преподобниот Наум, по смртта на св. Климент, повеќето време го мина во Девол, наспроти Охридското Езеро, недалеку од Љубаништа и таму кога го подигна од темел свето престојувалиште и црква во чест и во име на архангелите Михаил и Гаврил и на останатите бестелесни сили мина во аскет- ски и рамноангелски живот, раководејќи го народот со неговите премудри учења кон секое дело на добродетелство и богочес- тивост, избавувајќи од секаков стремеж кон лошотии и неправда, како и од искушение на искушителот ѓавол и поттикнувајќи и раководејќи ги сите кон правите и вистинските патишта на правдата, избавувајќи го народот од богомразната и богохулната ерес, јавувајќи се тогаш во онаа страна на Илирок, ересот на богомилите и масалјаните... го преживеа свето и богочестиво и по многу маки и борби што претера, замина кон небесниот награду- вач за борбата и плаќачот на надницата – Христос за да ги добие наградите за својот труд, оставајќи ни ги нам на духовните чеда своите свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на негови- от чудотворен гроб. Навистина, многу тешко им паѓа на сите историољупци не- знаењето хронологијата на смртта на преподобниот Наум зашто по неговата смрт не се зачува историја, бидејќи последователните потоа неглаткости и непрекидните немири, притоа и крајната неписменост во онаа позната темнина, само тоа се зачува каде што успението на нашиот преподобен и богољубив отец Наум Чудотворец стана на 23. ден од месец декември, како што се гледа во една книга напечатена на грчки во Венеција или аколу- тија (последование) со песни за св. Наум собрана заедно со оние од препознатливото на Имецет – Христовото рождество. Во Ohridskiot mitropoliski kodeks се регистрирани и некои зафати и настани во манастирот Sveti Naum од XIX век. Така, игуменот Стефан бил наследен од јеромонахот Динисиј, родом од Теодосиопол во Азија, на 10 декември 1809 година. За негово време во манастирот Sveti Naum, меѓу другото, било направено: – 1810 година се изградиле шталите и горните корчански одаи; – 1811 година се изградиле горните катови; – 1812 година се изградиле метохот и дуќанот во Корча;
  • 18. – 1813 година се изградиле двокатните чардаци на охриѓани и фурната; ресенските одаи, одаите на влашките челници, однос- но на чобанбашиите Лицадиоти и Самаринци; – 1815 година се изградиле чардакот на Ланга и кералот; – 1818 година до црквата се ископал бунарот со добиена по- мош од еден бег Албанец; – 1819 се изградиле чардаците и маѓерницата (кујната), како и постојните блиски згради; – 1827 година се изградиле големата одаја на аџи Симо и блиското кафе. Во ракописот се вели дека тоа се констатира од следниот натпис: „Оваа одаја се изгради со помош и трошоци на господин аџи Симо (Симеон), родом од село Моловишта, кој живее во Битола, за вечен спомен во времето на игуменот аџи господин Дионис“; – 1828 година се возобновил мостот до Охридското Езеро од Димитрија Булумбаши, од село Куртеш – Епир. Кога се направени овие зафати кнезувал (управувал) со Охрид Џеладин-бег, син на гази Ахмед-паша. Својот плоден (градежен) игуменски живот Дионисиј го завр- шил во април 1835 година, но остана познат уништувач на сло- венските книги. Од 1835 до 1843 година бил купен чифлигот во Љубаништа за 40 000 гроша од игуменот Серафим, родом од селото Велгош- ти, а починал во март 1847 година. Потоа во Kodeksot се наведени несреќите што го зафатиле манастирот Sveti Naum: – На 16 октомври 1871 година рано во понеделникот се случи првиот пожар, кој ги претвори во пепел одаите што се нао- ѓаа на исток, чардаците, убавата одаја што се наоѓаше над езе- рото, викана „Одајата на Џеладин-бег“, некогашен управител на Охрид од 1809 до 1830. Во тоа време, во 1871 година, надгледу- вател на светиот манастир бил Андроник Заро, син на Анастас Заро, родом од Охрид [веројатно овде е превид, би требало да биде Зарче]. Вториот пожар стана во февруари 1874 година на полноќ и ги претвори во пепел речиси сите згради, со исклучок, како по некое чудо, на охридските и москополките чардаци, коишто се гледаат до денес... 8 јули 1906 година.
