SlideShare ist ein Scribd-Unternehmen logo
1 von 235
Downloaden Sie, um offline zu lesen
ДОБРОДОЈДОВТЕ
На презентациите од содржините по Македонски јазик и литература за
прва година на средното стручно образование.
Презентациите се правени според Наставната програма изготвена од
Бирото за Развој на Образованието и одобрена од Министерството за
образование и наука на Република Македонија.
Застапени се две области: јазик и литература. Од подрачјето (областа)
јазик обработени се содржините Наука за јазикот, Историски развиток
на македонскиот јазик, Фонетика и фонологија, Правопис и правоговор,
и Акцент. Од подрачјето Литература презентирани се содржините од
Теоријата на литературата и Историја на литературата (од нејзините
почетоци заклучно со словенската писменост и литература).
Содржините од делот Правопис и правоговор се обработени според
Правописот од 1998 година понекогаш со преземени формулации и
примери од истиот. Со оглед на тоа што во меѓувреме (почетокот на
2016) излезе ново издание на Правописот(и уште го немаме на увид),
можно е некои правописни правила да се доуточнети и проширени и
поинаку дефинирани. Сепак тој дел како застарен(!) не го отстранивме
од презентациите поради илустративниот материјал.
Овие презентации (и текстовите) како и претходните (за втора, трета и
четврта година) се работени со помош на Softmaker office програмски
пакет кој сега им се нуди бесплатно на училиштата.
При подготовката на содржините се користени различни извори.
Најчесто преку линкови се посочува изворот или пак, се упатува на
интернет страници каде што може да се добијат дополнителни
информации. Според веќе утврдената практика лекциите завршуваат со
Поука или Цитат за овој час. Најчесто тие се поврзани со содржините
или едноставно сметавме дека се интересни.
Како илустртивен материјал во граматичкиот дел се внесени повеќе
пословици, поговорки и сл. напишани на народен јазик. И примерите во
делот Теорија на литературата се народни умотворби. Се водевме од
желбата да го покажеме богатството на дијалектната лексика. Некои
помалку познати зборови ги преведовме.
Се надеваме дека презентациите ќе им бидат од корист на
наставниците и учениците. Би биле радосни ако наидат на одглас.
Мојата адреса: Трајан Божинов, СОУ „Никола Карев“ - Струмица
На нашата ќерка Весна Рутев
Спомни ја Господи во Твоето Царство
и направи го нејзиниот спомен вечен!
ОПШТЕЊЕ (КОМУНИКАЦИЈА) - ПОИМ И ВИДОВИ
Општењето (комуникацијата) е процес со кој се врши размена на
информации и пораки меѓу луѓето. Размената на информациите и
пораките се врши со помош на знаци. Во поширока смисла
комуникацијата се остварува и меѓу животните. Во најширока смисла
размена на информации, односно комуникација се обавува и меѓу
човекот и машините. Поимот доаѓа од латинскиот збор commūnicātio,
-ōnis, и значи споделување, соопштување. Науката која се занимава со
проучување на комуникациите се вика комуникологија.
Поимот комуникација е многузначен и може да се разгледува од повеќе
аспекти и според тоа има различни дефиниции и поделби. Според
некои комуникацијата е сеопшта и претставува средишен феномен на
културата. Таа е непрекинлива и никогаш не престанува и не може да ѝ
се одреди ни почетокот ни крајот. Според други под комуникација се
подразбира механизам со чија помош егзистираат и се развиваат
меѓучовечките односи. Таа може да се разгледува и преку средствата
кои ги користи и преку начинот (формата) според кој се остварува и сл.
Така, според формата разликуваме вербална и невербална
комуникација; според насоката - еднонасочна и заемна (двонасочна).
Во однос на средствата што (не) ги користи комуникацијата може да
биде непосредна (директна) и посредна (преку некој медиум).
Според некои комуникацијата претставува испраќање и примање на
знаци кои имаат одредено значење, разбирливо и за испраќачот и за
примателот. Постојат различни видови знаци, но и различни
дефиниции што ги определуваат. Според некои пак, знаците можат да
бидат во вид на сигнали или симболи. Па така, разликуваме сигнална и
симболична комуникација. Кај сигналната комуникација знаците
(сигналите) се еднострани и неповратни и не се испраќаат со некаква
намера. За разлика од нив, со симболите се искажува некаква намера
(порака) од испраќачот до примателот. Знаците (симболите) што се
испраќаат се разбирливи и однапред договорени.
Основно средство за општење меѓу луѓето е јазикот, но има и други
начини и средства како што се говорот на телото - со гестови и мимики,
со изразот на лицето; преку начинот на облекување; потоа со цртежи,
со сообраќајни знаци и сл.
Цитат за овој час: Најпрвата неопходност е општењето (комуникацијата) - Мајка Тереза
Иако јазикот е основно (и најусовршено средство) за општење меѓу
луѓето, во целокупната емоционална комуникација, според некои
проучувања, тој учествува само со помалку од 20 %. Тој лежи во
основата на вербалната (со зборови) комуникација со која се пренесува
некоја информација. Со невербалната комуникација (со изразот на
лицето, со погледот, со допирот и сл.) го искажуваме емоционалниот
однос кон таа информација и кон лицето што ни ја соопштува.
Смислата на комуникацијата е меѓу луѓето да се разменат пораки преку
кои ќе се даде совет, ќе се изнесе мислење, ќе се искаже
предупредување и сл. Тоа се прави со помош на јазикот, кој како
организиран систем од знаци има сложена структура. Предмет на
разгледување можат да бидат односите меѓу знаците во тој систем, но
и нивната функција.
