2. Што се витамини?
Витамините се комплексни соединенија од различна
хемиска природа кои се важни за нормалното биолошко
функционирање на многу живи суштества. Поточно, тие во
многу мали количини се потребни за растењето,
нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо,
за одржување на здравјето. Растенијата и некои
микроорганизми се способни сами да ги синтетизираат сите
потребни витамини, додека животните одредени витамини
ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку
исхраната. Витамините се делат на витамини растворливи
во вода и витамини растворливи во масти.
3. Витамин А
Витаминот А (или ретинол) е првиот откриен витамин, па
затоа е именуван со првата буква од латиницата. За првпат
бил препознаен во 1913 година. Тој е особено важен за
одржување на видот (на очите), за добрата состојба на
коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно
витамин А, организмот е посклон кон инфекции.
На нашето тело му е потребен витаминот А за да се
произведе родопсин, односно пигмент кој ни помага да
гледаме кога е темно. Овој витамин игра важна улога во
имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски
и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено
значаен при прележувањето на сипаници кај децата.
4. Витамин А
Тој помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат
влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни
организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.
Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во
заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен во
лекувањето на акни и мали брчки.
Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои
видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го
намалува ризикот од срцеви заболувања.
Недостигот на овој витамин, иако е реткост, сепак се појавува.
Притоа, најризични групи се луѓето болни од рак, туберколоза,
пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на
простатата.
5. Витамин А
Некои од симптомите кои се појавуваат при
дефицит на витамин А се:
Склоност кон вирусни инфекции
Ноќно слепило
Опаѓање на косата
Загуба на апетит
Проблеми со коските
6. Извори на витамин А
Жолтото и темно зеленото овошје и зеленчук имаат
високо количество на провитамин А, особено бетакаротен. Во некои плодови, како што се морковите,
провитамините не се веднаш во состојба за
апсорпција, бидејќи се врзани со протеини. Затоа е
потребно претходно да се сварат.
Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина
и светлина. Иако, при готвењето генерално не се
уништува, може да се направи неактивен кога е
изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во
присуство на витамин Е.