SlideShare ist ein Scribd-Unternehmen logo
1 von 29
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, ПОМИРУВАЊЕТО И
ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ
     ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
   Приоритетно за европските лидери после
    Втората светска војна беше да се создадат
    услови кои би ги спречиле
    Европјаните да започнат нова
    меѓусебна војна.
   За многумина Германија беше сржта на
    проблемот и таа мораше да биде преобразена
    и нејзината моќ пренасочена кон
    конструктивни а не кон деструктивни цели.
   Мораше да се дозволи обнова на нејзината
    економска база и нејзиниот политички систем
    на начини кои не би биле закана за
    европската безбедност.
Европа беше полигон на кој
     се водеше студената војна
   Во меѓувреме растечкото непријателство
    помеѓу САД и СССР ги наведе Европјаните да
    се грижат за тоа дека полека стануваат пиони
    во студената војна.
   Беше јасно дека постои потреба од заштита
    на западна Европа од Советската закана, но
    постоеше и загриженост околу степенот до
    кој западна Европа би требало да се потпре
    на заштитата од страна на САД.
Винстон Черчил (1874-1965)
Рефлекторите особено беа
      насочени кон Англија
   Англија, која го превзеде водството во борбата
    против Нацизмот и се уште беше доминантна
    Европска сила.
   Во 1942-43 година Винстон Черчил предлагаше
    развивање на „Соединети Европски Држави“ кои
    би дејствувале со редуцирани трговски бариери,
    слободно движење на луѓе, заедничка армија и
    Висок Суд за да ги решава споровите.
   Тој го изнесе истиот предлог на Циришкиот
    Универзитет во 1946 година.
   Черчил сметаше дека овој нов ентитет треба да биде
    втемелен околу Франција и Германија при што не
    би били неопходно да ја вклучува и Англија (уште
    пред војната тој зборуваше дека Англија е со Европа
    но не е Европа).
Европски конгрес од Хаг
   По долги подготовки во мај 1948 се одржа Европски
    конгрес во Хаг, на кој се сретнаа преку 1000
    заговарачи на различни движења за европската идеја, од
    20 земји. Овој конгрес требаше да покаже, колку беше
    популарна ваквата идеја, но и да побара дејствување од
    страна на владите на одделните земји.