Поука за овој час: Некои се многу пребирливи кога станува збор за храната така што
некое јадења не сакаат ниту да ги вкусат. Но, не се толку пребирливи и не внимаваат
кога се во прашање зборовите што излегуваат од нивната уста. Блажени Августин
ЈАЗИКОТ КАКО СИСТЕМ ОД ЗНАЦИ - ФУНКЦИИ НА ЈАЗИКОТ
Јазикот како основно средство за општење меѓу луѓето служи пред сѐ
за искажување на човековите мисли и чувства, но и за размена на идеи
и искуства. Тој претставува систем од знаци или код кои се меѓусебно
условени и разбирливи за сите оние кои користат еден јазик. Со помош
на јазикот се остваруваат неговите основни функции - комуникативната
(човекот да општи со другите луѓе од една заедница) и спознајната
(човекот да ја осознава средината во која живее).
Процесот на комуникација (во случајов зборуваме за вербалната)
вклучува во себе подготовка, составување и испраќање на пораки. Тој
е сложен процес што го определуваат шест елементи: испраќач кој
праќа порака со определена содржина до примач преку медиум
(канал) со помош на систем од знаци (код). Во тој процес испраќачот
и примачот како учесници можат да ги променат местата. Медиумот е
средство преку кој се пренесува пораката. Тоа би го прикажале вака:
медиум (канал)испраќач порака медиум (канал) примач
содржина на пораката
систем од знаци (код)
Секој од овие шест елементи определуваат по една функција на јазикот.
Тоа значи дека постојат шест функции на јазикот: референцијална,
емотивна, конативна, контактна, метајазична и поетска.
Референцијалната (содржинската) функција служи да се предаде
или прими некоја порака. Таа е најчесто застапена во вербалната
комуникација за да се пренесе некоја информација. Емотивната
(експресивна) функција го искажува односот меѓу пораката и
испраќачот. Многу често со оваа функција при предавање на пораките
се користат извиците. О Тешкото, зурли штом диво ќе писнат!
Со конативната (апелативна) функција се изразува односот меѓу
пораката и примачот на пораката и е насочена кон примачот. Тоа
најчесто се прави преку формите за изразување заповед: Престанете да
зборувате! Со контактната функција се предаваат пораки со кои се
воспоставува, одржува или прекинува општењето: Повелете! Добар ден!
Пријатно! Застапена е во сите форми на општење меѓу луѓето.
Метајазичната функција се однесува на односот меѓу јазичниот
систем (кодот) и пораката. Служи за дообјаснување на знаците во
процесот на општењето. Поетската функција, пак, е најзастапена во
литературните дела преку сликовитиот начин на изразување.
ПРИРОДНИ И ВЕШТАЧКИ ЈАЗИЦИ
Јазикот како средство за општење меѓу луѓето е систем од знаци со кој
припадниците од една заедница ги искажуваат своите мисли, идеи,
чувства, потреби и сл. Правилата според кои е изграден системот од
знаци (кодот) на еден јазик се развил спонтано во текот на еден подолг
период. Тие се задолжителни за сите припадници кои го користат тој
јазик и во сите сфери на живеење.
Природен или обичен јазик е јазик кој се развил по природен пат и
претставува основа врз која е изграден еден општонароден
(национален) јазик. Тој може да се јави во говорена и пишана форма.
Во светот постојат многу природни јазици. Според некои научници
нивниот број изнесува над 7000. Ако кон тоа се додадат и дијалектните
јазици, тој број надминува 10000 живи јазици.
Сепак, одреден број од јазиците, и тоа не мал, се загрозени и (или) се
на пат да исчезнат. Причина за тоа се малиот број говорители на тие
јазици (еден, двајца или помала група луѓе, и тоа најчесто возрасни).
Меѓународната заедница преку специјализираните организации
(УНЕСКО и други) настојува да ги заштити тие јазици (дури некои од
нив преку реконструкција и да ги оживее!).
Големиот број јазици нужно бараат нивно класифицирање. Поделбата
може да се изврши врз повеќе принципи: 1. Врз основа на историскиот
развој (генетска поделба); 2. Врз основа на внатрешната граматичка
структура (типолошка поделба); 3. Врз основа на географската
блискост на јазиците (ареална поделба).
Покрај исчезнати постојат и т.н. мртви јазици, кои не се во активна
употреба (латинскиот, но во некои сфери како правото, медицината,
сепак се користи!), или од кои се развиле нови јазици (прасловенски
˃старословенски ˃словенските јазици).
Покрај природните постојат и т.н. вештачки јазици кои се создадени
за полесна комуникација меѓу луѓето. Нивниот број сѐ повеќе се
зголемува. Некои од нив се користат во одредени научни области (на
пример во информатиката - програмските јазици).
Сепак, најинтересни меѓу нив се меѓународните помошни јазици
создадени од елементи на природните јазици, со упростена граматичка
структура. Од нив најпознати се волапик, есперанто,
(најраспространет), идо, лидневи, меронимија, новословенски, словио и
др. Интересно е тоа што повеќе од тие јазици во основата ја имаат
структурата на словенските јазици и особено на фонолошкиот систем.
НАЦИОНАЛЕН (ОПШТОНАРОДЕН) ЈАЗИК
Под национален (општонароден) јазик се подразбира јазикот на кој
зборува една нација. Тој е, всушност, општ систем кој во себе ги
обединува сите варијанти на еден јазик - литературниот, дијалектниот,
простонародниот, професионалните говори, жаргоните и сл. Тој се
поврзува со еден народ (нација) и со територијата кај што живее тој
народ. Македонскиот јазик е национален (општонароден) јазик на сите
Македонци. Тој се јавува во две форми: нестандардна и стандардна.
