Во пресрет на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од основањето, Првата детска амбасада (ПДАС) Меѓаши го изработува својот трет петгодишен Стратегиски план за периодот 2016-2020. Развивањето на планот е плод на партиципативен интерен процес со учестуво на вработените и претставници на управните и надзорните тела на организацијата. Долгата транзиција, бавниот напредок на Македонија кон евро-атлантската инеграција и изострените услови за граѓанскиот сектор во земјата се клучните тековни карактеристики на окружувањето во кое делува ПДАС Меѓаши. Како акутен предизвик, во последните две години земјата е транзициска одредница за стотици илјади мигранти од Блискиот Исток и Африка. Прекршувањата на правата на децата, сиромаштијата и занемарувањето на прашањата поврзани со добробитта на децата и младите од страна на државата се клучните предизвици во полето на делување на организацијата. На позитивната страна, веќе подолг низ години ПДАС Меѓаши е најпрепознаваната граѓанска организација во Македонија и организацијата во којашто граѓаните имаат најголема доверба. Ова претставува одличен социјален капитал што треба во иднина да се надградува и внимателно да се користи. За доближување на сопствената улога го корисниците, целната група и општата јавност, ПДАС Меѓаши ги појасни формулациите на организациските визија и мисија: Визијата на ПДАС Меѓаши е поправеден свет за секое дете. Мисијата на ПДАС Меѓаши е да ги застапува и заштитува правата на децата, да поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, да го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование, развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува различностите и еднаквите можности за сите.