ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
1. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА
ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
I. Општи информации
Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) објавува повик за ангажирање
обучувачи/ки од областа на детските права кои ќе спроведат обуки на претставници од
општинската администрација, советите на општините, претставниците на ЗЕЛС, како и воспитно
- образовниот кадар од општините Гостивар, Кисела Вода, Велес, Виница и Дебар.
Меѓаши е граѓанска организација чија мисија е да ги застапува и заштитува правата на
децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското
движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите
во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование, развивајки
активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и
еднаквите можности за сите.
Мандатот на Меѓаши е заштита и одбрана на детските права преку што се стреми кон
остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“. Овој мандат е отелотворен
во секоја активност, програма или проект што Меѓаши го спроведува, во секоја иницијатива за
застапување на правата на децата и во секоја услуга што организацијата ја обезбедува.
II. Општи информации за проектот
Од февруари 2023 Меѓаши во партнерство со Центарот за семејно и детско
згрижување КМОП Скопје (КМОП) го реализираат проектот „Локална самоуправа за градови и
заедници по мерка на децата“. Проектот е поддржан од општините Виница, Дебар, Гостивар,
Велес и Кисела Вода и Заедницата на општини (ЗЕЛС).
Проектот „Место за растење: општини посветени на децата“ е 30 месечен проект,
почнувајќи од февруари 2023 година до јули 2025 година. Проектот е финансиран од
Делегацијата на Европската Унија во рамки на локалните шеми за поддршка на граѓанското
општество на Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Општата цел на проектот е да се зајакнат заложбите на локалните власти за
унапредување на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање, во пет
општини во Македонија: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.
Потребите за зајакнување на услугите за децата на локално ниво беа адресирани во
последните заклучни согледувања од Комитетот на ООН за правата на детето. Освен што
недостига национален стратешки документ за унапредување и заштита на правата на децата,
таков недостиг има и на локално ниво, односно ниту една општина нема локален акциски план
за правата на децата. Проектот ги опфаќа токму овие критични прашања, а преку спроведените
2. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
активности ќе им обезбеди на општините алатки за одржливост. Проектот ќе придонесе кон
промовирање и заштита на правата на детето преку:
а) зајакнување на капацитетите на претставниците на локалните самоуправи за правата на
децата, учеството на децата и сеопфатното локално планирање за децата;
б) зајакнување на воспитно - образовните знаењаа и вештини за раниот детски развој и грижа
како и јакнење на училишниот персонал во планирањето и спроведувањето консултации со
децата за прашања од локално значење;
в) поддршка на локалните самоуправи во развивањето и операционализацијата на локални
стратегии за правата на децата преку партиципативни процеси, засновани на најдобрите
практики во ЕУ;
г) воведување алатки за ефективно следење на правата на децата на локално ниво;
д) подигање на свеста за правата на децата и важноста на локалното планирање за
унапредување на состојбата со правата на децата.
III. Цел
Целта на оваа активност е да се зајакнат знаењата и капацитетите за правата на децата
и учеството на децата преку обука на претставниците на општинските власти и ЗЕЛС, како и
зајакнување на капацитетите на предучилишниот и училишниот персонал во планирањето и
спроведувањето консултации со децата за прашања од нивен интерес.
IV. Задачи, одговорности и временски рокови
Обуките ќе се спроведуваат во текот на јуни 2023 - јануари 2024 според динамика
усогласена со вклучените страни, како и роковите определени од другите чинители во процесот.
Поконкретно, процесот подразбира неколку задачи што треба да ги завршат двајцата обучувачи,
наведени подолу во табелата.