Нестандардната форма на општонародниот јазик како средство за
комуникација се реализира преку дијалектите (народните говори на
одредена територија), преку социјалните дијалекти (говорите на
одделни групи: ученици, студенти, војници, потоа професионалните
говори на занаетчии и сл.) и преку секојдневното општење во кругот на
семејството, роднините, пријателите и сл.).
Нестандардната форма се одликува со незадолжителен изговор на
гласовите, со слободна (незадолжителна) примена на граматичките
правила, со богата и експресивна лексика. Најчесто се јавува во
говорена разновидност (пројава) и многу ретко во пишувана.
Стандардната (литературната) форма е кодифицирана
разновидност на општонародниот јазик. Таа е коректна и правилна и се
смета за официјално средство за комуникација. Се користи во
училиштата и другите установи, во весниците, на радиото и
телевизијата и сл. Се јавува во две разновидности (пројави): говорена
и пишувана. И двете се остваруваат преку нормирани правила.
Говорената разновидност (пројава) се остварува преку нормирани
правила во изговорот на гласовите и зборовите, преку спазување на
граматичките правила и коректната употреба на лексичкиот состав.
Пишуваната разновидност (пројава) се одликува со коректната
употреба на правописните правила утврдени со правописот на даден
јазик како и со правилното пишување на зборовите, водејќи сметка и
за стилот на пишување.
Стандардната форма за разлика од нестандардната, може да ги
исполнува сите сфери и ситуации на успешно општење меѓу
припадниците на еден народ, како во јавната, така и во приватната
комуникација; како во усната, така и во писмената.
Поука за овој час: Јас господин, ти господин (ако сме), ами кој ќе го турит житото в
амбар?
ДИЈАЛЕКТНИОТ НАСПРОТИ СТАНДАРДНИОТ ЈАЗИК
Дијалектот е основна пројава (разновидност) на даден јазик, која не е
нормирана (кодифицирана). Се користи на одредена територија од
помала или поголема група луѓе. Иако не е официјално нормиран,
дијалектот е изграден систем со своја структура што ја сочинуваат
фонетски, граматички, синтаксички и пред сѐ, лексички особености.
Повеќе дијалекти со делумно слична структура образуваат поголема
целина која се вика наречје. Во македонската дијалектолошка наука
разликуваме три наречја: југозападно, југоисточно и северно наречје.
Помалите територијални единици од дијалектот се нарекуваат говори.
Покрај дијалектите кои се употребуваат на одредена територија, има и
дијалекти кои се однесуваат на одделни социјални групи, т.н.
социјални дијалекти (социолекти) кои се поврзани со професионални
групи. Во основата на социолектите е граматиката на територијалниот
дијалект, а главната разлика е во лексиката, која е специфична за
одделните професии и занимања (говор на ѕидарите, на дрводелците,
на војниците и сл.). Кон социолектите припаѓаат и жаргоните - говор на
луѓе блиски во професијата и животните интереси, во чија лексика има
силна експресивност, но со отсуство на многу граматички форми.
Стандардниот (литературниот) јазик е висока и официјална
(нормирана) разновидност на општонародниот јазик и е задолжителна
за сите припадници на една општествена заедница. Се јавува во сите
сфери на општественото живеење. Најмногу, и без исклучок, се
користи во образовните установи, но исто така и во администрацијата,
во средствата за масовна комуникација, во уметничката литература и
сл. Како поим литературниот јазик повеќе се врзува за јазикот во
уметничката литература, во која покрај нормираните изразни средства,
понекогаш се застапени јазични форми преземени од некој дијалект
или социолект (жаргон). Поимот стандарден е истозначен со
литературен и се врзува повеќе за другите општествени сфери.
Со дијалектниот јазик, стандардниот јазик е во нераскинливо единство.
Многу термини од секојдневниот живот (од техниката и сл.) во
дијалектите се навлезени преку стандардниот јазик. Но уште повеќе
зборови и изрази од дијалектите наоѓаат свое место во речникот на
уметничката литература, како и во секојдневното општење. Нивната
застапеност треба да биде со цел збогатување на нашиот израз и во
мерка со која нема да се наруши литературната норма.
Цитат за овој час: Јазикăт коски нема, се врте на секăде!
ЈАЗИКОТ И ГОВОРОТ, ГОВОРОТ И ПИСМОТО
Јазикот како средство за општење меѓу луѓето, всушност е апстрактен
систем од знаци, но разбирлив и за испраќачот и за примачот на
пораката. Според некои усната варијанта на јазикот е говорот, преку
кој човекот ги искажува своите мисли и чувства. Според други,
апстрактниот систем од знаци (јазик) преку говорот доживува
практична примена, односно со говорот се искажува конкретна
содржина. И уште: јазикот е систем од правила, говорот е јазик во
дејство (во акција). Искажаното со него е моментално и неповторливо.
Говорот се смета за индивидуална појава и начин на кој единката
(индивидуата) го практицира јазикот. Тој се реализира со помош на
гласовите. Гласовите се најмали говорни единици кои се образуваат од
воздушната струја која излегува од белите дробови и со помош на
органите за говор (усна празнина, јазик, гласилки, непце, заби и сл.).
Писмото е систем од знаци со кои се предаваат човековите мисли и
чувства. Се појавило пред повеќе од 4000 (според некои во Кина, и
пред 6000) години пред н.е. Едно е од најголемите цивилизациски
достигнувања. Со негова помош може(ло) да се пренесат на поголема
просторна или временска далечина човековите пораки и идеи.
