Презентација на резултатите од истражувањето спроведено во рамките на магистерската теза на Ирина Шумадиева кое опфати 10 популарни медиумски веб-сајтови од Македонија
Комуникабилноста на македонските медиумски веб-сајтови – услов за позитивно корисничко искуство
1. Комуникабилноста на македонските
медиумски веб-сајтови – услов за позитивно
корисничко искуство
Ирина Шумадиева | Институт за социолошки и политичко правни истражувања
18.12.2012
6. Што е употребливост?
Гудвин:
„употребливоста го покажува степенот на
компатибилност помеѓу системот и
когнитивните својства на корисникот за
комуникација, разбирање, помнење и
способност за решавање проблеми.“
Стив Круг:
„не терај ме да мислам“
7. Што е употребливост?
Квалитативно обележје:
Колку ни е лесно да користиме одреден веб-сајт?
8. 5 квалитативни компоненти на
употребливоста
Можност за учење
Ефикасност
Можност за помнење
Грешки
Задоволство
9. Зошто е важна употребливоста?
Веб-сајтовите кои ги посетуваме, сакаме да бидат
поупотребливи за да ни биде полесно да ги
користиме, иако најчесто не сме свесни за тоа.
Обрнувањето внимание на употребливоста,
значи помалку фрустрација и повеќе задоволство
за корисниците, како и поголеми шанси дека ќе
ги видите повторно.
10. Цел на истражувањето
Да се покаже општиот степен на примена на
принципите на употребливост при нивното
развивање, дизајнирање (и ажурирање), како и
индивидуалните разлики помеѓу нив.
Да воочи како корисниците комуницираат со овие
веб-сајтови кога се во интеракција со нив.
Да покаже кои пропусти влијаат на нивната одлука за
посетување на сајтот во иднина и за чувството кое го
имаат додека го користат.
11. Неупотребливи веб-сајтови?
Не постои единствен сет од правила кои би можеле да
бидат применети или прекршени
Не постои веб-сајт кој нема проблеми со употребливоста
Колку такви проблеми имаат веб-сајтовите, дали
корисниците можат брзо да ги надминат и дали со
отстапувањето од принципите на употребливост
всушност се остварува повисока цел (поголема
можност за профит)?
12. Истражувачки прашања
Колку се употребливи македонските медиумски веб-
сајтови?
Кои принципи на употребливост се најмногу, а кои
најмалку применети?
Кои принципи имаат клучна улога за користење на веб-
сајтовите, а кои споредна?
Кои веб-сајтови се повеќе, а кои помалку употребливи?
Колкава улога има минатото корисничко искуство?
13. Методологија
Тестирање со набљудување
Субјективна оценка на чувството на Ликертова скала
Хевристичка евалуација
14. Споредба на сите веб-сајтови
скала на
задоволство
решенија на
задачи
хевристичка евалуација ранг
1 Кајгана 3,63 9,00 2,61 5,08
2 Плус инфо 4,00 8,00 2,25 4,75
3 Вечер 3,83 7,00 2,40 4,41
4 Канал 5 3,70 7,00 2,30 4,33
5 Точка 3,57 5,00 2,60 3,72
6 Курир 3,47 4,00 2,48 3,32
7 Он.нет 3,57 3,00 2,61 3,06
8 Сител 3,50 3,00 2,39 2,96
9 Иди види 3,77 1,00 2,27 2,35
10 Дневник 2,47 6,00 2,06 2,27
Рангирање на веб-сајтовите според резултатите од истражувањето
15. Анализа на карактеристиките на сите веб-сајтови
(1)
Посетените линкови се означени со друга боја или стил 1,15
Постои корисна страница за помош или за често поставувани
прашања
1,20
Сликите содржат соодветен Alt таг 1,58
Страниците се згодни за печатење 1,63
Постои мапа на сајтот или друга помошна навигација која лесно се
забележува
1,65
Веб-сајтот има прилагодена страница 404 со дополнителни
информации
1,68
Најнегативните карактеристики според хевристичката евалуација
16. Анализа на карактеристиките на сите веб-сајтови
(2)
искази со најнегативни оценки оценка (↑)
број на сајтови за кои е
дадена негативната
оценка
Секој елемент лесно се забележува и сè што се бара може лесно и
брзо да се најде
2,90 4
Пребарувачот овозможува беспрекорно наоѓање на саканите
информации
3,07 2
Боите се добро ускладени и нема елементи кои ми го одвлекуваат
вниманието
3,27 2
Нема копчиња, линкови и формулари кои погрешно или недоволно
си ја опишуваат функцијата
3,37 1
Менито е убаво организирано, категоризирано и именувано 3,40 2
Дизајнот е пријатен и овозможува пријатно искуство 3,63 2
Немав причина да го напуштам сајтот поради некаков проблем или
извор на фрустрација
3,67 1
Најнегативните карактеристики според скалата на задоволство
17. Заклучоци (1)
Корисниците не ги сакаат рекламите, често се фрустрираат од нив,
но никогаш не се и повод за напуштање на сајтот.
