1. Факултет за менаџмент на човечки ресурси
ПЛАТИ И НАГРАДУВАЊЕ
Ласте СПАСОВСКИ
Е-маил: spalaste@yahoo.com
Тел: 078/396-303
070 /250-400
Скопје,2013
2. ПЛАТИ И НАГРАДУВАЊЕ
ТЕМИ:
1. МОДЕЛ НА ПЛАТИ
2. СТРАТЕШКИ ПЕРСПЕКТИВИ
3. АНАЛИЗА НА РАБОТАТА
4. ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА
5. СТРУКТУРА НА ПЛАТИТЕ ЗАСНОВАНА НА ЛИЧНОСТ
6. ОДРЕДУВАЊЕ НА НИВОАТА НА ПЛАТИТЕ, КОМБИНАЦИИ И
СТРУКТУРА
7. ПЛАТИ СПОРЕД ПОСТИГАЊАТА
8. ОЦЕНУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ УЧИНОК
4. Што е тоа плата?
За општеството:
• Инструмент (мерка) на праведнсот
• Инструмент за надминување на разликите во висината на заработката
помеѓу мажите и жените
За акционерите:
• Менаџерска плата поврзана со финансиското работење на
компанијата
За менаџерите:
• Главен трошок (над 50% од вкупните трошоци)
• Инструмент преку кој се влијае на работната ефикасност и
однесувањето на вработените)
За вработените:
• Главен извор на нивната материјална сигурнсот
• Возвратен приход од работодавачот
• Награда за завршена работа
5. Дефиниција за плата
Зборот плата значи:
• Надомест
• Противвредност
• Противтежа
• Право на нешто
• Приход
• Награда
Дефиниција за плата:
Сите облици на финансискиот приход и услугите и поволностите
што ги добиваат вработените врз основа на воспоставениот
работен однос
6. Облици на плата
Во вкупните добивки од трудот спаѓаат:
• Вкупна плата
• Релациски добивки
Вкупна плата претставува:
• Директно примена плата во готово
• Индиректни поволности
Релациски добивки се:
• Приходи од психолошки карактер што вработените ги добиваат
на работното место
7. Директно примена плата во готово во рамките на вкупна плата
Директно примената плата во готово содржи:
• Основна плата (износ во готово исплатен за извршена работа при
што се занемарува индивидуалноста)
• Додаток за постигање (додаток на основна плата во знак на
признание за извршена работа)
• Поттикнувања (остварена добивка во облик на акции, купени акции
по поволни цени)
8. Поволности во рамките на вкупната плата
Индиректни поволности се:
• Заштита на приходите (некаде е определена со закон)
• Животно осигурување
• Здравствено и пензиско осигурување
• Флексибилно работно време
• Годишни одмори
• Пристап до одредени служби (советувалишта, грижа за деца и
стари)
• Неплатени одмори и сл.
9. Релациски добивки во рамките на вкупните добивки
Релациски добивки:
• Можности за усовршување и професионален развој
• Признание и статус
• Сигурност на работното место
• Лично задоволство поради соочување со новите предизвици
• Тимско работење со поуспешни стручњаци
• Можност да се припаѓа на одредена група и сл.
10. Модел на плати
Елементи на моделот на плати:
• Стратешки цели на платите
• Стратешки политики (кои ја сочинуваат основата на системот на
платите)
• Техники на платите
11. Стратешки цели на платите
Стратешките цели опфаќаат:
• Делотворност
• Праведност
• Усогласеност со законите
Делотворноста опфаќа:
• Подобрување на работењето (работниот учинок)
• Подобрување на квалитетот
• Задоволување на потребите на клиентите и акционерите
• Контрола на трошоците на работењето
12. Праведност значи:
• Праведно постапување кон сите вработени
• Препознавање на придонесот на вработените
• Препознавање на потребите на вработените
• Со еден збор: бавење со постапки врз основа на кои се донесуваат
одлуките за плати
Усогласеност со законите значи:
• Примена на различни закони за плати
• Прилагодување на системот на платите на законските одредби
13. Стратешки политики
Стратешките политики опфаќаат:
• Внатрешно уредување (усогласеност на платите)
• Надворешна конкурентност
• Придонеси на вработените
• Управа (администрација)
Внатрешното уредување се однесува на:
• Висина на платите за иста работа
• Висина на платите за различна работа
• Одредување на соодветна разлика во платите за различна работа
14. Надворешната конкурентност се однесува на:
• Споредување на платите со конкурентните
• Споредување на висината на платите во однос на конкурентните
• Избор на обликот на платите (основна плата, акции, поволности и сл.)
Придонесите на вработените се однесуваат на:
• Препознавање на работниот учинок на вработените (поединечно, на ниво
на организациска единица, работен тим и сл.)
Управувањето се однесува на:
• Стручно водење на работата поврзана со платите
• Комуницирање со вработените
• Оценување на системот на платите дали ги исполнува своите цели
15. Техники на плаќање
Техниките на плаќање ги поврзуваат стратешките политики и
стратешките цели
Внатрешното уредување се воспоставува преку:
• Анализа на работата
• Анализа на потребните компетенции
• Опишување на односите помеѓу работата и компетенциите
Надворешната конкурентност се воспоставува преку:
• Дефинирање на релевантниот пазар на труд
• Истражување на платите на конкуренцијата
• Усогласување со насоките на стратешката политика
• Креирање на структура на платите
16. Плаќањето на придонесите на вработените се врши според:
• Работниот систем
• Работниот учинок
• Насоките за постигање
• Програмите за поттикнување
Управувањето со системот за плати се врши преку:
• Планирање
• Пресметки
• Комуникации со вработените
• Проценка за вреднување на системот