Знаците може да бидат во вид на симболи кои претставуваат упростени
слики (пиктограми) или букви (графички знаци - графеми) кои
означуваат одделни гласови или пак слогови (слоговно писмо).
Првите форми на писмено општење било со помош на пиктографското
(сликовито) писмо. Тоа е едноставно писмо и во кое писмените знаци
(пиктограмите) означувале цели реченици. Во денешно време
пиктограмите имаат одредена улога во општењето (на пр. во
информатичката технологија во вид на емотикони).
Подоцна се појавила поразвиената форма - идеографското писмо, во
кое преку идеограмите (графички знаци) се предава идејата. Тие имаат
метафорично (преносно) значење. Поправилно е за ова писмо да се
каже дека е логографско, а писмените знаци - логограми или
логографи. Такви писма биле клинописот (во Месопотамија),
хиероглифското писмо (во Египет), писмото на Маите (во Мексико), а
денес уште и кинеското писмо и јапонското канџи писмо.
Слоговното писмо се појавило пред фонетското (гласовното). Се
развило од идеограмите кои означувале едносложни зборови. Уште во
клинестото писмо (клинописот) имало графеми за некои слогови. Денес
најпознати слоговни писма се јапонските катагана и хирагана.
Гласовното (фонетското) писмо е стандардизиран сет од букви
(графеми) на еден јазик во кој секоја буква означува еден глас
(фонема). Бројот на буквите и нивниот распоред во азбуката е строго
утврден и е одраз на условите во кои се развивал тој јазик. Постојат
различни видови азбуки, како според бројот на буквите (најмалата
азбука има 10 знаци, најголемата 58, слоговните од 50 - 400), така и
според тоа дали имаат знаци само за согласките или и за самогласките.
Најстарото фонетско писмо - феникиското, се развило врз основа на
клинестото писмо и на египетските хиероглифи. Било едноставно за
пишување бидејќи содржело само дваесетина буквени знаци и тоа само
за согласките. Врз основа на тоа писмо бил создаден грчкиот алфавит
во кој се придодале знаци за вокалите и за некои специфични
согласки. Подоцна грчкото писмо послужило за создавање на една од
најраспространетите писма - латинската абецеда (латиницата).
Со дејноста на светите браќа Кирил и Методиј била создадена првата
словенска азбука - глаголицата, по углед на грчкото ракописно писмо и
по углед на некои други источни јазици - и со знаци за специфичните
словенски гласови. Нешто подоцна од нивните ученици била создадена
кирилицата која се смета за една од најусовршените фонетски азбуки.
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ГРУПАТА НА СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ
Порано е спомнато дека класификацијата на јазиците може да врши
врз повеќе принципи. Еден од тие принципи е историскиот развиток на
јазиците. Според него, македонскиот јазик спаѓа во групата на
словенските јазици. Словенските јазици е една од најразгранетите
групи во семејството на индоевропското јазично семејство. Тие водат
потекло од заеднички прајазик наречен прасловенски јазик.
Прасловенскиот јазик, пак, води потекло од праиндоевропскиот
јазик, од кој настанале јазиците кои денеска се распространети во
Индија, Иран и Европа. Сѐ на сѐ 11 групи на јазици и три одделни
јазици (албанскиот, грчкиот и хетитскиот јазик). Прасловенскиот
најблиску бил до прабалтичкиот образувајќи со него заедничка
балтичко-словенска подгрупа.
Индоевропското јазично семејство се дели на две основни групи:
источна група (сатем) во која спаѓаат словенските јазици и западна
група (кентум) кон која припаѓаат западноевропските јазици. Таа
поделба се прави според изговорот на бројот 100.
Словенската група јазици се дели на три подгрупи: источна (руски,
белоруски и украински јазик); западна (полски, чешки, словачки,
Индоевропското јазично семејство
По распадот на СФР Југославија се јавија нови или одделни јазици:
српски, хрватски, босански и црногорски јазик.
горно и долнолужички, и кашупски јазик); и јужнословенска
подгрупа (македонски, бугарски, српски, хрватски, словенечки,
босански и црногорски јазик). Кон јужнословенските јазици припаѓа и
старословенскиот јазик, првиот литературен јазик, разбирлив за сите
словенски народи, кој повеќе не е во активна употреба. Македонскиот
јазик со бугарскиот ја образуваат источната подгрупа на
јужнословенските јазици (врз основа на редица заеднички особености:
отсуство на падежи, губење на инфинитивот, присуство на член и сл.)
додека останатите јужнословенски јазици припаѓаат на западната
подгрупа. Сите словенски јазици имаат многу карактеристики што ги
споделуваат меѓу себе, како што има и извесен број особености
(особено во лексиката) во јазиците на сите индоевропски народи кои
сведочат за заедничкото потекло.
Така и нашиот јазик има доволно особености на фонетски, морфолошки
и лексички план со кои се разграничува од бугарскиот и од другите
словенски јазици: гласовите ќ, ѓ и ѕ, третосложниот акцент, тројниот
член, глаголските конструкции со има/нема и глаголската придавка од
среден род; вреден:штетен, но навреда, повреда!), но и доволно други
сличности за да биде дел од големото словенско јазично семејство.
ЈАЗИКОТ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА
Почетоците на словенската писменост во Македонија се тесно поврзани
со дејноста на солунските браќа светите Кирил и Методиј, како и со
нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Јазикот на кој
се ширела писменоста се викал словенски (словѣньскъ ѩзыкъ) и во
славистичката наука се нарекува старословенски. Тој бил изграден врз
основа на говорот на македонските Словени од околината на Солун и
со прво некои слависти го нарекуваат старомакедонски.
