SlideShare a Scribd company logo
1 of 3
ПРАШАЊА ОД МАГНЕТИЗАМ


1. Какви можат да бидат магнетите според настанувањето?
    Природни и вештачки.
2. Какви можат да бидат магнетите според постојаноста?
    Привремени и постојани.
3. Од што се изработуваат вештачките магнети и каква форма имаат?
    Вештачките магнети се изработуваат од челик со додаток на кобалт и никел, кои со
    дополнителна постапка се магнетизираат. Вештачките магнети имаат форма на прачка,
    потковица, игла и друго.
4. Кои магнети ги нарекуваме Привремени, а кои Постојани?
    Материјалите кои по престанувањето на влијанието на магнетот ги губат магнетните
    својства се наречени Привремени магнети. Материјалите кои по престанувањето на
    влијанието на магнетот не ги губат магнетните својства се наречени Постојани магнети.
5. Што привлекува магнетот и низ што дејствува магнетната сила?
    Магнетот привлекува само железни предмети. Магнетната сила дејствува низ хартијата,
    стаклото, лесонитот и пластиката, додека низ лимот не дејствува.
6. Како се наречени краевите на магнетот, колку има такви краеви и како се наречени?
    Краевите на магнетот се наречени магнетни полови. Секој магнет има два пола: северен
    (обоен црвено означен со N) и јужен (обоен плаво означен со S).
7. Што се случува кога ќе се доближат два магнети со ист пол, а што со различе?
    Ако се доближат со ист пол се одбиваат, а со различен се привлекуваат.
8. Што е магнетно поле и како се нарекуваат линиите со кои се претставува магнетното
    поле?
    Просторот во кој дејствуваат магнетните сили се нарекува магнетно поле. Линиите со кои
    се претставува магнетното поле се нарекуваат магнетни силови линии.
9. Што докажал Ерстед со неговиот експеримент?
    Околу секој спроводник низ кој тече струја постои магнетно поле и под дејство на ова
    поле, магнетната игла се завртува.
10. Кое правило се употребува за определување на насоката на свртување на магнетната игла
    и како гласи?
    За определување на насоката на свртување на магнетната игла се употребува правилото
    на испружени прсти на десната рака, кое гласи: Ако десната рака се постави над
    спроводникот, пришто прстите се исправени во насокатаво која тече електричната струја,
    а дланката е свртена кон спроводникот, тогаш палецот ја покажува насоката на
    свртување на северниот пол на магнетната игла.
11. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните силови линии кај
    праволиниски спроводник и како гласи?
    Се користи Амперовото правило на десната рака, кое гласи: Ако струјниот спроводник се
    фати со десната рака, така што палецот ја покажува насоката на струјата, тогаш
    свитканите прсти на десната рака ќе ја покажуваат насоката на силовите линии на
    магнетното поле.
12. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните силови линии кај
    кружен спроводник и како гласи?
    Се користи Правило на десната тупаница, кое гласи: Ако струјата тече во насока на
    свитканите прсти на десната тупаница, тогаш магнетните силови линии се во насока на
    палецот.
13. Што е Соленоид?
    Спроводник свиткан во повеќе кружни намотки се вика Соленоид.
14. Што е Електромагнет?
    Соленоид со железно јадро се вика Електромагнет.
15. Која сила ја викаме Амперова?
    Силата со која спроводникот низ кој тече електрична струја се отклонува кога ќе се најде
    во магнетно поле на потковичест магнет се вика Амерова сила.
16. Кое правило се употребува за објаснување на отклонот на спроводникот во потковичест
    магнет и како гласи?
    Се употребува правилото на испружени прсти на левата рака, кое гласи: Ако дланката се
    сврти кон северниот пол, а испружените прсти да ја прикажуваат насоката на струјата,
    тогаш палецот го прикажува отклонот на спроводникот.
17. Што е Електромотор и од кои делови е составен?
    Електромотор е електричен апарат кој електричната енергија ја претвара во механичка
    работа. Електромоторот е составен од три основни делови: ротор, статор и колектор.
18. Што е електромагнетна индукција, а што индуцирана електрична струја?
    Појавата при која се добива електрична струја во спроводник со помош на променливо
    магнетно поле се вика Електромагнетна индукција. Струјата што се добива со помош на
    променливо магнетно поле се вика индуцирана електрична струја.
19. Како гласи Фарадеевиот закон за индуцирана струја?
    Инструментот покажува струја кога калемот се наоѓа во променливо магнетно поле, без
    разлика дали се движи магнетот или се движи калемот. Насоката на индуцираната струја
    зависи од насоката на магнетното поле и насоката на движење на магнетот.
20. Како гласи Флеминговото правило на десната рака?
    Ако трите прсти од десната рака ги поставиме под прав агол и показалецот го поставиме
    во насока на магнетното поле, а движењето го правиме во насока на палецот, тогаш
    насоката на десниот прст ќе се совпадне со насоката на индуцираната струја.
21. Како гласи Ленцовото правило?
    Индуцираната струја секогаш има насока, при кој нејзиното магнетно поле се противи на
    промената на магнетниот флукс, што неа ја предизвикува.
22. Која струја ја нарекуваме наизменична?
    Електричната струја чија јачина и насока во текот на времето наизменично се менуваат
    се вика Наизменична.
23. Што е осцилација, период и амплитуда?
    Процесот на постојано растење и опаѓање на струјата, кој се повторува, се нарекува
    осцилација. Врметраењето на една осцилација се вика Период. Максималната вредност
    на струјата се вика Амплитуда.
24. Што е фреквенција и која е врската помеѓу фреквенцијата и периодот?
    Бројот на осцилации на струјата во единица време се вика Фреквенција. Фреквенцијата и
   периодот се поврзани со релацијата:      .
25. Која машина ја нарекуваме Генератор, од што е составен и како поинаку се нарекува?
    Електричен генератор е направа кој механичката енергија ја претвора во механичка. Тој
    е составен од: ротор, статор, прстени и четкици. Генераторите на наизменичната струја
    поинаку се нарекува Алтернатор.
26. На која фреквенција работат генераторите кај нас, а на која во САД?
    Кај нас работат на фреквенција од 50Hz, а во САД на 60Hz.
27. Што е трансформатор?
    Трансформатор е уред кој високиот напон го претвара во низок и обратно, со помош на
    електромагнетна индукција.
28. На што е еднаков односот помеѓу напонот и навивките во примарот и секундарот?
    Односот помеѓу напонот во примарното коло и напонот во секундарното коло е еднаков
    на односот помеѓу бројот на навивките на примарниот калем и бројот на навивките во
    секундарниот калем.
29. Напиши ги формулите за односот помеѓу напонот и струите во примарот и секундарот?
                                                .
30. Напиши ги формулите за односот помеѓу струите и навивкиѕр во примарот и секундарот?