   За целите постоеше единство: се сакаше да се
    обезбеди безбедност во Европа преку политичко
    спојување во иднина
   Но, неединство постоеше по однос на формата и
    интензитетот на соработката како и видот и начинот, на
    кој требаше да се донесуваат одлуките.
   Некои држави сметаа дека едно парламентарно собрание
    што ќе се состои од припадници на националните
    парламенти, треба да донесува одлуки.
   За други, предводени од Велика Британија, ова беше
    премногу. Тие беа за соработка меѓу владите.
Основање на Советот на Европа
    Конечно се изнајде еден компромис и
     на 5 мај 1949 во Лондон, 10 држави го
     основаа Советот на Европа.
    Тоа значи дека Советот на Европа и
     даде прв, нејасен лик на големата
     идеја за „Обединета Европа“.
    Но, надежите за политички моќна
     организација, којашто се наоѓа
     над националните држави, беа
     неисполнети.
Со резултатите од овој конгрес не беа задоволни т.н. Европски
федералисти кои бараа нешто позначајно меѓу кои беа Роберт
     Шуман француски министар за надворешни работи
    (1880-1963) Жак Моне раководител на француската
       национална комисија за планирање (1888-1979.
   И двајцата сметаа дека логичната почетна точка од која
    треба да тргне идната Европска интеграција треба да
    биде решавањето на многугодишниот проблем на
    Француско Германските односи.
   До 1950 година на многумина им беше јасно дека на
    западна Германија мораше да и биде дозволено да ја
    обнови својата индустриска база.
   Еден начин за да се постигне ова без да и се даде
    можност на Германија да стане закана за нејзините
    соседи беше да и се дозволи обнова но под
    покровителство на една наднационална
    организација, која би ја приврзала Германија кон
    поширокиот процес на Европската реконструкција.
Идеите на Моне за
      наднационално планирање и
       управување со економијата
   Како главен на Француската национална комисија за
    планирање Жак Моне знаел дека едно ефективно економско
    планирање е над можностите на поединечните земји кои
    работат сами.
   Тој исто така знаел, од свое искуство, дека самите владини
    организации секогаш се ограничени од своите сопствени
    влади, како бранители на државен суверенитет и интерес, па
    предлага дека многу подобро би било и планирањето и
    управувањето со економијата да биде
    наднационално а не национално т.е. владино.
   Предлогот, во тоа враме, беше револуционерен во таа смисла
    што на Франција и беше понудено да жртвува еден дел од
    својот национален суверенитет во интерес на изградба на нов
    наднационален авторитет кој би можел да стави крај на
    старото ривалство и да помогне да се изгради нов Европски
    мир.
Предлогот на Моне и
              Шуман
   Барајки почетна точка која би била од големо значење Моне и
    Шуман се фокусираат на индустриите за јаглен и
    челик кои нудеа почеток на силна Европска интеграција
   Врз основа на планот на Моне, Роберт Шуман предложи
    обединување на француската и западно Германската
    индустрија за јаглен и челин и ги повика и другите земји да им се
    придружат.
   Шумановата декларација или Шумановиот план е претставен на
    09 мај 1950 година и веднаш почнале преговорите за за
    основање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) кои
    успешно се завршени.
   Врз основа на шумановата декларација е изработен и
    Парискиот договор како договор со кој се оснива ЕЗЈЧ
    а кој беше потпишан на 18 април 1951 година а негово
    стапување во сила беше предвидено на 24 лули 1952 година со
    важност од 50 години.
18 Април 1951 - потпишување на
 Договорот за основање на ЕЗЈЧ
Членството на оваа Европска заедница им
беше понудено на сите западно-Европски
 држави но само четири го прифатија тоа
•   Италија која сакаше да постигне
    респектабилност и економска и политичка
    стабилност
•   Белгија,
•   Холандија
•   Луксембург
    на кои ова им одеше во прилог затоа што
    беа мали и ранливи.
   Сите други западно-Европски држави имаа
    свои причини за неземање на учество.
ЕЗЈЧ како наднационална
          организација
   На тој начин се создаде еден сосем нов вид
    на организација и тоа не само како една
    зона за слободна трговија, туку и за
    етаблирање на еден заеднички пазар во
    една исклучително важна област за тоа
    време.
   Државите-членки отстапија голем дел од
    сувереноста на новосоздадените
    наднационални институции.
Цели кои ги имаше ЕЗЈЧ
   ЕЗЈЧ беше прва меѓународна организација
    заснована врз наднационални принципи и,
    преку воведување на заеднички пазар за
    јаглен и челик, имаше за цел да ги развие
    економиите, да ја зголеми вработеноста, како
    и да го подигне животниот стандард во
    рамките на Заедницата.
   Пазарот, исто така, беше наменет за
    постепена рационализација на
    распространетоста на висококвалитетното
    производство, додека се осигуруваше
    стабилноста и вработувањата.
Признавање на ЕЗЈЧ
   Заедничкиот пазар за јаглен беше отворен на 10.
    Февруари 1953 година, а за челик на 1. Мај 1953. По
    стапување во сила ЕЗЈЧ постепено ја замени
    Меѓународната власт за областа Рур.
   На 11. Август 1952 година, САД беше првата земја
    (со исклучок на членовите на ЕЗЈЧ) која ја призна
    Заедницата и изјави дека сега ќе тргува со ЕЗЈЧ кога
    станува збор за јаглен и челик, основајќи своја
    делегација во Брисел.
   Претседателот Моне на ова одговори со изборот на
    Вашингтон како место на првото надворешно
    присуство на ЕЗЈЧ. Насловот на првиот извештај на
    делегацијата гласеше „Кон Сојузната Влада на
    Европа”.
Европската заедница за јаглен и