  • 19. С вети Наум станал култ кај народот од Кутмичевица уште за време на животот со неговата неуморна работа, а особено со неговите чуда. Всушност, свети Наум и други- те негови најблиски соработници (Климент и Ангелариј), како и неговите првоучители, со својата божествена моќ биле познати од порано. Според Op{irniot `ivotopis na sv. Kliment Ohridski од Теофилакт, гробот на свети Кирил во Рим станал изгонител на сите зла од човекот: „Штом некој ќе се приближеше до гробот или ќе го повикаше името на овој богоносен отец – според својата вера, тој ќе добиеше исцеление од своите страдања ... Така крајот на Кирила му донесе почест и од божествениот папа и од Бога“32. Таму, во Рим, со својата ученост и знаеност на јазици дошол до израз и свети Наум33. На необичен начин свети Наум и другите затворени ученици на св. Методија биле ослободени. По нивните молби, „Бог, откако наѕре кон Земјата, ја направи да се потресе и стана голем земјо- трес како кога Павел се молел во пранги, и од небото се задал голем шум и прангите паднале, а тие што дотогаш биле затво- рени, станале слободни ...“34 И кога протераните Климент, Наум и Ангелариј се упатиле по Дунав, според Теофилакт, отишле да се закрепат со храна и да се одморат во едно село. Токму тогаш на стопанот од куќата во која отседнале му починал единствениот син. Со нивната молба на „ожалостениот татко жив му го предале синот“35. Чудотворноста на свети Наум позасилено почнува по него- вото повлекување во изградениот манастир, со неговото посету- вање и престојување во крајезерските пештери. Особено неговиот култ се зацврстува со чудата што се случувале на неговиот гроб и во неговиот манастир. Со нив станал популарен кај сето населе- ние, без разлика на вера и народност, бидејќи тој на сите им по- магал, само ако искрено му се молат. За брзото култивирање ликот на свети Наум зборува кано- низирањето за светец набрзо по смртта и трите житија. Во XII век 32 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, изд. Македонска православна црква, Скопје, 1966, 96. 33 Станислав Краков во книгата Kroz Ju`nu Srbiju (Белград, 1926, 59) пишува дека зборувал седум јазици. 34 Зборник „Свети Климент Охридски 916 – 1966“, Скопје, 1966, 109. 35 На истото место, 114.
  • 20. охридскиот архиепископ Константин Кавасила ја напишал на грчки јазик службата за свети Наум. Подоцна таа е преведена на црковнословенски јазик. Архимандритот Нектариј ја преведе и ја објави на современ македонски литературен јазик во алманахот „Светиклиментово слово“ за 1998 година. Во оваа служба свети Наум се нарекува „ѕвезда божествена“, „мизиски светилник“, кој не им дал дремка на неговите очи. „Божествениот Наум на јеро- монахот Климент му помагаше, кој кај народот мизиски дојде и сиот го освети со светите проповеди...“36 Посебно во службата е акцентирана чудотворната моќ на свети Наум и на неговиот гроб. Оваа служба и сега се служи на денот на свети Наум во два дела: вечерна и утрена. Покрај преку годината, манастирот најмногу верници го по- сетуваат на патрониот празник. Порано панаѓурот се одржувал на денот на неговата смрт, на 23 декември, односно на 5 јануари. Во 1727 година црковнонародниот собор решил ова празнување да се префрли на 20 јуни/3 јули37. Причините за тоа се образложени во пастирската посланица на охридскиот патријарх господин Јоасаф II и Синодот од 14 архијереи од 21 мај 1728 година, чиј целосен текст гласи: – Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустини- јана, Охридски, и на цела Бугарија. На сите благочестиви и православни верници христијани од нашиот апостолски трон на нашата православна архиепископија Прва Јустинијана – Охридска, како духовните (кои се наоѓаат во светиот каталог) така и мирјаните (кои се наоѓаат под светската власт) чеда на Светиот Дух, највозљубени на нашата смиреност, да биде на сите нас благодат, мир и милост од единствениот Бог и цар и од нашата смиреност и од Светиот архијерејски синод, од преосвештенствата, митрополитите, Богу возљубените епископи, од Светиот Дух, возљубени наши браќа и сослужители, апостол- ска молитва, благослов и опростување. Сите свети празници од соборната и апостолска црква на Богочовекот Емануилот и Спасителот наш Исус Христос, вистин- 36 Службата на свети Наум е објавена во алманахот Светиклиментово слово, 2006, 18 – 33, во превод од црковнословенски јазик на архимандрит Нектариј. 37 И в а н, С н е г а р о в, ИсториÉ на Охридската АрхиепископиÉ, СофиÉ, т. 2, 1995, 293), според германскиот византолог Гелцер, вели дека во 1727 г. Било донесено ова решение.