На старословенски јазик биле напишани првите првите богослужбени
книги со кои се ширело христијанството и словенската писменост меѓу
Западните Словени. Учениците на Солунските браќа ја продолжиле
нивната дејност меѓу Јужните Словени, а нешто подоцна преку
учители-свештеници од Македонија, на покана на великиот кнез
Владимир, словенската писменост се проширила и во Киевска Русија.
Старословенскиот јазик бил разбирлив за сите Словени, а писменоста
заедничка придобивка за сите словенски народи. Тоа особено важи за
периодот од средината на 9. век до крајот на 11. век (старословенски
период). Тој се карактеризира со доследна примена на
стандардизираната форма на јазикот што го создале Светите браќа.
Времето од 12. век до крајот на 18. век се нарекува црковнословенски
период за кој е карактеристично појавата на одделни варијанти
(редакции) на црковнословенскиот јазик. Како резултат на
навлегување на народни елементи во структурата на јазикот,
фонетскиот систем се растројува, преку видоизменување на некои
гласови и појава на нови. Забележливи се поместувања на морфолошки
и на синтаксички план. Па така настанале македонската варијанта на
црковнословенскиот јазик, руската, бугарската, српската и т.н.
Најстарите зачувани ракописи на старословенски јазик во Македонија
се преводи од грчки јазик и се пишувани на глаголица. Тоа се
Зографското евангелие, Асемановото евангелие и Мариинското
евангелие. Употребата на глаголицата е карактеристична за
Охридската книжевна школа што ја основал св. Климент Охридски.
Нешто подоцна се јавуваат и првите книжевни споменици пишувани на
кирилица која повеќе се користела во источните делови на тогашната
бугарска држава (во Преславската книжевна школа). Зачувани натписи
на камени плочи и по столбовите на црквите, на глаголица и кирилица
се среќаваат на повеќе места (на столбовите во црквата на Свети Наум,
Самоиловата плоча, Варошкиот натпис, Битолската плоча и сл.)
СТАРОСЛОВЕНСКИТЕ АЗБУКИ - ГЛАГОЛИЦАТА И КИРИЛИЦАТА
Прашањето за говорите кои влегле во основата на старословенскиот
јазик во славистичката наука е одамна разрешено. Тоа се македонските
говори од Солунско. И прашањето која била првата словенска азбука
не остава широк простор за двоумење. Тоа била глаголицата која
имала 38 букви, по еден знак за секој глас. Разногласие во науката се
појавува околу тоа кое писмо (азбука) послужило како основа за
создавање на глаголицата. Преовладува мислењето дека грчкото
ракописно писмо бил образецот за создавање на азбуката. Но
глаголицата имала уште 14 други знаци, различни од грчките 24, што
свети Кирил ги создал за да ги одбележи сите гласови кои ги содржел
фонолошкиот систем на старословенскиот јазик. Тоа значи дека со 38
букви глаголицата фонетски била попрецизна од грчкиот алфавит.
Кирилицата која се појавила нешто подоцна од глаголица, содржела 44
букви, за истите оние гласови од глаголицата како и за јотуваните ѩ,
ѭ, ѥ, ю, (јен, јон, је, ју) и уште две други букви кои се користеле во
зборови од грчкиот јазик. Кирилицата била направена по углед на
грчкото уставно писмо, била упростена и поедноставна за пишување.
Буквите ги задржале бројните вредности кои ги имале во грчкиот
алфавит, за разлика од глаголицата во која има поголеми изместувања.
(Колку за потсетување во кирилицата: а = 1, б = /, в = 2, г = 3, ж = /,
и = 10, р = 100, ф = 500; и во латиницата: I = 1, V = 5, X = 10, L = 50,
C = 100, D = 500, M = 1000 и т.н.). Во однос на гласовите типични за
словенските јазици, кирилицата ги задржала некои од нацртите кои ги
имало во глаголицата. Со текот на времето таа полека ја истиснувала
глаголицата од употреба. За волја на вистината, во некои краишта во
Хрватска и Босна, глаголицата уште долго време била во активна
употреба од т.н. „попови глаголаши“ (до 19. век!).
Во првите години на заедничко постоење на двете азбуки, глаголицата
повеќе се користела во Охридската книжевна школа, а кирилицата во
Преславската книжевна школа во Бугарија. Ова е една од важните
особености која ги разликувала двата книжевни центри во тогашната
бугарска држава во чии рамки се наоѓала Македонија.
Денеска кирилицата е основно писмо не само на некои од словенските
народи, но и на многу други, особено на оние кои се наоѓаат во
рамките на Руската федерација, и на држави кои порано биле дел од
ЗНД (Заедницата на независни држави, поранешен СССР).
Цитат за овој час: Кусиот ум е со долг јазик - Аристофан
СРЕДНОВЕКОВНИ КНИЖЕВНИ ШКОЛИ
Словенската писменост во Македонија се ширела и зацврстувала преку
дејствувањето на двете книжевни школи: Охридската и Лесновската.
Охридската книжевна школа се развила и дејствувала во рамките
на областа Кутмичевица, која се простирала на територијата на
југозападна и централна Македонија, зафаќајќи и делови од Албанија.
Почетокот на нејзината работа се поврзува со доаѓањето на св.
Климент Охридски за епископ и учител во таа област, а нешто
подоцна и на св. Наум Охридски. Покрај почетниот период во кој
најмногу оригинални дела создал св. Климент Охридски, значајно
поглавје во нејзината историја која траела до средината на 14. век, е
периодот на Самуиловото царство.