челик беше управувана од 4 органи
Висока служба
           (Врховен орган)
   Висока служба се состои од девет
    члена, кои ги извршуваат своите задачи
    независно од државите-членки.
   Франција, Германија и Италија
    именуваа двајца членови на органот и
    трите помали членови именува по еден.
    Овие осум членови потоа именува
    деветто лице да биде претседател на
    оваа Висока служба или Врховниот
    орган.
Гаранции на наднационалниот
     карактер на Високата служба
   И покрај тоа што беа именувани со спогодба на заедничко
    делување на националните влади, членовите дадоа заклетва
    дека нема да ги претставуваат своите национални интереси,
    туку дека ќе ги бранат општите интереси на Заедницата во
    целост.
   Нивната независност беше потпомогната од страна на
    членовите со тоа што им беше забрането да имаат било какво
    занимање надвор од Органот или да имаат било какви бизнис
    интереси (платени или неплатени) и после три години откако
    ќе ја напуштат функцијата. За дополнително да се обезбеди
    непристрасност, една третина од членството требаше да се
    обновува на секои две години.
   Врховниот орган може да издава три вида на правни
    инструменти:
   одлуки, кои се целосно обврзувачки закони;
   препораки, кои имаа обврзувачки цели, но методите се
    оставени на земјите-членки; и
   мислења, кои немаа правна моќ.
Советот на министри
   Совет на министри беше составен од претставници на
    националните влади.
   Секоја држава претседаваше со Советот на министри во
    период од три месеци, ротирајќи меѓу нив по азбучен ред.
    Еден од неговите клучни аспекти беше усогласување на
    работата на Врховниот орган и на националните влади, кои
    сеуште беа одговорни за државните општи економски
    политики.
   Од Советот се бараше да делува како надзорник на Органот и
    да дава мислења за одредени области од работата на
    Врховниот орган.
   Начинот на гласање во Советот:
   едногласно гласање (консензус)
   апсолутно мнозинство
   просто мнозинсто.
Заедничкото собрание и
              судот
   Заедничкото собрание се состои од
    претставниците испратени од националните
    парламенти и врши чисто советодавна
    функција.
   Четвртата и последна институција, која беше
    создадена со Договорот за ЕЗЈЧ, е Судот, чија
    задача е да одлучува по конфликти меѓу
    државите-членки, меѓу органите на ЕЈЗЧ како
    и меѓу државите-членки и органите врз
    основа на Договорот.
Успеси на ЕЗЈЧ
   Нејзината мисија беше сеопфатна: да се „придонесе
    за растот на економијата, развојот на вработување и
    подобрување на животниот стандард'“ на своите
    граѓани.
   Во однос на производството на јаглен и челик,
    Заедницата имаше мал ефект во однос на светските
    трендови. Трговијата меѓу членовите се зголеми
    (десеткратно за јаглен), што ги заштеди средствата
    на членовите со тоа што немаше увоз на ресурси од
    САД, особено во оние држави каде што имаше
    смалувања.
   Врховниот орган исто така, издаде 280 заеми за
    модернизација на индустријата со што и помогна на
    индустријата за подобрување на производството и
    намалување на трошоците. Трошоците биле
    дополнително намалени со укинувањето на царините
    на границите.
   Меѓу најголемите достигнувања на ЕЗЈЧ се оние
    поврзани со социјалните прашања. Некои рудници, на
    пример, беше јасно дека се неодржливи без
    владините субвенции. Некои рудари имаа
    исклучително сиромашни домаќинства. Повеќе од 15
    години таа финансираше 112.500 станови за
    работниците, и плаќаше 1.770 $ по стан,
    овозможувајќи им на работниците да купат дом кој
    инаку не би можеле да си го дозволат.
   ЕЗЈЧ, исто така, плати половина од трошоците за
    професионалното прераспределување на оние
    работници кои ги изгубија своите работни места, кога
    постројките за јаглен и челик почнаа да се затвораат.
    Во комбинација со помошта за регионалните
    реконструкции, ЕЗЈЧ потроши 150.000.000 $ за
    создавање на 100.000 работни места, од кои една
    третина беа за невработените работници за јаглен и
    челик.
   Гаранциите за благосостојба создадени од страна на
    ЕЗЈЧ беа проширени и за работниците надвор од
    секторот за јаглен и челик.
   Далеку поважно од создавањето на првата социјална
    и регионална политика на Европа, се вели дека е тоа
    што ЕЗЈЧ го воведе Европскиот мир.
   Тоа го вклучуваше и првиот Европски данок на
    континетот. Ова беше рамниот данок, оданочување
    на производството со максимална стапка од еден
    процент. Имајќи предвид дека земјите на Европската
    заедница сега се соочуваат со најдолгиот период на
    мир во повеќе од две илјади години, ова е опишан
    како најевтин данок за мир во историјата.
   Беше избегната уште една светска војна, или
    „светско самоубиство“ како што Шуман ја
    нарекуваше оваа закана во 1949 година. Во
    Октомври 1953 година Шуман изјави дека е
    елиминирана можноста за уште една европска војна.
Значењето на договорот за
       формирање на ЕЗЈЧ
   Формирањето на ЕЗЈЧ беше мал чекор за себе но
    извонреден во тоа што тоа беше
   За прв пат било која Европска влада даде
    значителни права на една наднационална
    организација.
   За прв пат беше дозволено да се редуцираат
    царинските бариери, да се укунат субвенциите, да се
    фиксираат цените и да се соберат пари од
    наметнатите давачки на производството на јаглен и
    челик.
   Иако ЕЗЈЧ не успеа да постигне некои од нејзините
    цели, сепак таа ја докажа смислата и
    изводливоста на Европската интеграција.
Многу поамбициозни експерименти
      во интеграцијата завршија
                 неуспешно.
 Првиот од нив беше Европската