  • 21. скиот Бог, се делат на два [вида] – Господски и Богородични, ка- ко и на празници на останатите светии, светители, маченици, пре- подобни и праведни, т.е. колку би се случиле, од коишто едни се викаат подвижни, други неподвижни, според мнението на право- славните и мудри наши учители; и неподвижни се викаат оние што не е можно да примат никаква промена и преместување на празнувањето на нивниот свет ден. Но според тоа како се викани од почетокот од пресветителната благодат на Светиот Дух, така има да останат непреместливи и непроменети исто и празниците на Рождество Христово, на свето Богојавление, на Сретение Го- сподово, на Светото Воскресение, Преполовение на Педесетни- цата, Светото Вознесение, Светата Педесетница и најпосле на Сите Свети. Другите празници се викаат подвижни, т.е. промен- ливи зашто се променуваат и се преместуваат од нивните празну- вања во друг ден без да има некаква пречка или грешка во нашата чиста и непорочна вера на христијаните, како што гледаме дека станале преместувања..., т.е. празникот на свети Јован Златоуст што паѓа да биде и да се празнува на 14 септрември (зашто во тој ден се успа во Господа светецот и за свеченото воздвижување на чесниот и животворниот крст се премести на 13 ноември и како последованието (аколутијата) на великиот Канон... неделата од светата и велика Четириесетница; кога во текот на неа... [ќе] се случи некогаш празникот на Благовештение, речиси, и страшното преображение на нашиот Господ којшто станува... И за сверствените и за исцелителните страдања Господови. (Има забелешка во текстот, во која се вели: „Треба да има некоја погрешка при препишувањето“.) И кога ќе се совпадне празникот Благовештение со Велики петок или со Велика сабота, се преместува, се сопраз- нува и службата му се истава во неделниот ден од светото Хри- стово Воскресение, ретко се поместува празникот на светиот и славниот велемаченик Георгија Победоносец, но ако се случи да падне на Велики петок или на Велика сабота, или на истиот ден од светата Пасха, се преместува и му се пее во понеделникот (по првиот ден од Воскр. Хр.) од светлата недела. Заради тоа, нашата смиреност, врз основа на општото сино- дално мислење на преосвештенствата, митрополитите, на богу- возљубените епископи, свештеници и клирици, чесните архонти од потчинетите на нашот апостолски трон и сообразувајќи се со обичајот на Црквата и согледувајќи и запазувајќи ја таа стара традиција дека за најдобро и најредовно ќе биде да може црков-
  • 22. ната традиција некогаш да се премести без да стане од канонско име погрешка, најде благословено за веселиот и радосниот праз- ник и свеченоста на преподобниот и богоносниот наш отец Наум Чудотворец, наоѓајќи се близу до границите на нашата света Охридска архиепископија заради повеќе радост и слава на инте- лектуалната и светлосната ѕвезда на Црквата и заради други раз- ни околности, да се премести од 23 декември и празникот на истиот светец отсега во иднина да станува на 20 јуни; од една страна зашто тогаш времето е зимно и поради мачнотиите од времето и зимските неприлики не можат никогаш да се насладу- ваат од убавиот празник на светецот, а од друга страна и најваж- ното е дека празникот на преподобниот и богоносниот наш отец Наум Чудотворец, се случи, меѓу другото, да биде во предвечер- ните