Presentation by the SAI of Bosnia and Herzegovina, in Macedonian, at the third and last webinar co-organised by SIGMA and the Network of Supreme Audit Institutions of EU candidates and potential candidate countries, held on 28 June 2021. The event explores the audit of COVID-19 related expenditures.
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Topic 4 - Moldova - National center for Personal ...
PPT, SAI Bosnia and Herzegovina, Audit of COVID related expenditures, SIGMA, 28 June 2021 (Macedonian)
1. КАНЦЕЛАРИЈА ЗА РЕВИЗИЈА НА
ИНСТИТУЦИИТЕ НА БИХ
Мрежа на врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ и Европскиот суд на ревизори
Ревизија на расходи поврзани со КОВИД-19 – 3та Работилница
Zoom, јуни 2021
Јасмина Галијашевиќ, Раководител на Сектор за меѓународна соработка
Активности на институциите во БиХ за заштита и спасување при
природни и други катастрофи
- Следење на ревизиите на успешност -
2. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
Мотиви за ревизијата:
реакцијата на соодветните институции по два настани од 2014 година:
Катастрофални поплави; Избивање немири по јавните протести.
3. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
Наоди на ревизијата:
Недостиг на координација и соработка помеѓу соодветните институции на
државно ниво и институциите на пониско ниво;
Недостигаа релевантни стратешки и плански документи на државно ниво;
Не беше обезбедено ефикасно и функционално работење на Координативното
тело за заштита и спасување;
Отсуство на специјализирана единица за заштита и спасување од природни или
други катастрофи како и учество во меѓународни вежби, операции за помош и
други активности;
БиХ нема воспоставено систем за повикување на итните служби -112;
Нема соодветна анализа во однос на опремата и работната сила потребни во
случаи на вонредна состојба;
СМ не носел одлуки, не следел и не известувал, на редовна основа, за
спроведувањето на плановите за заштита и спасување;
Релевантните институции никогаш објективно не ги анализирале околностите и
пропустите утврдени во минатите кризни состојби, ниту пак предложиле мерки за
подобрување на институционалните и поединечните одговорности.
4. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
Ревизија на
успешност
од 2016
Следење 2021
5. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
СЛЕДЕЊЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РЕВИЗИЈАТА НА УСПЕШНОСТ
Активности на институциите во БиХ за заштита и спасување при природни
и други катастрофи
Не се преземени никакви активности
0 препораки
Преземени се почетни активности
3 препораки
Спроведени
2 препораки
Делумно спроведени
7 препораки
СТАПКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ
6. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
Меѓутоа…
Подобрувањата беа направени само формално бидејќи соодветните
институции во БиХ не дадоа ефективен одговор на пандемијата со
коронавирусот:
Активностите на Координативното тело не обезбедија координирана
реакција на кризата:
неможност да се постигне консензус,
членовите не присуствуваа на седниците,
оставка на претседавачот на Координативното тело, а никогаш не се назначи
нов претседавач.
БиХ не обезбеди навремена масовна вакцинација на своето население.
7. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
БиХ е меѓу петте земји во светот со највисока стапка на
смртност од коронавирусот – над 9000 смртни случаи;
Договор за КОВАКС потпишан во септември 2020 година,
првите дози пристигнаа дури на крајот од март 2021 година;
Неуспешни измени на соодветното законодавство за да се обезбеди директна
набавка на вакцини на државно ниво;
Првите дози од програмата „EU4Health“ пристигнаа дури во мај 2021 година;
Донации на вакцини;
„масовната“ имунизација започна дури во април 2021 година;
досега се комплетно вакцинирани само 4,2 % од населението;
8. Канцеларија за ревизија на институциите на Босна и Херцеговина
Резултатите од следењето укажуваат на следново:
Потребата итно да се анализираат сите околности и последици од актуелните
неуспеси и да се предложат мерки за подобра подготвеност и реакција во иднина;
Потребата да се донесе антипандемиска стратегија на државно ниво во која ќе се
утврди постапка за координирана (групна) набавка на материјали за имунизација;
Потребата да се донесат навремени измени во законодавството за да се обезбеди
итен одговор во кризни состојби;
Потребата Координативното тело да стане целосно функционално и подготвено
веднаш да одговори на кризите.