Бр. Задачи Производ
Работни
денови/часови
Рок за
испорака
1
Подготовка на План, програма,
опис и помошни материјали за
реализација на пет дводневни
основни обуки по 8 часа за
најмалку 50 учесници, на теми:
правата на децата и детското
учество консултативни пристапи
и методи применливи за деца
од различни возрасни групи;
собирање податоци, етички
аспекти, улогата на локалните
власти во поттикнувањето на
правата на децата преку локално
планирање и нивно вклучување ,
План, програма и
опис на обуките,
Материјали за
обука;
Пет (5)
дводневни,16-
часовни основни
обуки;
Евалуациони
прашалници
10 дена
одржување на
обуките
12 дена
подготовка на
обуките
2.5 дена
евалуација на
обуките
2.5 дена
известување за
Јуни 2023 -
Јануари
2024
3. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
вовед во концептот на градови
посветени на децата;
Реализација на петте дводневни
основни обуки по 8 часа дневно
за најмалку 50 учесници, од
локалните власти и ЗЕЛС (една
обука по општина);
Евалуација на обуките;
Извештаи и
евалуација на
обуките
Списоци за
присуство,
фотографии,
видео записи и
евалуациските
листи ќе бидат
обезбедени од
проектниот тим
спроведените
обуки
2
Подоготовка на План, програма,
опис и помошни материјали за
реализација на една дводневна
обука за обучувачи по 8 часа, за
најмалку 10 учесници, од
локалните власти и ЗЕЛС, на
теми: градење на тим; основни
презентациски и фасилитаторски
вештини; принципи за дизајн на
обука; визуелизација; дизајн на
простор за учење; групно
олеснување, интеракција и
групна динамика.
Реализација и евалуација на
дводневната обука за обучувачи
План, програма и
опис
Материјали за
обука;
Една (1) 16-
часовна обука
Евалуациони
прашалници
Извештаи и
евалуација на
обуките.
2 дена
одржување на
обуките
3 дена
подготовка на
обуките
0.5 дена
евалуација на
обуките
0.5 дена
известување за
спроведените
обуки
Јуни 2023 -
Јануари
2024
3
Подготовка на План, програма,
опис и помошни материјали за
реализација на пет дводневни
обуки по 8 часа за најмалку 100
вработени во градинките и
училиштата (една обука по
општина, 20 учесници по обука)
на теми: заеднички концепти и
разбирање за учеството на
децата; методи на консултации
применливи со деца од
различни возрасни групи
(анкети, набљудување,
интервјуа, структурирани
активности и мултисензорни
пристапи); собирање податоци,
анализа и известување; етички
аспекти.
План, програма и
опис
Материјали за
обука;
Пет (5) 16-часовни
основни обуки;
Евалуациони
прашалници за
оценување на
учесниците;
Извештаи за
евалуација на
обуката.
10 дена
одржување на
обуките
12 дена
подготовка на
обуките
2.5 дена
евалуација на
обуките
2.5 дена
известување за
спроведените
обуки
Јуни 2023 -
Јануари
2024
4. Проектот „Место за растење: Општини посветени на децата” е финансиски поддржан од страна на Европската Унија.
Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите
и мислењата на Европската Унија
Реализација и евалуација на
обуките
Сите наведени задачи и обврски треба да бидат спроведени во консултација со проектниот тим
на Меѓаши. Обучувачите/ките ќе бидат ангажирани по 30 експертски денови.
V. Хонорари/Услови на исплата
Меѓаши ќе ги исплати обучувачите/обучувачките според производ, за бруто износ, вклучувајќи
и персонален данок на приход, а ќе изврши уплата во рок од седум (7) дена по примањето и
одобрувањето на комплетна документација која опфаќа потпишан договор, Извештаи и Time
Sheets и доставени производи опишани во табелата погоре.
VI. Профил на експертот/тите
Докажани вештини за спроведување практични обуки и работилници од областа на
детските права;
Универзитетска диплома, магистерски студии во областа на правата на детето или друг
вид специјализација во оваа област ќе се сметаат за предност;
Одлични комуникациски вештини, посебно вештини за фасилитирање и модерирање
групни дискусии, способност за комуницирање и соработување со различни возрасни
групи и професионалци;
Флексибилност за работа преку викенди и патување во наведените општини;
Поседување добри комуникациски вештини и вештини за пишување и навремено
испорачување на концизни и информативни извештаи.
VII. Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите апликации не подоцна од 21.06.2023
до 16:00 часот на следнава адреса placetogrow@childrensembassy.org.mk. За дополнителни
прашања можете да нѐ исконтактирате најдоцна до 19.06.2023, до 12:00 часот на 071 37 97 99.
а. Техничката понуда треба да ги содржи следните детали: кус концепт на Плановите за
обуките
б. Кратка биографија на кандидатот/кандидатката
в. Финансиска понуда во облик на очекуван бруто хонорар за ангажманот за извршување на
горенаведените задачи и обврски, вклучително и сите трошоци поврзани со пат, сместување и
храна за време на спроведување на обуките.
г. Референци
VIII. Критериуми за селекција
а. Знаење од областа на детските права (35 бода)
б. Работно искуство во оддржување на обуки и работилници (35 бода)
в. Финансиска понуда (30 бода)