2. Низ клеточната мембрана постојано се
разменуваат материи меѓу клетката и
надворешната средина.
Во клетката влегуваат материи кои имаат
различна судбина:
- дел се преработуваат и се користат како градбено
структурен материјал или служат за синтеза на
хормони ;
- дел се разложуваат до CO2 , H2O и некои азотни
соединенија при што се ослободува енергија.
Клетката - отворен динамичен систем
3. Клеточната мембрана е семипермеабилна
(полупропустлива). Тоа значи дека таа
покажува селективна пропустливост.
Начинот на транспорт на материите низ неа
е одреден од карактеристиките на
молекулите кои се транспортираат.
4. Правец на
пасивен транспорт
Правец на
активен транспорт
Концентрација на
една материја
Концентрација на
една материја
Пренесување на растворени материи
пасивен транспорт активен транспорт
5. Транспорт на материи за кои не е потребно
трошење на енергија бидејќи материите се
движат од средина со поголема кон средина со
помала концентрација или попрецизно од
средина каде материите ги има повеќе кон
средина каде ги има помалку.
Постојат два типа на пасивен транспорт:
1. Осмоза
2. Дифузија
Пасивен транспорт
6. Тип на пасивен транспорт при кој молекули на
вода се движат преку полупропустлива мембрана
од место со пониска кон место со повисока
концентрација.
Осмоза има кога концентрациите на материите во
клетката и во надворешната средина се различни.
Притисокот што се создава при преминување на
материите низ мембраната се до изедначување на
нивните концентрации од двете страни на
мембраната се вика осмотски притисок.
Осмоза
7. Вода во клетката ќе навлегува во случај кога клетката ќе се
најде во хипотоничен раствор (р-р со ниска
концентрација, разреден)
Тогаш клетката ќе набабри и во еден момент ќе пукне
мембраната.
Типичен пример за тоа е хемолизата на еритроцитите.(До
хемолиза доаѓа кога крвната плазма е хипотонична)
Осмоза
8. За разлика од животинските клетки, кај
растителните клетки не доаѓа до пропаѓање на
клетката бидејќи кај нив над клеточната
мембрана има клеточен ѕид.
При навлегување на вода во растителна клетка
живата содржина на клетката одвнатре врши
притисок т.н. тургорен притисок кој го
прекинува натамошното влегување на водата.
Под тургорен притисок се подразбира
притисокот што го врши внатрешната содржина
на клетката врз клеточната мембрана и
клеточниот ѕид
10. Плазмолиза- појава кога клетката ќе се најде во
хипертоничен раствор и вода излегува од клетката
што доведува до збрчкување на клетката.
Причина за тоа е губење на напнатоста на
клетката и одделување на цитоплазмата од
мембраната и нејзино собирање во средината во
вид на топче.
Деплазмолиза- кога клетка ќе се најде во
хипотоничен раствор, вода навлегува во неа и се
враќа нејзината напнатост.
11. ДИФУЗИЈА – движење на молекули или јони
од место со повисока кон место со пониска
концентрација се додека не се изедначи нивната
концентрација во просторот
Дифузијата се одвива :
- помеѓу молекулите на липидите од мембраната,
- преку протеински канали.
Облици на дифузија:
• проста дифузија
• олеснета дифузија
Дифузија
12. Дифузија
Проста дифузија
Со проста дифузија се движат молекули на О2 и
СО2, молекули на гликоза и некои други ситни
молекули
•
13. Олеснетата дифузија вклучува учество на
протеински носачи во транспортот на материите.
Секој протеински носач е специјализиран
за транспорт само на еден тип молекула.
При интензивна мускулна контракција,
мускулните клетки имаат потреба од поголемо
количество на глукоза која ќе дојде во клетките по
пат на олеснета дифузија.
Освен глукоза по пат на олеснета дифузија се
пренесуваат и јони и аминокиселини.
Олеснета дифузија
14.
15. Тоа е транспорт на материи од средина со ниска
кон средина со повисока концентрација при што
мора да се совлада отпорот на средината во која
се внесуваат материите и затоа за овој транспорт
се користат протеински носачи и се троши
енергија.
Типичен пример за таков транспорт е
транспортот на Na и K -јони со помош на т.н
Na-K пумпа
Активен транспорт
19. Активниот транспорт е важен за многу
физиолошки процеси:
- пренесување на нервни импулси,
- контракција на мускули,
- ресорпција на хранливи материи,
- реапсорпција на вода и соли во дистални
каналчиња
20. цитоза
Карактеристична тогаш кога се транспортираат
големи молекули и честички во тврда или течна
состојба.
Облик на транспорт кој се реализира со промена на
обликот на мембраната
21. Егзоцитоза – отстранување на материи од клетката
кои:
- се непотребни и треба да се исфрлат од клетката
(крајни продукти од метаболизмот) - екскреција
- материи кои сепотребни за други клетки -
секреција
цитоза
23. Ендоцитоза – внесување на материи во
клетката.
Постојат два вида на ендоцитоза:
Фагоцитоза – внесување(вовлекување) на
цврсти материи или поголеми честички (начин на
исхрана на нижи организми а кај
многуклеточните одредени клетки ја остваруваат
заштитната улога).
Пиноцитоза – внесување на крупни капки
течност.
цитоза