Цели на младотурското движење
- модернизација
- уставност
- парламентаризам
Младотурско движење започнало во западноевропските земји и официјално
било формирано во 1891 година
- Прво седиште бил градот Женева
- Во 1905 година седиштето на младотурците било преместено во Солун
Почеток на револуцијата
Започнала на 3 јули 1908 година во Ресен
Водач командантот на ресенскиот гарнизон Ахмед Нијази Бег
За кратко време се проширила низ цела Македонија
На 22 јули биле ослободени сите политички затвореници во затворот во
Битола
На 24 јули султанот Абдул Хамид II немајќи друг избор го вратил уставот од
1876 година и парламентаризмот во империјата.
Периодот на владеење на младотурците е наречем хуриет или слобода.
Учеството на македонците во
младотурската револуција
ВМОРО предводена од Јане Сандански застанале на страната на
младотурците поради ветувањата на истите дека по освојувањето на власта во
османлиската империја дека ке настапат демократски реформи со кои би била
легализирана борбата на македонскиот народ и организацијата за добивање
автономија која подоцна би се искористила за да се побара и посебна
независна македонска држава. Поради овие причини Јане Сандански со
својата чета пристигнал во Солун каде што одржал говор и издал манифест во
кој што ги повикал сите националности во османлиската империја да застанат
на страната на новите демократски власти во империјата (младотурците).
Ахмед Нијази бег во друштво на Јане
Сандански,Димо Хаџи-Димов, тодор
Паница и др.
Формирање на народната
федеративна партија – НФП
Од редовите на левото крило на ВМОРО за време на хуриетот произлегла
првата политичка партија на македонскиот народ НФП формирана во август
1909 гоина. Во централното биро на НФП биле: Јане Сандански,Димо Хаџи-
Димов, Димитар Влахов, Ферид Бајрам и др.
Цели и барања на НФП биле:
- Автономија за Македонија во состав на османлиската империја
- Аграрна и даночна реформа
- Воведување на македонскиот јазик во образованието
- Изработување на работничко и граѓанско законодавство
Контрареволуцијата од
1909 година
Султанот Абдул Хамид II и неговите приврзаници во април 1909 година
започнале контрареволуција и бил укинат уставот. Меѓутоа младотурците
поддржани од балканските народи за кратко време ја задушиле
контрареволуцијата и го замениле султанот Абдул Хамид II со неговиот брат
Мехмед V. Во задушувањето учествувале 1200 македонски доброволци
предводени од Јане Сандански.
Промена на политиката на
младотурскиот режим
По зацврстувањето на својата власт младотурците ги изневериле очекувањата
на македонскиот народ. Најпрво започнале брутална акција за разоружување
на населението што било пропратено со серија апсења и малтретирања на
локалното население во Македонија. На ваквото однесување на властите
реагирале македонските пратени во османлискиот парламент пред се
Димитар Влахов. Меѓутоа малдотурците на само што не ја прекинале акцијата
туку реагирале и со забранување на НФП.
По ваквата одлука на младотурците не останал друг избор за македонскиот
народ и четите на ВМОРО повторно се одметнале во планинте и ја
продолжиле борбата за слобода.