31. Објасни го принципот на работа на Трансформаторот.
32. Објасни го добивањето на Наизменичната струја
33. Објасни го Фарадеевиот експеримент за добивање на Индуцирана струја.
34. Објасни го вртењето на рамка во потковичест магнет.

More Related Content

What's hot

полугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддполугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддZivko Petrovski
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни Andrijana Aleksovska
 
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOsnovno uciliste
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкиVioletka Spasevska
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMBiljana CM
 
Klasifikacija na rastenija
Klasifikacija na rastenijaKlasifikacija na rastenija
Klasifikacija na rastenijaMaja Saridis
 
Електронски и печатени медиуми
Електронски и печатени медиумиЕлектронски и печатени медиуми
Електронски и печатени медиумиPetreska25252
 
Eнергија на еден остров - Eлена Aдамова
Eнергија на еден остров - Eлена AдамоваEнергија на еден остров - Eлена Aдамова
Eнергија на еден остров - Eлена AдамоваSilvana Krsteska
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiNatasa Durtanoska
 
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfПрирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfNatasa Durtanoska
 
сказна за слогот
сказна за слоготсказна за слогот
сказна за слоготbrane71
 
загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединаAleksandar Arsovski
 
глаголска именка
глаголска именкаглаголска именка
глаголска именкаOsnovno uciliste
 
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaPrirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaBiljana Ilioska
 

What's hot (20)

Direkten i indirekten govor
Direkten i indirekten govorDirekten i indirekten govor
Direkten i indirekten govor
 
полугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 оддполугодишен тест музичко 4 одд
полугодишен тест музичко 4 одд
 
Безрбетни животни
Безрбетни животни Безрбетни животни
Безрбетни животни
 
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченициOдносни (релативни) зависно сложени реченици
Oдносни (релативни) зависно сложени реченици
 
Екологија
ЕкологијаЕкологија
Екологија
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именки
 
Gradba na srce
Gradba na srceGradba na srce
Gradba na srce
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCM
 
Klasifikacija na rastenija
Klasifikacija na rastenijaKlasifikacija na rastenija
Klasifikacija na rastenija
 
Електронски и печатени медиуми
Електронски и печатени медиумиЕлектронски и печатени медиуми
Електронски и печатени медиуми
 
Eнергија на еден остров - Eлена Aдамова
Eнергија на еден остров - Eлена AдамоваEнергија на еден остров - Eлена Aдамова
Eнергија на еден остров - Eлена Aдамова
 
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godinaMakedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
 
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavkiKontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
Kontrolni zadaci-imenki-i-pridavki
 
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdfПрирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
Прирачник-4-одд-Tехничко Oбразование.pdf
 
сказна за слогот
сказна за слоготсказна за слогот
сказна за слогот
 
загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната средина
 
Ednakvi dropki
Ednakvi dropkiEdnakvi dropki
Ednakvi dropki
 
идно време
идно времеидно време
идно време
 
глаголска именка
глаголска именкаглаголска именка
глаголска именка
 
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljanaPrirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
Prirodni i vestacki izvori na svetlina biljana
 

