3. Пораки
Целна група Клучна порака Алатки
Грас рут и
неформални ГО
Вашето влијание може да резултира со успех
доколку делувате организирано, соработувате и
ги користите сите средства кои ви стојат на
располагање.
MailerLite,Webinar, Website,
Facebook (group), Онлајн
портали (за ГО).
Регистрирани/
активни ГО
Вашето искуство со проектна работа може да
придонесе кон мобилизирани фондови и маси во
иднина, доколку имате силни организациски
капацитети, делувате здружено и локално, и
добро ги претставувате вашите успеси.
MailerLite, еБилтен, GForms,
Webinar, веб-страна,
Facebook (group), Онлајн
портали (за ГО).
Мрежи на ГО Социјалниот капитал кој го поседувате ќе има
ефект кога ќе ги зголемите капацитетите на
членките по клучните прашања и ќе вложите во
јасна внатрешна комуникација.
MailerLite, еБилтен, веб-
страна, Facebook (group)
Релевантни
министерства
Експертите од граѓанскиот сектор се партнери во
креирањето и спроведувањето на политиките, и
истите се отворени за соработка и споделување
на знаење и искуство.
MailerLite, покани на настани
4. Пораки
Целна група Клучна порака Алатки
ЕУ делегација Преку континуирана транспарентност во
проектните активности ќе имате можност да
имате увид и да оствaрите подобра
координација помеѓу различните проекти.
еБилтен, MailerLite, веб-
страна, социјални медиуми
Спроведувачи и
волонтери
Вие сте првиот контакт со јавноста и вашето
добро познавање на проектот ќе доведе до
зголемена видливост и квалитетна
информираност.
Квартални состаноци,
електронски организациски
календар, мобилен софтвер
за комуникација
Општа јавност ГРЦ нуди бесплатна поддршка за севкупното
работење на граѓанските организации.
Користејќи ги стручноста и ресурсите на
центарот, тие ќе се надградат и успешно ќе ги
застапуваат интересите на граѓаните.
Медиуми, социјални
медиуми, веб-страна
5. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
Алатки во односите со јавноста
• Надворешни медиуми
• Внатрешни медиуми
• Односи со медиумите
• Односи со заедницата
• Работа со индивидуални групи
• Методи на директна комуникација
6. ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
• Медиумите претставуваат само еден сегмент од
широкиот корпус на елементи на односите со јавноста;
• Добрата, ефикасната и постојаната комуникација со
медиумите е исклучително важна за секоја организација;
• Систем на постојана, отворена, навремена и точна
комуникација со новинарите е она што им е потребно на
организациите
7. ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
Зошто се важни за граѓанските организации:
• Влијаат на формирањето на јавното мислење;
• Воспоставуваат трендови;
• Создаваат публика
• Медиумите имаат двојна улога: целна јавност и
комуникациска алатка;
8. ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
Што треба да знаат граѓанските организации:
• Добро да ја познаваат медиумската сцена и
медиумските релации, на сите нивоа.
• Добро да ги познаваат начините на кои
функционираат медиумите и новинарите.
• Да имаат ажурна листа на медиумите и
новинари
• Постојано да следат и анализираат тоа што го
објавуваат медиумите за активностите од
нивни интерес
9. ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
Начин на комуникација со медиумите:
• Секоја информација која излегува мора да има јасна и
недвосмислена порака.
• Информацијата мора да биде кратка, прецизна и
разбирлива.
• Јазикот што се употребува треба да биде стандардниот
(литературен и граматички исправен) јазик.
• Речникот и стилот треба да бидат пристапни и
разбирливи за сите граѓани, без разлика на нивната
возраст или образовна структура.
10. ОДНОСИ СО МЕДИУМИТЕ
Алатки во односите со медиумите
• Соопштенија за јавност
• Прес конференции
• Брифинг за новинари
• Посети за новинари
• Настани: прослави, награди и др.
11. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
• Кога се испраќа соопштение за јавност?
• Кои правила треба да се почитуваат:
• Содржина
• Форма
• Задолжителни информации
• Што добиваат организациите со соопштение за јавност?
• Национална/регионална/локална перспектива?
12. КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ
• Кога организирате конференција за медиуми?
• Какви се форматските барања што треба да ги имате на ум?
• Покани за медиумите
• Други важни елементи:
• Пакети за новинарите
• Листи за учество
• Неофицијално
13. Презентацијата е подготвена од обучувачката Гонце
Јаковлеска
Контакти од обучувачката: gjk@mcms.mk
Обуката беше спроведена со финансиска помош од Европската Унија, во рамките на
проектот Национален ресурсен центар за граѓански организации. Содржината на
презентацијата е одговорност на обучувачот и на никаков начин не ги одразува
ставовите на Европската Унија.
Контакт: info@rcgo.mk