2. Регистрација – ГО треба да имаат регулиран правен статус
согласно ЗЗФ
Акредитации и сертификати – надворешна агенција може да
издаде сертификат дека организацијата работи во согласност
со одредени норми и политики
Годишни извештаи – редовното публикување на извештаите
осигурува дека организацијата ги спроведува одговорно
планираните активности
Финансиски извештаи – редовно ажурирање и составување на
финансиски извештаи
Ревизии и оценки направени од трети страни – надворешни
ревизии кои помагаат да се анализира и да се види дали
организацијата работи во согласност со соодветни финансиски
стандарди и норми
Промоција на активности – искористување на поддршката од
медиумите и интернет за да се презентираат активностите.Тоа
ја зголемува видливоста и довербата на јавноста
3. Развој на сопствени интерни процедури – сопствени
политики за документацијата, формати за извештаи,
записници…
Извештаи од анкети со различни чинители – прибирање на
ставови на корисниците за да се разбере нивната перцепција
за организацијата
Достапност на контакт информации – точни контакт детали
на веб страната, меморандумот и други комуникациски
алатки
Подобрување на комуникациските канали – развој на
комуникациски канали за да се споделат успешни приказни со
широк аудиториум – прес-соопштенија, билтени, социјални
медиуми
Иницирање партнерства со етаблирани организации –
придонес кон добивање на признание и доверба во
заедницата
4. Темелно истражување пред да се стапи во партнерство со
нова организација – помага во избор на доверливи партнери
кои не биле инволвирани во измами
Публикување на листата на членови на управни структури –
ажурирајте ја листата кога има промени на членовите
Подобрени политики за човечки ресурси – ќе се осигура
задржување на персоналот и етичко вработување
Усвојување на етички методи на фандрејзинг – осигурајте се
дека се држите до соодветните насоки и известувајте ги
транспарентно донаторите
Јасно дефинирани процедури за членство – развијте јасни
правила во однос на чланарината, обврските на членовите итн.
5. Презентацијата е подготвена од обучувачкатаСунчица
Саздовска
Контакти од обучувачката: sazdovska.suncica@gmail.com
Обуката беше спроведена со финансиска помош од Европската Унија, во рамките на
проектот Национален ресурсен центар за граѓански организации. Содржината на
презентацијата е одговорност на обучувачот и на никаков начин не ги одразува
ставовите на Европската Унија.
Контакт: info@rcgo.mk