  Одбранбена Заедница (ЕОЗ) чија цел
    беше унапредување на западно-Европската
    соработка во одбраната и врзување на западна
    Германија во Европски Одбранбен Систем.
   Во организационен поглед ЕОЗ требаше да биде
    слична како и ЕЗЈЧ. Нацрт договор беше потпишан
    од страна на 6 те членки на ЕЗЈЧ во мај 1952 но тој
    не беше ратификуван главно поради тоа што
    Франција беше нервозна околу тоа Германија
    повторно да биде вооружана и не сакаше да се
    откаже од контрола врз своите вооружени сили.
Европска Политичка
         Заедница-втор неуспех
   Вториот неуспешен обид беше создавањето на
    Европската Политичка Заедница (ЕПЗ)
    кој требаше да биде прв чекор кон Европска Федерација.
   Шесте членки на ЕЗЈЧ и ЕОЗ вложија напори својата
    економска и одбранбена интеграција да ја заокружат и со
    еден облик на политичко интегрирање за што 6 те министри
    за надворешни работи во својство на членови на Советот на
    ЕЗЈЧ во септември 1952 година донесоа одлука да се
    состави Устав на Европската Политичка Заедница
    (ЕПЗ).
   Оваа нова заедница требаше да биде надлежна за прашања
    што веќе ги покриваше ЕЗЈЧ, на одбраната кои требаше да ги
    покрива ЕОЗ, како и да обезбеди координација на
    надворешната политика на земјите членки.
Пропаѓање на идејата за ЕПЗ
   Нацрт-договорот за основање на ЕПЗ едногласно
    беше одобрен од собранието на ЕЗЈЧ во март 1953
    година.
   Сепак преговорите што министрите за надворешни
    работи ги водеа истата година не дадоа единствен
    став за степенот на откажување од националниот
    суверенитет.
   Откако Франција во март 1954 година побара
    одложување на преговорите и останатите влади
    не покажаа интерес за нивно продолжување.
   Во август 1954 година, проектот ЕПЗ не помина и
    на Француското Народно Собрание па така беше
    напуштена и идејата за создавање на ЕПЗ.
Европејците чувствуваа дека
      треба да се направи нешто
                повеќе
   Додека ЕЗЈЧ направи скромни но солидни достигнувања во
    нејзините први четири години, постоеја граници на нејзините
    можности и Европејците чувствуваа дека треба да се направи
    нешто повеќе, за да се даде импулс на натамошната Европската
    интеграција.
   Шесте членки на ЕЗЈЧ се сложија дека јагленот и челикот беа
    корисно тло за тестирање, но дека станува многу тешко да се
    развиваат овие два сектора во изолација.
   Состанокот на министрите за надворешни работи на членките
    на ЕЗЈЧ во Месина во Италија во јуни 1955 година
    резултираше со договор дека е време да се „лансира“
    Европската идеја.
   Беше создаден Комитет, под раководство на Белгискиот
    министер за надворешни работи Пол-Анри Спак, да ги
    разгледа сите опции и да подготви извештај за тоа.