Важни особености на оваа школа се употребата на глаголицата како
официјално писмо, како и верно негување на кирилометодиевската
традиција чии ревносни бранители биле токму св. Климент и св. Наум.
Во ракописите од оваа школа и покрај стремежот за негување на
црковнословенскиот јазик, свесно или несвесно, се внесувале елементи
од народниот јазик од западномакедонските говори. Тоа ќе придонесе
подоцна за создавање на македонска варијанта на црковнословенскиот
јазик, која силно се потпирала на кирилометодиевската традиција, за
разлика од некои други варијанти од други книжевни школи. Покрај
порано набележаните дела од оваа школа, би ги спомнале уште:
Добромировото евангелие, Охридскиот апостол, Слепченскиот
апостол, Битолскиот триод и други. Библиотеки со скрипториуми
постоеле во повеќе манастири (во Слепче, во Св. Јован Бигорски и др.).
Нешто подоцна на територијата на североисточна Македонија во
рамките на манастирските комплекси (во Лесново, Кратово, Крива
Паланка, Карпино, Матејче, во Свети Прохор Пчински) од 12. до 18. век
се одвивала разновидна просветителска и препишувачка активност. Во
рамките на Лесновскиот манастир постоело Калиграфско училиште
(скрипториум), со најбогата библиотека на Балканот. Оваа книжевна
школа позната како Лесновска (и како Кратовска или Кратовско-
Злетовска) ја продолжувала традицијата на Охридската книжевна
школа во однос на јазичните особености. Но исто така при
препишување на книгите се внесувале јазични елементи својствени за
говорите од овој дел на Македонија. Вранешничкиот апостол,
Радомировото евангелие, Лесновскиот паренезис, Карпинското
евангелие, се познати книжевни споменици од оваа школа.
МАКЕДОНСКА ВАРИЈАНТА НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК
Со оглед на фактот што на големата словенска јазична територија
почнало дијалектно разграничување и пред појавата на
старословенскиот јазик, тоа особено се засилило од крајот на 11. век,
со појавата на црковнословенскиот јазик. За потребите на
богослужбите биле преведувани и потоа препишувани многу книги на
црковнословенски јазик во кој препишувачите спонтано и несакајќи
внесувале јазични елементи од својот локален говор. Веќе од 12. век
почнува создавањето на редакции (варијанти) на црковнословенскиот
јазик: македонска, бугарска, српска, руска, чешко-моравска, хрватско-
глаголска и романска (во Романија тој јазик бил литературен до 18. в.).
Македонската варијанта на црковнословенскиот јазик ги одразува
промените кои настанале во јазикот и се забележани во ракописите
уште во старословенскиот период. Тоа се вокализацијата на еровите и
мешањето на носовките. Така, во т.н. јака позиција малиот јер ььь ˃ еее, а
големиот јор ъъъ ˃ ооо: дьнь ˃ ден, сънъ ˃ сон. Зад ш, ж, ч, ц, ѕ, и зад ј (ј)
се пишувала голема носовка (ѫ,) наместо мала (ѧ), а зад меките н, р, л,
с, се пишувала мала (ѩ) наместо голема носовка(ѭ): жѧтва ˃ жѫтва;
глаголѭ ˃ глаголѩ. Со текот на времето дошло до упростување на
вокалниот систем што го сочинувале 11 вокали: а, е, и, о, у (у), ѣ, ѫ, ѧ,
ы, ъ, ь. Па така ѣ (јат) дало е, ѫ (он, голема носовка) дало а, ѧ (ен,
мала носовка) =е, ы (јери) =и, ъ (јор, голем ер) = о, ь (јер, мал ер) =е.
Процесот на упростување на тој систем бил подзасилен и преку
изедначување на наставките кај падежните форми, кое пак придонело
за нивно целосно губење. Тогаш настанале и редица други промени:
губењето на еровите во т.н. слаба позиција го растроиле правилото на
отворени слогови (сите слогови да завршуваат на самогласки); се
нарушило правилото за двојки од меки и тврди согласки; се јавиле
промени во карактерот и местото на акцентот и сл. Македонската
редакција (варијанта) имала свои специфичности и на морфолошки и
синтаксички план: губење на падежите и инфинитивот, губење на
партиципите или нивна преобразба во други форми (глаголски прилог,
глаголска л-форма, глаголски придавка) и појавата на членот (преку
постпозитивна употреба на показната заменка: наместо тъ богъ, та
жена, то дете, се пишувало богъ тъ, жена та, дете то, кое се случило под
влијание на балканските несловенски јазици.
Цитат за овој час: Во животот е како во граматиката - исклучоците се повеќе од
правилата - Реми де Гурмон
ШИРЕЊЕ НА ФУНКЦИИТЕ НА НАРОДНИОТ ЈАЗИК
Паралелно со промените кои настанале во граматичката структура на
црковнословенскиот, се внесувале промени во реченичките
конструкции и особено биле забележливи оние на лексички план.
Зборови од народниот јазик сѐ повеќе се внесувале во ракописите со
црковна содржина. Тој процес бил подзасилен од потребата
литературните дела да бидат разбирливи за поширок круг читатели.
Важна улога во ширењето на народниот јазик во текстовите со
религиозна тематика одиграле преводите на т. н. дамаскини. Се
наречени така според грчкиот писател и проповедник од XVI век
Дамаскин Студит. Едно од неговите први дела (Сокровиште) било
преведено од пелагонискиот епископ Григориј Прилепски. Тоа содржи
житија и поучни слова. Преводите на дамаскините биле препишувани и
распространети насекаде низ Македонија, а потоа и низ Бугарија.
