2. ПТИЦИ (AVES)
• Пиците (Aves) се двоножни, топлокрвни
животни, чија главна карактеристика се
пердувите, како модификација на предните
екстремитети и присуството на шупливи
коски, кои на птице им го олеснуваат
летањето. Имаат коскен клун, без заби и
носат варовникови јајца. Нивното тело не
произведува само мочна киселина, туку
истата ја лачат преку фецесот. Kaj птиците не
постои мочен меур. Респираторниот систем
забележува појава на воздушни торби, кои
го олеснуваат летањето.
• Се хранат со нектар, семиња, инсекти или
риби, а некои се исхрануваат со други птици.
Најголем дел се активни дење, освен буфот,
кој станува активен по залезот на сонцето.
• За нив карактеристична адаптациона
особина е миграцијата во тропските краеви
во текот на зимата и повторно враќање за
време на пролетта и летото. Некои видови
на птици ја загубиле способноста за летање.
• Типот Aves е поделен на три класи: птици-
тркачи, пингвини и птици-летачи.
3. ПТИЦИ (AVES)
• Птиците - тркачи живеат во Австралија.
Тие имаат силно развиени нозе за
трчање, а крилата им се неразвиени.
Нојот е најголемата птица и спаѓа во
оваа група.
• Пингвините се птици кои немаат
способност за летање. Живеат на
Антарктикот
• Птиците - летачи се наголемата група на
птици.
4. ЦИЦАЧИ (MAMMALIA)
• Цицачите (Маmmalia) се група на животни, кои ги
хранат своите млади со мајчино млеко. Овие животни
се најспецијализираните животни на Земјата.
• Нивното тело е прекриено со влакна или крзно. Под
кожата имаат бројни жлезди: потни, лојни, мирисни и
млечни. Тие се хомеотермни организми, така што ја
одржуваат сопствената температура на телото преку
механизмите за терморегулација (потење).
• Специјализираните вилици се снабдени со заби, кои
помагаат во сечењето и џвакањето на храната. Имаат
високо развиен нервен систем и развиен мозок, така
што сите овие во поголем или помал степен покажуваат
интелигенција.
• Со исклучок на монотермните животни, сите останати
цицачи раѓаат живи млади. Од ембионалните обвивки
на ембрионот и ѕидот на матката се формира плацента -
постелка, преку која ембрионот е поврзан за мајчиниот
организам. Блиската врска помеѓу мајката и
младенчето, постои само во светот на цицачите.
• Во однос на морфологијата овој тип претставува една
од најразнообразните групи на животни: некои се
движат на четири нозе, некои на две, некои живеат во
вода, а некои имаат способност за летање.
• Еволутивно се прилагодиле за живот на различни
живеалишта: во пустинските краеви, во Арктичките и
Антарктичките региони, додека, пак, други ги
населуваат умерените топлински појаси.
• Класата Mammalia се класифицира на три поткласи:
Јајценести цицачи или цицачи со клоака
(Monothermata), Торбести цицачи (Marsupialia) и
Цицачи со плацента (Placentalia).
5. ЦИЦАЧИ (MAMMALIA)
Јајчести цицачи
(Monothermata)
Се најмалата поткласа на цицачи, кои се
најпримитивни во однос на развитокот и
наликуваат на влечугите. Несат јајца,
немаат заби, а репродуктивниот и
урогениталниот систем делат ист телесен
отвор - клоака. Кога младото ќе излезе од
јајцето цица млеко од специјална млечна
дамка на долната страна на телото на
мајката. Овие животни хибернираат
(паѓаат во зимски сон).
Претставници се клунарот (Platypus) и
мравојадот (Zaglossus bruijni).
Торбести цицачи
(Marsupialia)
Втората поткласа се Торбарите
(Marsupialia), кои младенчето го раѓаат
додека e сеуште многу младо и
недоразвиено. Затоа тие го довршуваат
својот развој во специјална торбичка,
сместена на абдоменот на мајката, од
каде се хранат со млеко од мајчините
млечни жлезди.
Bo поткласата на торбари најпознати
претставници се коалата и кенгурот.
Цицачи со плацента
(Placentalia)
Третата поткласа на Цицачи ce
плаценталиите, која е најголема од трите
поткласи на Mamalia.
Во текот на развојот овие организми
минуваат долг период во телото на
мајката, така што кога се раѓаат
младенчињата до одреден степен
развиени се за живот во надворешната
средина. Со телото на мајката ембрионите
се поврзуваат со обвивката, наречена
плацента, кој им служи како орган за
исхрана.
Во оваа поткласа спаѓаат: инсектојадите
(еж), летачи (лилјаци), гризачи
(верверица, зајак, глодари), грабливци-
ѕверови (куче, pиc, мачки, мечки, јазовец),
водни цицачи (кит, делфин, фока, морж),
парнокопитни (жирафа, камила,
говеда),непарнокопитни (коњ, магаре,
слон, зебра, носорог),примати
(полумајмуни-лемур, мајмуни и човек).