Weitere ähnliche Inhalte

Was ist angesagt?

Was ist angesagt? (20)

Evropska unija
Evropska unijaEvropska unija
Evropska unija
 
Sistem organa za cirkulaciju
Sistem organa za cirkulacijuSistem organa za cirkulaciju
Sistem organa za cirkulaciju
 
Наелектризираност на телата
Наелектризираност на телатаНаелектризираност на телата
Наелектризираност на телата
 
Valenca
ValencaValenca
Valenca
 
Semejstvo
SemejstvoSemejstvo
Semejstvo
 
Elektromagnetna indukcija u nepokretnom provodniku
Elektromagnetna indukcija u nepokretnom provodnikuElektromagnetna indukcija u nepokretnom provodniku
Elektromagnetna indukcija u nepokretnom provodniku
 
jonska veza
 jonska veza jonska veza
jonska veza
 
Израчунавања у хемији (Стехиометрија)
Израчунавања у хемији (Стехиометрија)Израчунавања у хемији (Стехиометрија)
Израчунавања у хемији (Стехиометрија)
 
Sila trenja
Sila trenjaSila trenja
Sila trenja
 
Evropska Unija (EU)
Evropska Unija (EU)Evropska Unija (EU)
Evropska Unija (EU)
 
Genocid i holokaust
Genocid i holokaustGenocid i holokaust
Genocid i holokaust
 
Uniunea europeana (1)
Uniunea europeana (1)Uniunea europeana (1)
Uniunea europeana (1)
 
појам и врсте суверености
појам и врсте сувереностипојам и врсте суверености
појам и врсте суверености
 
Dokumenti vozila
Dokumenti vozilaDokumenti vozila
Dokumenti vozila
 
Evropska unija
Evropska unijaEvropska unija
Evropska unija
 
Integrarea europeana
Integrarea europeanaIntegrarea europeana
Integrarea europeana
 