прашања од магнетизам

  • 1. ПРАШАЊА ОД МАГНЕТИЗАМ 1. Какви можат да бидат магнетите според настанувањето? Природни и вештачки. 2. Какви можат да бидат магнетите според постојаноста? Привремени и постојани. 3. Од што се изработуваат вештачките магнети и каква форма имаат? Вештачките магнети се изработуваат од челик со додаток на кобалт и никел, кои со дополнителна постапка се магнетизираат. Вештачките магнети имаат форма на прачка, потковица, игла и друго. 4. Кои магнети ги нарекуваме Привремени, а кои Постојани? Материјалите кои по престанувањето на влијанието на магнетот ги губат магнетните својства се наречени Привремени магнети. Материјалите кои по престанувањето на влијанието на магнетот не ги губат магнетните својства се наречени Постојани магнети. 5. Што привлекува магнетот и низ што дејствува магнетната сила? Магнетот привлекува само железни предмети. Магнетната сила дејствува низ хартијата, стаклото, лесонитот и пластиката, додека низ лимот не дејствува. 6. Како се наречени краевите на магнетот, колку има такви краеви и како се наречени? Краевите на магнетот се наречени магнетни полови. Секој магнет има два пола: северен (обоен црвено означен со N) и јужен (обоен плаво означен со S). 7. Што се случува кога ќе се доближат два магнети со ист пол, а што со различе? Ако се доближат со ист пол се одбиваат, а со различен се привлекуваат. 8. Што е магнетно поле и како се нарекуваат линиите со кои се претставува магнетното поле? Просторот во кој дејствуваат магнетните сили се нарекува магнетно поле. Линиите со кои се претставува магнетното поле се нарекуваат магнетни силови линии. 9. Што докажал Ерстед со неговиот експеримент? Околу секој спроводник низ кој тече струја постои магнетно поле и под дејство на ова поле, магнетната игла се завртува. 10. Кое правило се употребува за определување на насоката на свртување на магнетната игла и како гласи? За определување на насоката на свртување на магнетната игла се употребува правилото на испружени прсти на десната рака, кое гласи: Ако десната рака се постави над спроводникот, пришто прстите се исправени во насокатаво која тече електричната струја, а дланката е свртена кон спроводникот, тогаш палецот ја покажува насоката на свртување на северниот пол на магнетната игла. 11. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните силови линии кај праволиниски спроводник и како гласи? Се користи Амперовото правило на десната рака, кое гласи: Ако струјниот спроводник се фати со десната рака, така што палецот ја покажува насоката на струјата, тогаш свитканите прсти на десната рака ќе ја покажуваат насоката на силовите линии на магнетното поле. 12. Кое правило се употребува за определување на насоката на магнетните силови линии кај кружен спроводник и како гласи? Се користи Правило на десната тупаница, кое гласи: Ако струјата тече во насока на свитканите прсти на десната тупаница, тогаш магнетните силови линии се во насока на палецот.
  • 2. 13. Што е Соленоид? Спроводник свиткан во повеќе кружни намотки се вика Соленоид. 14. Што е Електромагнет? Соленоид со железно јадро се вика Електромагнет. 15. Која сила ја викаме Амперова? Силата со која спроводникот низ кој тече електрична струја се отклонува кога ќе се најде во магнетно поле на потковичест магнет се вика Амерова сила. 16. Кое правило се употребува за објаснување на отклонот на спроводникот во потковичест магнет и како гласи? Се употребува правилото на испружени прсти на левата рака, кое гласи: Ако дланката се сврти кон северниот пол, а испружените прсти да ја прикажуваат насоката на струјата, тогаш палецот го прикажува отклонот на спроводникот. 17. Што е Електромотор и од кои делови е составен? Електромотор е електричен апарат кој електричната енергија ја претвара во механичка работа. Електромоторот е составен од три основни делови: ротор, статор и колектор. 18. Што е електромагнетна индукција, а што индуцирана електрична струја? Појавата при која се добива електрична струја во спроводник со помош на променливо магнетно поле се вика Електромагнетна индукција. Струјата што се добива со помош на променливо магнетно поле се вика индуцирана електрична струја. 19. Како гласи Фарадеевиот закон за индуцирана струја? Инструментот покажува струја кога калемот се наоѓа во променливо магнетно поле, без разлика дали се движи магнетот или се движи калемот. Насоката на индуцираната струја зависи од насоката на магнетното поле и насоката на движење на магнетот. 20. Како гласи Флеминговото правило на десната рака? Ако трите прсти од десната рака ги поставиме под прав агол и показалецот го поставиме во насока на магнетното поле, а движењето го правиме во насока на палецот, тогаш насоката на десниот прст ќе се совпадне со насоката на индуцираната струја. 21. Како гласи Ленцовото правило? Индуцираната струја секогаш има насока, при кој нејзиното магнетно поле се противи на промената на магнетниот флукс, што неа ја предизвикува. 22. Која струја ја нарекуваме наизменична? Електричната струја чија јачина и насока во текот на времето наизменично се менуваат се вика Наизменична. 23. Што е осцилација, период и амплитуда? Процесот на постојано растење и опаѓање на струјата, кој се повторува, се нарекува осцилација. Врметраењето на една осцилација се вика Период. Максималната вредност на струјата се вика Амплитуда. 24. Што е фреквенција и која е врската помеѓу фреквенцијата и периодот? Бројот на осцилации на струјата во единица време се вика Фреквенција. Фреквенцијата и периодот се поврзани со релацијата: . 25. Која машина ја нарекуваме Генератор, од што е составен и како поинаку се нарекува? Електричен генератор е направа кој механичката енергија ја претвора во механичка. Тој е составен од: ротор, статор, прстени и четкици. Генераторите на наизменичната струја поинаку се нарекува Алтернатор. 26. На која фреквенција работат генераторите кај нас, а на која во САД? Кај нас работат на фреквенција од 50Hz, а во САД на 60Hz.
  • 3. 27. Што е трансформатор? Трансформатор е уред кој високиот напон го претвара во низок и обратно, со помош на електромагнетна индукција. 28. На што е еднаков односот помеѓу напонот и навивките во примарот и секундарот? Односот помеѓу напонот во примарното коло и напонот во секундарното коло е еднаков на односот помеѓу бројот на навивките на примарниот калем и бројот на навивките во секундарниот калем. 29. Напиши ги формулите за односот помеѓу напонот и струите во примарот и секундарот? . 30. Напиши ги формулите за односот помеѓу струите и навивкиѕр во примарот и секундарот? 31. Објасни го принципот на работа на Трансформаторот. 32. Објасни го добивањето на Наизменичната струја 33. Објасни го Фарадеевиот експеримент за добивање на Индуцирана струја. 34. Објасни го вртењето на рамка во потковичест магнет.