денови на Рождеството Христово. Поради тие причини, секој од празникољупците христијани ќе се поттикнува да отиде на поклонение на светецот и главно поради тоа нешто се преместува празникот и панаѓурот на тој светец од 23 декември... наредивме преку благодатта на Пресве- тиот Дух да биде и временски да се празнува и да се прославува прочуениот по многу чуда чудесниот и преподобниот Наум на 20 јуни. По мнение и решение на светите околу нас архијереи и клирици и на сите христијани љубители на празниците. Поради тоа и преку сегашната тукашна патријаршиска вула (I сигилиум) и синодалното писмо што се соопштува на сите и насекаде, преку панаѓурот на преподобниот и богоносниот наш Наум Чудотво- рец, кој се наоѓа во Љубанишки Девол, се преместува и се пре- мести од 23 декември за поголема слава и чест на светецот пора- ди околностите што ги споменавме горе, да се слави и да се праз- нува на 20 јуни. Затоа, којшто има ревносно и подобно благочестие кон све- тијата нека тогаш се потруди секој од празникотљубивите хри- стијани да се претстави како друг пророчки елен кај изворите во чудата на светиот гроб каде што се наоѓаат неговите свети останки и во високопочитуваниот храм, тој интелектуален и полн со лекови извор за да земе благодат со душа и тело зашто чудата, милостите и исцелувањата на преподобниот и богоносен наш отец Наум Чудотворец толку бројно се многу што го надминуваат и бројот на ѕвездите... Бидејќи е заштитник и помошник преку сите денови на животот на секого и најголем покровител во придобивање на вечното блаженство и на царството на нашиот
  • 23. Господ Исус Христос..., чија благодат и бескрајна милост и со- јузништво и молитвите на нашиот отец Наум Чудотворец да биде со сите вас и нас. Амин. Лето Господово, 21 мај 1728 год. Јоасаф, по Божја милост, Архиепископ на Прва Јустинијана, Охридски Костурски Hrisant, првопрестолен и сечесен Пелагониски Josif Тивериополски Kalinik Белеградски (или Бератски) Nikifor Едески (Воденски) Josif Драчки Nikita Дебарски и кичевски Danijl Преспански Teodosij Селасфорски (Ѕвездански) Grigorij Велешки Daniil Гребенски Teofan Корчански Gearasim Мегленски Antim Горенски и Мокренски (Гора и Мокра) Teodosij38. Забелешка. Д-р Лазар Мирковиќ (Sveti Naum Ohridski, Сремски Карловци, 1924, 8), еден автор на стр. 555 од неговата книга, како и други префрлувањето празнувањето на свети Наум го сврзуваат со посланица од 21 мај 1720 (други: 1740) година. Меѓутоа, хаотичната положба создадена со свргнатиот архиеп. Филотеј не дозволувала веднаш по доаѓањето на архиеп. Јоасаф да се зафати и со прашања од прослави. Од тие причини за точни ги земаме 1727 година и посланицата од 21 мај 1728 година. И од 1728 година наваму панаѓурот во Sveti Naum се одр- жува на 20 јуни / 3 јули. Тогаш од Охридско, Струшко, Ресенско и од подалечните места не се оди, туку луѓето се селат во Sveti Naum, користејќи ги сите превозни средства и пешки. До поста- вувањето на строгата граница меѓу Кралството на СХС и Алба- 38 Текстот на Посланицата го презедовме од Ohridski mitropoliski kodeks, кој со г. Гоце Ангеличин Жура го објавивме во издание на Завод и Музеј – Охрид, 2005. Трите точки се и во Кодексот. При преводот единствено збoрот „клерици“ е заменат со „клирици“, бидејќи станува збор за православно духов- ништво.