ЕВРОПСКИ НАРОДИ
ЕВРОПСКИ НАРОДИЕВРОПСКИ НАРОДИ
ЕВРОПСКИ НАРОДИ
 
Posledice velikog rata
Posledice velikog rataPosledice velikog rata
Posledice velikog rata
 
(6,2) vidovi na konflikti
(6,2) vidovi na konflikti(6,2) vidovi na konflikti
(6,2) vidovi na konflikti
 
Regulacija srčanog ritma
Regulacija srčanog ritmaRegulacija srčanog ritma
Regulacija srčanog ritma
 

Ähnlich wie (8,3) rekonstrukcijata na evropa po 2 svetska vojna

50 години од Европската Унија
50 години одЕвропската Унија50 години одЕвропската Унија
50 години од Европската УнијаFon Univerzity
 
(8,6) pojava na evropska unija
(8,6) pojava na evropska unija(8,6) pojava na evropska unija
(8,6) pojava na evropska unijateodoramishevska
 
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednicaneebitno
 
(1,7) нациите и националните држави денес (1)
(1,7) нациите и националните држави денес (1)(1,7) нациите и националните држави денес (1)
(1,7) нациите и националните држави денес (1)neebitno
 
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvoAngela Krstevska
 

Ähnlich wie (8,3) rekonstrukcijata na evropa po 2 svetska vojna (6)

50 години од Европската Унија
50 години одЕвропската Унија50 години одЕвропската Унија
50 години од Европската Унија
 
(8,6) pojava na evropska unija
(8,6) pojava na evropska unija(8,6) pojava na evropska unija
(8,6) pojava na evropska unija
 
(8,3) sovet na evropa
(8,3) sovet na evropa(8,3) sovet na evropa
(8,3) sovet na evropa
 
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica
(8,5) prosiruvanje na evropskata zaednica
 
(1,7) нациите и националните држави денес (1)
(1,7) нациите и националните држави денес (1)(1,7) нациите и националните држави денес (1)
(1,7) нациите и националните држави денес (1)
 
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
 

Mehr von Наташа Перчинковска (8)

(6,1) socijalen konflikt
(6,1) socijalen konflikt(6,1) socijalen konflikt
(6,1) socijalen konflikt
 
(6,1) socijalen konflikt
(6,1) socijalen konflikt(6,1) socijalen konflikt
(6,1) socijalen konflikt
 
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
 
(3,3) univerzalna deklaracija za covekovite prava
(3,3) univerzalna deklaracija za covekovite prava(3,3) univerzalna deklaracija za covekovite prava
(3,3) univerzalna deklaracija za covekovite prava
 
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
(3,2) istoriski razvitok vo praktikuvawe na covekovite prava
 
(3,2) covekovi prava
(3,2) covekovi  prava(3,2) covekovi  prava
(3,2) covekovi prava
 
(3,1) covekot kako gragjanin
(3,1) covekot kako gragjanin(3,1) covekot kako gragjanin
(3,1) covekot kako gragjanin
 
(3,1) covekot kako gragjanin
(3,1) covekot kako gragjanin(3,1) covekot kako gragjanin
(3,1) covekot kako gragjanin
 