Корисниците не ги сакаат анимираните сегменти на сајтовите,
особено кога ги има многу на мал простор.
Истото се однесува и на честата употреба на графички елементи
за визуелизирање на различни функции на сајтот.
Корисниците имаат позитивно чувство кон позадинското
брендирање.
Корисниците покажуваат големо незадоволство, па дури и
револт, кога пребарувачот не им враќа резултати, не прифаќа
пишување на латиница и не филтрира добро.
18. Заклучоци (2)
На корисниците им се допаѓа проширениот приказ на вестите
по категории по должината на почетната страница.
Им се допаѓа колорното кодирање на категориите.
Не им се допаѓа кога одредени елементи од кои очекуваат да
добијат фидбек не се кликабилни.
Не им се допаѓа кога постои различно именување на
категориите на различни делови од сајтот.
Корисниците сакаат и добро ги забележуваат истакнатите топ
вести и најчитаните содржини.
Корисниците сакаат присуство на мапа на сајтот, архиви и
прелистување на содржините по категорија.
19. Заклучоци (3)
Корисниците во прв момент позитивно реагираат на некарактеристични
имиња во менито.
Но, им пречи кога не знаат што значи некое име во менито и кога не знаат
што можат да очекуваат кога би кликнале на него.
Други проблеми со менито: несоодветно поставени поткатегории;
поделеност според различни критериуми; претерана разграденост и
неконзистентност.
На сајтовите често им недостасува прилагодена страница 404.
На корисниците им пречи некористење на поднаслови, убави слики, читлив
фонт, изделување на целините во параграфи и сл.
Корисниците не би дошле на забавни сајтови за да читаат сериозни
содржини.
20. Разлики во употребливоста кај различни видови
веб-сајтови
Веб-сајтови на печатените медиуми – пресликуваат
презентирање на содржините како во весник.
Телевизиски веб-сајтови – малку дополнителни
функционалности кои би ја поттикнале интеракцијата со
корисникот и подолго би го задржале.
Веб-базирани медиуми – многу функционалности, побогат
дизајн, широко разградени менија, измислени називи во
менито и присуство на повеќе пропусти од аспект на
употребливоста, што се должи на нивната комплексна
структура.
21. Причини за напуштање на веб-сајтовите
Корисниците скоро секогаш се откажуваат кога не би
знаеле каде да ја бараат конкретната информација.
22. Препораки (1)
Секоја целина во рамките на страниците да биде
соодветно изделена и означена.
визуелно изделување на рекламите од содржините
Веб-сајтовите би требало подобро да ги интегрираат
своите потсајтови и да ја овозможуваат двонасочната
комуникација помеѓу нив.
Треба да се внимава при интегрирањето на нови
функционалности – корисниците не можат да трошат
време да учат како да ги користат.
23. Препораки (2)
Главното мени треба да е добро истакнато, соодветно
именувано, категоризирано и систематизирано,
конзистентно и не премногу разгрането.
Пребарувачите треба да овозможуваат и пребарување
на латиница.
Сајтовите на традиционалните медиуми да ги
прилагодат веб-изданијата според природата на
вебот.
Да се подобри уредувањето на содржините за читање
од екран.