КОМУНИКАЦИЈА СО
МЕДИУМИТЕ
Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој
документ целосно е одговорна Фондацијата Метаморфозис и во никој случај не ги рефлектира
ставовите на Европската Унија.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Медиумите претставуваат само еден сегмент од
широкиот корпус на елементи на односите со
јавноста;
• Добрата, ефикасната и постојаната комуникација со
медиумите е исклучително важна за Комисиите за
односи меѓу заедниците (КОЗ) на локално ниво;
• Онаму каде што нема медиуми, локалната
самоуправа и Комисијата мора да се фокусираат и да
бараат други ефикасни начини на комуникација со
граѓаните и со јавноста
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
Комуникацијата со медиумите не треба да се
сведе само на промоција на Комисијата.
Комисијата за односи меѓу заедниците треба да
изгради систем на постојана, отворена,
навремена и точна комуникација со новинарите.
Медиумите имаат голема општествена улога:
• го формираат јавното мислење;
• имаат надзорна функција врз власта, опозицијата,
законите, социјалните прашања и др.;
• воспоставуваат трендови и, најважно од сè,
• создаваат публика.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
Од аспект на односите со јавноста, медиумите
имаат двојна улога.
Од една страна, тие претставуваат целна
јавност, а од друга страна претставуваат
комуникациска алатка преку која општината и
КОЗ може да пренесуваат информации и пораки
до граѓаните.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Многу е важно добро да се познаваат медиумската
сцена и медиумските релации, како на локално, така
и на регионално и на национално ниво.
• Едновремено, треба добро да се познаваат и
начините на кои функционираат медиумите и
новинарите (кога одат на настани, кога ги
подготвуваат материјалите за објавување, кога имаат
дежурни екипи, кои новинари следат определени
теми, кои се уредниците на определени рубрики и
др.).
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
Технички карактеристики
Телевизиите се најмоќниот медиум - најраспространета
публика, опфаќаат голем број луѓе во исто време, нудат и слика
и глас, но нивното време е најскапо, и доколку бесплатно ја
објават вашата информација
Печатот е многу побавен медиум - своите страници ги затвора
порано (за да излезат во трафиките навечер, весниците се
печатат во попладневни часови). Неделниците нудат простор
за аналитичност и поопширен пласман на информации, но
имаат најсегментирана публика и мал тираж.
Најбрзо реагираат информативните агенции и интернет-
порталите. Дополнителен проблем кај информативните агенции
е тоа што целосните информации се достапни само за нивните
претплатници, а интернет -порталите се достапни само за онаа
публика која има пристап до интернет.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Комисијата, во зависност од своите цели,
капацитети, присуството на локални, национални и
регионални медиуми, треба да креира сопствен
систем на ефикасна, постојана, отворена и
навремена комуникација со новинарите и со
медиумите воопшто;
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Секоја Комисија сама треба да ги селектира и да ги
развива алатките за комуникација со медиумите за
кои смета дека се најефикасни и даваат најдобри
резултати;
• Луѓето задолжени за комуникација со новинарите
треба да поседуваат определени специфични
комуникациски вештини и знаења.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Лицето за односи со јавноста треба одлично да ја
познава медиумската ситуација;
• Треба да има ажурирана листа на медиуми (основни
податоци, адреси, телефони, електронски адреси,
имиња на сопственици, главни уредници и др.) и
адреса/список на новинари и дописници со нивни
контакти и опис на области што ги следат;
• Треба и постојано да следи и да анализира (да
подготвува прес-клипинг) што објавуваат медиумите
во врска со општината, градоначалникот, советот и
локалната самоуправа во целина.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ
• Секоја информација која излегува од Комисијата
мора да има јасна и недвосмислена порака;
• Информацијата мора да биде кратка, прецизна и
разбирлива;
• Јазикот што се употребува треба да биде
стандардниот (литературен и граматички исправен)
јазик;
• Речникот и стилот треба да бидат пристапни и
разбирливи за сите граѓани, без разлика на нивната
возраст или образовна структура.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ - ПОРАКА
• Секоја добро спакувана информација го почитува
правилото на „превртена пирамида“ и дава одговор
на најосновните прашања: кој, кога, каде, што, зошто
и како;
• Правилото на „превртена пирамида“ значи селекција
на информациите, фактите и аргументите според
значењето;
• Информациите не се соопштуваат или пишуваат
хронолошки.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ - ПОРАКА
• Секогаш кога се подготвува некоја порака или
информација, таа во првиот пасус (првите две/три
реченици) треба да ги содржи најважните и најновите
информации.;
• Потоа треба да следат фактите и аргументите како
поткрепа и објаснување на најважната и
најзначајната информација, порака или констатација;
• До крајот на текстот или на вербалната порака се
редат сите дополнителни информации;
• За крај се оставаат најмалку важните податоци и
информации.
КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИТЕ - ПОРАКА