(8,3) rekonstrukcijata na evropa po 2 svetska vojna

  • 1. РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, ПОМИРУВАЊЕТО И ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
  • 2. Приоритетно за европските лидери после Втората светска војна беше да се создадат услови кои би ги спречиле Европјаните да започнат нова меѓусебна војна.  За многумина Германија беше сржта на проблемот и таа мораше да биде преобразена и нејзината моќ пренасочена кон конструктивни а не кон деструктивни цели.  Мораше да се дозволи обнова на нејзината економска база и нејзиниот политички систем на начини кои не би биле закана за европската безбедност.
  • 3. Европа беше полигон на кој се водеше студената војна  Во меѓувреме растечкото непријателство помеѓу САД и СССР ги наведе Европјаните да се грижат за тоа дека полека стануваат пиони во студената војна.  Беше јасно дека постои потреба од заштита на западна Европа од Советската закана, но постоеше и загриженост околу степенот до кој западна Европа би требало да се потпре на заштитата од страна на САД.
  • 5. Рефлекторите особено беа насочени кон Англија  Англија, која го превзеде водството во борбата против Нацизмот и се уште беше доминантна Европска сила.  Во 1942-43 година Винстон Черчил предлагаше развивање на „Соединети Европски Држави“ кои би дејствувале со редуцирани трговски бариери, слободно движење на луѓе, заедничка армија и Висок Суд за да ги решава споровите.  Тој го изнесе истиот предлог на Циришкиот Универзитет во 1946 година.  Черчил сметаше дека овој нов ентитет треба да биде втемелен околу Франција и Германија при што не би били неопходно да ја вклучува и Англија (уште пред војната тој зборуваше дека Англија е со Европа но не е Европа).
  • 6. Европски конгрес од Хаг  По долги подготовки во мај 1948 се одржа Европски конгрес во Хаг, на кој се сретнаа преку 1000 заговарачи на различни движења за европската идеја, од 20 земји. Овој конгрес требаше да покаже, колку беше популарна ваквата идеја, но и да побара дејствување од страна на владите на одделните земји.  За целите постоеше единство: се сакаше да се обезбеди безбедност во Европа преку политичко спојување во иднина  Но, неединство постоеше по однос на формата и интензитетот на соработката како и видот и начинот, на кој требаше да се донесуваат одлуките.  Некои држави сметаа дека едно парламентарно собрание што ќе се состои од припадници на националните парламенти, треба да донесува одлуки.  За други, предводени од Велика Британија, ова беше премногу. Тие беа за соработка меѓу владите.
  • 7. Основање на Советот на Европа  Конечно се изнајде еден компромис и на 5 мај 1949 во Лондон, 10 држави го основаа Советот на Европа.  Тоа значи дека Советот на Европа и даде прв, нејасен лик на големата идеја за „Обединета Европа“.  Но, надежите за политички моќна организација, којашто се наоѓа над националните држави, беа неисполнети.
  • 8. Со резултатите од овој конгрес не беа задоволни т.н. Европски федералисти кои бараа нешто позначајно меѓу кои беа Роберт Шуман француски министар за надворешни работи (1880-1963) Жак Моне раководител на француската национална комисија за планирање (1888-1979.
  • 9. И двајцата сметаа дека логичната почетна точка од која треба да тргне идната Европска интеграција треба да биде решавањето на многугодишниот проблем на Француско Германските односи.  До 1950 година на многумина им беше јасно дека на западна Германија мораше да и биде дозволено да ја обнови својата индустриска база.  Еден начин за да се постигне ова без да и се даде можност на Германија да стане закана за нејзините соседи беше да и се дозволи обнова но под покровителство на една наднационална организација, која би ја приврзала Германија кон поширокиот процес на Европската реконструкција.
  • 10. Идеите на Моне за наднационално планирање и управување со економијата  Како главен на Француската национална комисија за планирање Жак Моне знаел дека едно ефективно економско планирање е над можностите на поединечните земји кои работат сами.  Тој исто така знаел, од свое искуство, дека самите владини организации секогаш се ограничени од своите сопствени влади, како бранители на државен суверенитет и интерес, па предлага дека многу подобро би било и планирањето и управувањето со економијата да биде наднационално а не национално т.е. владино.  Предлогот, во тоа враме, беше револуционерен во таа смисла што на Франција и беше понудено да жртвува еден дел од својот национален суверенитет во интерес на изградба на нов наднационален авторитет кој би можел да стави крај на старото ривалство и да помогне да се изгради нов Европски мир.
  • 11. Предлогот на Моне и Шуман  Барајки почетна точка која би била од големо значење Моне и Шуман се фокусираат на индустриите за јаглен и челик кои нудеа почеток на силна Европска интеграција  Врз основа на планот на Моне, Роберт Шуман предложи обединување на француската и западно Германската индустрија за јаглен и челин и ги повика и другите земји да им се придружат.  Шумановата декларација или Шумановиот план е претставен на 09 мај 1950 година и веднаш почнале преговорите за за основање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) кои успешно се завршени.  Врз основа на шумановата декларација е изработен и Парискиот договор како договор со кој се оснива ЕЗЈЧ а кој беше потпишан на 18 април 1951 година а негово стапување во сила беше предвидено на 24 лули 1952 година со важност од 50 години.
  • 12. 18 Април 1951 - потпишување на Договорот за основање на ЕЗЈЧ
  • 13. Членството на оваа Европска заедница им беше понудено на сите западно-Европски држави но само четири го прифатија тоа • Италија која сакаше да постигне респектабилност и економска и политичка стабилност • Белгија, • Холандија • Луксембург на кои ова им одеше во прилог затоа што беа мали и ранливи.  Сите други западно-Европски држави имаа свои причини за неземање на учество.
  • 14. ЕЗЈЧ како наднационална организација  На тој начин се создаде еден сосем нов вид на организација и тоа не само како една зона за слободна трговија, туку и за етаблирање на еден заеднички пазар во една исклучително важна област за тоа време.  Државите-членки отстапија голем дел од сувереноста на новосоздадените наднационални институции.
  • 15. Цели кои ги имаше ЕЗЈЧ  ЕЗЈЧ беше прва меѓународна организација заснована врз наднационални принципи и, преку воведување на заеднички пазар за јаглен и челик, имаше за цел да ги развие економиите, да ја зголеми вработеноста, како и да го подигне животниот стандард во рамките на Заедницата.  Пазарот, исто така, беше наменет за постепена рационализација на распространетоста на висококвалитетното производство, додека се осигуруваше стабилноста и вработувањата.
  • 16. Признавање на ЕЗЈЧ  Заедничкиот пазар за јаглен беше отворен на 10. Февруари 1953 година, а за челик на 1. Мај 1953. По стапување во сила ЕЗЈЧ постепено ја замени Меѓународната власт за областа Рур.  На 11. Август 1952 година, САД беше првата земја (со исклучок на членовите на ЕЗЈЧ) која ја призна Заедницата и изјави дека сега ќе тргува со ЕЗЈЧ кога станува збор за јаглен и челик, основајќи своја делегација во Брисел.  Претседателот Моне на ова одговори со изборот на Вашингтон како место на првото надворешно присуство на ЕЗЈЧ. Насловот на првиот извештај на делегацијата гласеше „Кон Сојузната Влада на Европа”.
  • 17. Европската заедница за јаглен и челик беше управувана од 4 органи
  • 18. Висока служба (Врховен орган)  Висока служба се состои од девет члена, кои ги извршуваат своите задачи независно од државите-членки.  Франција, Германија и Италија именуваа двајца членови на органот и трите помали членови именува по еден. Овие осум членови потоа именува деветто лице да биде претседател на оваа Висока служба или Врховниот орган.
