2. ВОВЕД Модерниот начин на живеење носи со себе желба за луксуз. Посебно младите стануваат жртви на она што го гледаат по телевизиите притоа не согледувајќи ги последиците. Во последно време пирсот стана синоним на модерното и урбаното. Ставањето пирс покрај што служи како украс на телото со себе носи и голем број опасности. А кога станува збор за опасностите посебно е опасен пирсот на јазикот. Затоа, проследете ги следните работи кои ќе ве натераат два пати да размислите пред да се одлучите да поставите пирс на јазик.
3. Јазикот како орган во устата Јазикот е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили. Вкусот, допирот и болката кај јазикот се осетуваат со помош на папилите (соодветни рецептори):