  • 24. нија во 1925 година, и некоја година подоцна, во Sveti Naum масовно доаѓале луѓе од поблискиот и од подалечнот дел на Албанија. Доаѓале луѓе од Албанија и потоа, но помалу, бидејќи границата се минувала со пасош. За време на окупацијата (1941 – 1944) можеле луѓето од Албанија да доаѓаат, но поради воените настани ретко се доаѓало. Масовно посетување на манастирот Sveti Naum и од населението на Албанија имало и од 1945 до 1947 година. За тоа посебна заслуга му припаѓа на Охридскиот окружен народно-ослободите- лен одбор од Охрид. Тој на 5. VI 1945 година испратил писмо бр. 3724 до Министерството за внатрешни работи во Скопје со след- ната содржина: „Како и секоја така и ова година ќе се прославит патрониот празник на манастир Св. Наум гр. Охрид на ден 3 јули о. г. На тој ден идат богомолци од сите краишта на државата дури и од Албанија, зато Ви молиме за ходатејството пред Глав- ниот Штаб на Македонија да се разрешит на Албанците прелаз преку границата за тој ден“39. Министерството за внатрешни работи на Демократска Фе- дерална Македонија со писмо бр. 3292 од 14. VI 1945 година го дало следниот одговор: „Во врска со писмото на Окол. Н. Одбор – Охрид, бр. 3724 от 5. VI. 1945 г. Министерството за внатрешни работи разрешава на богомолците – Албанските државлйани да на 3 йули т. г. т.е. на патрониот празник на манастирот Sv. Naum во Охрид, минават слободно границата – Sv. Naum – Подградец“40. За решението на Министерството за внатрешни работи на ДФМ Окружниот НОО – Охрид ги известил: одговорното лице на ОЗНА и Царинарницата во Охрид (писмо бр. 4215/29. VI 1945), манастирот Sveti Naum (бр. 4090/19. VI 1945), Околиските НОО во Охрид, Струга и Дебар (бр. 504/19. VI 1945), а Околискиот НОО – Охрид своите општински одбори ги известил со содр- жината на добиеното писмо од Окружниот одбор со писмо бр. 4215 на 23. VI 1945 година, завршувајќи го со паролата: „Да жи- вит победата над фашизмот“41 како јасно укажување дека оваа и 39 Историски архив – Охрид, фонд Околиски народен одбор – Секрета- ријат, 1945. 40 На истото место. 41 На истото место.
  • 25. следните славја и на свети Наум ќе бидат благодарение на уче- ството на народот од двете соседни држави во победоносната антифашистичка војна. Учесниците на панаѓурот во 1945 година велат дека бил не- запомнат по масовната присутност на луѓе од Албанија. Така било и следните две години, а посебно 1946. Тие незаборавни и благородни средби на луѓето од двете земји од регионот на мана- стирот Sveti Naum се прекинаа во 1948 година поради Информ- бировската резолуција. Култот на свети Наум е присутен во фреското сликарство, во иконописот и на печатите од манастирот. Портретот на свети Наум во уметноста до крајот на XVII век поретко се среќава. Неговиот пробив во повеќе балкански средини е од XVII век. „Првите позначајни откритија на Наумо- вите портрети во монументалниот живопис, во иконописот и от- печатоците на печатите со неговиот лик, покажуваат дека Наумо- вото пошироко присуство во средновековната уметност може да се следи дури од XVI век“42. Ликот на свети Наум е застапен на литиската икона, во Sv. Sofija, во пештерната црква Zaum (Bo- gorodica Zaumska), па на една икона во црквата Sv. Bogorodica Bolni~ka, во живописот на црквата Mal Sv. Kliment. Svetite Sedmo~islenici, priprata, 1806. „Најрепрезентатавно дело со ликот на Наум од овој период е, секако, иконата од црквата Sv. Bogorodica-Perivlepta, насли- кана како пандан на Климентовиот лик, врвно дело на охридските работилници на иконописот“43. Портретот на свети Наум е заста- пен во композицијата Sedmo~islenicite на Сливничкиот мана- стир. Култот и чудата на свети Наум најсестрано се застапени во втората зона на гробниот параклис во манастирската црква Sveti Naum,44 каде што е присутен и во иконостасот45. 42 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Портрети на светителите од Македонија од IX–XVIII век, Скопје, 1983, 106. 43 На истото место, 110. 44 Ц в е т а н Г р о з д а н о в, Живописот на гробниот параклис на Свети Наум Охридски, зборник „Наум охридски“, изд. ИА, Охрид, 1985, 85–97. 45 Д и м и т а р Ќ о р н а к о в, Иконостасот во црквата Sveti Naum, зборник „Наум Охридски“, ИА, Охрид, 1985, 111–115.