Подоцна се јавиле автори кои во преводите внесувале и свои сопствени
теми и размислувања. Постепено дамаскините станувале зборници
наменети за широките народни слоеви. При преписите почнувало да се
упростува јазикот, да се вметнуваат елементи од говорниот јазик.
Дамаскините биле популарна лектира во Македонија сѐ до XIX век и во
тој период настанале околу 200 вакви дела, од кои најпознато е
Крнинскиот дамаскин. Тоа е период на стилско раслојување на јазикот.
Имаме т.н. висок стил (црковнословенски јазик - се користел во
богослужбите) и т.н. низок стил (во основа на кој е народниот јазик и
се користел во секојдневната преписка). Од тој период зачувани се
повеќе писмовници (епистолари, зборници со обрасци како се
пишуваат писма). Најстари досега пронајдени писмовници се
Слепченскиот писмовник од 1543 г. и Хилендарскиот писмовник од
1782 г. Од 19. век зачувани се уште неколку вакви зборници. Во нив е
одразена традицијата од византиската литература на пишување писма
или посланија.
Дури и нашите први писатели од тоа време Јоаким Крчовски и Кирил
Пејчиновиќ ги создавале своите дела во дамаскинарски дух на народен
јазик и со многу елементи од црковнословенскиот јазик, но и со
примеси од турскиот јазик.
Меѓу текстовите во кои постепено навлегувале елементи од народниот
јазик биле и оние со кои се регулирале административно-правни
односи: правото на сопственост врз имот; правото (одобрение) на
слободно движење и водење трговија и сл. Тоа се т.н. грамоти. Иако се
пишувани на црковнословенски јазик, во некои од нив спонтано се
внесувале и зборови од народниот јазик. Со текот на времето, во
периодот на турското владеење дури се вметнувале и турски зборови.
Бројот на овие грамоти (хрисовули) е поголем, и без разлика на фактот
што некои од нив се фалсификати со цел да се зачува или присвои
некој имот, тие се интересни за проучување од историско и
лингвистичко гледиште (Калиманова грамота, Виргинска грамота и др.).
Поука за овој час: Oд мнoгумина кoи брзаат да сe збoгатат ќe слушнeш ваквo
oправдувањe: “Кoга ќe сe збoгатам, ќe мoжам да правам дoбри дeла!” Нe вeрувај им,
бидeјќи тe мамат и тeбe и сeбeси. Свeти Јoван Лeствичник длабoкo ги пoзнал и
најскриeнитe пoбуди на чoвeчката душа кoга рeкoл: “Срeбрoљубиeтo запoчнува сo
прeтпoставка да сe прави милoстиња, а сe завршува сo oмраза кoн бeднитe”. Oва сe
пoтврдува кај ситe срeбрoљупци, мнoгу бoгати и малку бoгати.
Oбичнo, луѓeтo гoвoрат: “Акo имам пари, јас би направил таквo и таквo дoбрo дeлo!” Нe
вeрувај им. Од расудување: Бигорски манастир
ФОНЕТИКА И ФОНОЛОГИЈА
Фонетиката (според гр. φωνή = глас, звук) е дел од науката за
јазикот која ги проучува гласовите, гласовните промени и закони и
акцентот. Таа се занимава со говорните и неговорните
(неартикулираните) гласови, нивното образување, физичките особини
и начинот на кој мозокот создава претстава за гласовите).
Фонетиката се дели на: 1. Артикулациона фонетика - се занимава со
положбата на говорните органи (усни, јазик, усна празнина, непца,
гласни жици и сл.) при изговорот на гласовите.
2. Акустична фонетика - се занимава со физичките особини на
звучните бранови (висина, гласност, времетраење).
3. Перцептивна (аудитивна) фонетика - начинот на кој се воспримемат
(перцепираат) гласовите со помош на органите за слух, т.е. соодносот
меѓу гласот што се изговара и гласот што се слуша.
4. Функционална фонетика (фонологија) - се занимава со функциите на
гласовите во зборовите на еден јазик.
Постојат четири раздели на фонетиката: 1. Историска (дијахрониска)
фонетика - го проучува историскиот развој на гласовите во еден јазик;
2. Описна (дескриптивна) фонетика - дава опис на гласовите во еден
јазик; 3. Споредбена (компаративна) фонетика - врши споредба на
гласовите во два или повеќе сродни јазици; 4. Експериментална
фонетика - ги проучува гласовите со помош на експерименти.
Гласот е најмала јазична единица од која се составени зборовите. Таа
е и најмала артикулациона единица која може да се издели од зборот.
Во македонскиот литературен јазик има 31 глас, во некои од
дијалектите има нешто повеќе или помалку гласови. Писмениот знак
(графема) со кој се бележи гласот се вика буква. Во македонскиот
правопис има онолку букви колку што има гласови.
Кога гласовите во зборовите ги изговараме според некој редослед
(правило) тие имаат функција да ги разликуваат зборовите и да им
даваат ново значење. Така, ако ги подредиме поинаку гласовите: ч, н,
и, е, к, у; може да ги добиеме зборовите: ученик, унечки (престилки),
укине, чукне, и сл. Така подредени гласовите се нарекуваат фонеми.
Фонемите вршат смисловно разликувачка функција во зборовите.
Според некои лингвисти, фонемите се збир на дистинктивни
(разликувачки) признаци. Тие се предмет проучување на
фонологијата, а со гласовите се занимава фонетиката.