  • 19. Гаранции на наднационалниот карактер на Високата служба  И покрај тоа што беа именувани со спогодба на заедничко делување на националните влади, членовите дадоа заклетва дека нема да ги претставуваат своите национални интереси, туку дека ќе ги бранат општите интереси на Заедницата во целост.  Нивната независност беше потпомогната од страна на членовите со тоа што им беше забрането да имаат било какво занимање надвор од Органот или да имаат било какви бизнис интереси (платени или неплатени) и после три години откако ќе ја напуштат функцијата. За дополнително да се обезбеди непристрасност, една третина од членството требаше да се обновува на секои две години.  Врховниот орган може да издава три вида на правни инструменти:  одлуки, кои се целосно обврзувачки закони;  препораки, кои имаа обврзувачки цели, но методите се оставени на земјите-членки; и  мислења, кои немаа правна моќ.
  • 20. Советот на министри  Совет на министри беше составен од претставници на националните влади.  Секоја држава претседаваше со Советот на министри во период од три месеци, ротирајќи меѓу нив по азбучен ред. Еден од неговите клучни аспекти беше усогласување на работата на Врховниот орган и на националните влади, кои сеуште беа одговорни за државните општи економски политики.  Од Советот се бараше да делува како надзорник на Органот и да дава мислења за одредени области од работата на Врховниот орган.  Начинот на гласање во Советот:  едногласно гласање (консензус)  апсолутно мнозинство  просто мнозинсто.
  • 21. Заедничкото собрание и судот  Заедничкото собрание се состои од претставниците испратени од националните парламенти и врши чисто советодавна функција.  Четвртата и последна институција, која беше создадена со Договорот за ЕЗЈЧ, е Судот, чија задача е да одлучува по конфликти меѓу државите-членки, меѓу органите на ЕЈЗЧ како и меѓу државите-членки и органите врз основа на Договорот.
  • 22. Успеси на ЕЗЈЧ  Нејзината мисија беше сеопфатна: да се „придонесе за растот на економијата, развојот на вработување и подобрување на животниот стандард'“ на своите граѓани.  Во однос на производството на јаглен и челик, Заедницата имаше мал ефект во однос на светските трендови. Трговијата меѓу членовите се зголеми (десеткратно за јаглен), што ги заштеди средствата на членовите со тоа што немаше увоз на ресурси од САД, особено во оние држави каде што имаше смалувања.  Врховниот орган исто така, издаде 280 заеми за модернизација на индустријата со што и помогна на индустријата за подобрување на производството и намалување на трошоците. Трошоците биле дополнително намалени со укинувањето на царините на границите.
  • 23. Меѓу најголемите достигнувања на ЕЗЈЧ се оние поврзани со социјалните прашања. Некои рудници, на пример, беше јасно дека се неодржливи без владините субвенции. Некои рудари имаа исклучително сиромашни домаќинства. Повеќе од 15 години таа финансираше 112.500 станови за работниците, и плаќаше 1.770 $ по стан, овозможувајќи им на работниците да купат дом кој инаку не би можеле да си го дозволат.  ЕЗЈЧ, исто така, плати половина од трошоците за професионалното прераспределување на оние работници кои ги изгубија своите работни места, кога постројките за јаглен и челик почнаа да се затвораат. Во комбинација со помошта за регионалните реконструкции, ЕЗЈЧ потроши 150.000.000 $ за создавање на 100.000 работни места, од кои една третина беа за невработените работници за јаглен и челик.  Гаранциите за благосостојба создадени од страна на ЕЗЈЧ беа проширени и за работниците надвор од секторот за јаглен и челик.
  • 24. Далеку поважно од создавањето на првата социјална и регионална политика на Европа, се вели дека е тоа што ЕЗЈЧ го воведе Европскиот мир.  Тоа го вклучуваше и првиот Европски данок на континетот. Ова беше рамниот данок, оданочување на производството со максимална стапка од еден процент. Имајќи предвид дека земјите на Европската заедница сега се соочуваат со најдолгиот период на мир во повеќе од две илјади години, ова е опишан како најевтин данок за мир во историјата.  Беше избегната уште една светска војна, или „светско самоубиство“ како што Шуман ја нарекуваше оваа закана во 1949 година. Во Октомври 1953 година Шуман изјави дека е елиминирана можноста за уште една европска војна.
  • 25. Значењето на договорот за формирање на ЕЗЈЧ  Формирањето на ЕЗЈЧ беше мал чекор за себе но извонреден во тоа што тоа беше  За прв пат било која Европска влада даде значителни права на една наднационална организација.  За прв пат беше дозволено да се редуцираат царинските бариери, да се укунат субвенциите, да се фиксираат цените и да се соберат пари од наметнатите давачки на производството на јаглен и челик.  Иако ЕЗЈЧ не успеа да постигне некои од нејзините цели, сепак таа ја докажа смислата и изводливоста на Европската интеграција.
  • 26. Многу поамбициозни експерименти во интеграцијата завршија неуспешно.  Првиот од нив беше Европската Одбранбена Заедница (ЕОЗ) чија цел беше унапредување на западно-Европската соработка во одбраната и врзување на западна Германија во Европски Одбранбен Систем.  Во организационен поглед ЕОЗ требаше да биде слична како и ЕЗЈЧ. Нацрт договор беше потпишан од страна на 6 те членки на ЕЗЈЧ во мај 1952 но тој не беше ратификуван главно поради тоа што Франција беше нервозна околу тоа Германија повторно да биде вооружана и не сакаше да се откаже од контрола врз своите вооружени сили.
  • 27. Европска Политичка Заедница-втор неуспех  Вториот неуспешен обид беше создавањето на Европската Политичка Заедница (ЕПЗ) кој требаше да биде прв чекор кон Европска Федерација.  Шесте членки на ЕЗЈЧ и ЕОЗ вложија напори својата економска и одбранбена интеграција да ја заокружат и со еден облик на политичко интегрирање за што 6 те министри за надворешни работи во својство на членови на Советот на ЕЗЈЧ во септември 1952 година донесоа одлука да се состави Устав на Европската Политичка Заедница (ЕПЗ).  Оваа нова заедница требаше да биде надлежна за прашања што веќе ги покриваше ЕЗЈЧ, на одбраната кои требаше да ги покрива ЕОЗ, како и да обезбеди координација на надворешната политика на земјите членки.
  • 28. Пропаѓање на идејата за ЕПЗ  Нацрт-договорот за основање на ЕПЗ едногласно беше одобрен од собранието на ЕЗЈЧ во март 1953 година.  Сепак преговорите што министрите за надворешни работи ги водеа истата година не дадоа единствен став за степенот на откажување од националниот суверенитет.  Откако Франција во март 1954 година побара одложување на преговорите и останатите влади не покажаа интерес за нивно продолжување.  Во август 1954 година, проектот ЕПЗ не помина и на Француското Народно Собрание па така беше напуштена и идејата за создавање на ЕПЗ.
  • 29. Европејците чувствуваа дека треба да се направи нешто повеќе  Додека ЕЗЈЧ направи скромни но солидни достигнувања во нејзините први четири години, постоеја граници на нејзините можности и Европејците чувствуваа дека треба да се направи нешто повеќе, за да се даде импулс на натамошната Европската интеграција.  Шесте членки на ЕЗЈЧ се сложија дека јагленот и челикот беа корисно тло за тестирање, но дека станува многу тешко да се развиваат овие два сектора во изолација.  Состанокот на министрите за надворешни работи на членките на ЕЗЈЧ во Месина во Италија во јуни 1955 година резултираше со договор дека е време да се „лансира“ Европската идеја.  Беше создаден Комитет, под раководство на Белгискиот министер за надворешни работи Пол-Анри Спак, да ги разгледа сите опции и да подготви извештај за тоа.