1. СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
ФОТОГРАФСКИ
АПАРАТ,
ПРОЕКЦИОНЕН
АПАРАТ
Подготвил:
Марија Танева
2. *Фотографски апарат е направа со која се добиваат реални
намалени ликови кои трајно се задржуваат на фотоемулзијата
нанесена на стакло, целулоид или хартија.
*Името му потекнува од двата грчки збора: фото-светлина и
графос- пишување, што буквално преведено на наш јазик би било
– светлинско пишување.
*Основни делови на фотоапаратот се: мрачна комора и објектив.
3. *Мрачната комора претставува кутија во чија задна страна се става
фотографска плоча или фотофилм, а на предната страна објектив.
*Објективот претставува една собирна леќа или систем од повеќе
собирни леќи.
4. Објективот во близината на задната страна на комората создава реален и
превртен лик А1В1, на фотографираниот предмет АБ. Ликот е намален.
На филмот е нанесен тенок слој од специјална супстанција
(фотоемулзија) која е осетлива на светлината, па под дејство на
пропуштената светлина настанува нејзино поцрнување (разорување).
А
В В1
А1
5. Проекционен апарат е инструмент кој е наменет на екранот да
даде зголемен реален лик на осветлен предмет. Како предмет
може да биде цртеж, слика или филм, нанесени на проѕирна
основа – дијапозитив.
6. Шематски приказ на проекционен апарат:
С - светлински извор;
Д - дијапозитив чиј лик се проектирана екранот;
О - објектив;
К - систем од леќи наречен кондензатор;
Е - екран
С
К
Д
О
Е
7. Digital Light Processing ДПЛ – проекторот се состои од ламба, леќи и
огледало. Содржи и филтер за боја.