ПОДЕЛБА НА ГЛАСОВИТЕ
Поделбата на гласовите во еден јазик се засновува врз отсуството или
присуството на пречки при нивниот изговор. Кога се изговараат
самогласките (вокалите) воздушната струја не наидува на никакви
пречки и слободно минува низ усната празнина. При изговорот на
согласките (консонантите) воздушната струја наидува на пречки во
вид на преграда или теснина во усната празнина, или пак, истовремено
и на двете пречки.
Друга важна особеност на самогласките е слоготворната функција.
Низата од самогласка и една или повеќе согласки се вика слог. Но слог
може да образува и само една самогласка (на, под, труд, брест, и, е).
Слоготворна функција може да врши и согласката р под определени
услови (кога се наоѓа меѓу две согласки - црн, врв, прст; кога се наоѓа
на почетокот на зборот пред согласка - ’рбет, ’рж; и кога ќе се најде
зад претставка (префикс) кој завршува на самогласка - за’рти, по’ржи).
Во последните два услова пред р се пишува апостроф (’). Ваквата
особеност на р е останата од нашиот стар јазик во кој слоготворна
функција во определена положба вршела и согласката л.
Во македонскиот литературен јазик има пет самогласки: а, е, и, о, у.
Поделбата на самогласките може да се изврши по повеќе основи:
1. Според движењето на јазикот напред - назад: предни (е, и);
средно (а); задни (о, у).
2. Според издигањето на јазикот: високи (и, у); средни (е, и) и
ниско (а).
3. Според положбата на усните: заокружени (о, у) и незаокружени
(е, и, а).
Самогласките
Во повеќе од македонските дијалекти има уште еден т.н. темен вокал
кој во правописот се бележи со апостроф (’), а во науката со (ӑ).
според издигање
на јазикот
предни средно задни
високи И У
средни Е О
ниско А
незаокружени заокружени
Бројот на согласките во нашиот литературен јазик е 26. Нив може да ги
поделиме по повеќе основи: според местото на образувањето; според
начинот на образувањето и според звучноста.
1. Според местото на образувањето во усната празнина согласките ги
делиме на:
уснени: б, п, м, в, ф;
забновенечни: д, т, л, н, с, з, ц, ѕ;
венечни: ж, ш, џ, ч, љ, р;
тврдонепчени: ѓ, ќ, ј, њ;
меконепчени: к, г, х.
2. Поделбата на согласките според начинот на образувањето се прави
врз основа на пречките што се создаваат при нивниот изговор. Кај
некои согласки пред да се изговорат за момент се создава преграда во
усната празнина која се руши од воздушната струја. Кај други се
создава теснина низ кој минува воздушната струја. Кај една помала
група согласки најпрвин се создава преграда, а потоа и теснина низ
која струи воздухот. Според начинот на образувањето согласките ги
делиме на:
преградни (избувливи): п, б, м, т, д, н, њ, к, г;
теснински (струјни): с, з, ш, ж, ф, в, л, љ, ј, р, х;
преградно-теснински: ќ, ѓ, ч, џ, ц, ѕ.
Преглед на согласките по начин и по место на образување
3. Според (не)треперењето на гласните жици согласките ги делиме на:
звучни, безвучни и сонанти (кои се најзвучни). Од табелата подолу
се гледа дека секоја безвучна согласка (освен согласката х) има свој
звучен парник.
Поделба на согласките по звучност
уснени забно-
венечни венечни тврдо-
непчени
меко-
непчени
преградни б п м д т н њ г к
теснински в ф з с л ж ш љ р ј х
преградно-теснински ѕ ц џ ч ќ ѓ
звучни б в г д ѓ ж з ѕ џ
безвучни п ф к т ќ ш с ц ч х
сонанти р л љ м н њ ј
ГЛАСОВНИ ПРОМЕНИ
Многу често во изговорот на гласовите во зборовите доаѓа до промени.
Тие промени настануваат според определени правила кои се својствени
на еден јазик. Најчесто се поттикнати од внатрешниот развој на
јазикот, но не ретко се резултат на надворешни влијанија. Некои од
гласовните промени биле карактеристични во минатото (трите
палатализации, јотувањето), други се јавиле подоцна (едначењето по
звучност, обезвучувањето на согласките). Покрај последниве две
гласовни промени би ги набележиле уште и: редувањето на согласките
и на самогласките, нивното испуштање, преместувањето,
вметнувањето на гласовите и сл.
Едначењето по звучност се јавува кога ќе се најдат во непосреден
допир две согласки различни по звучност, на границата на две
морфеми во рамките на еден збор. Едначењето се врши според втората
согласка: ако таа е безвучна, и првата (звучна) ќе помине во најсродна
безвучна согласка (рид + че = ритче, тежок + ка = тешка); ако
втората е звучна, и првата (безвучна) ќе помина во најсродна звучна
согласка (сват +ба = свадба, мирис + ба = миризба).
Едначењето по звучност се врши и кај префиксираните зборови:
(отспие, натпис, беспомошен, распушти, потфати, восхит).
Притоа, ако претставката (префиксот) завршува на иста согласка со
која почнува префиксираниот збор, може да дојде до удвојување или
до асимилација на согласките ( оддел, поддава, раззелени, оттука <
одтука; но: одамна < оддамна, безвучен < беззвучен, расони < рассони
< разсони, исели <иссели < изсели).
Остапување од едначењето по звучност имаме во следниве случаи:
Не се бележи едначењето на д пред наставките -ски, -ство, -ствен
и -ци (охридски, водство, производствен, предци).
Не се бележи едначењето на д и на другите звучни согласки пред
наставката -та (жедта, ’ржта, скрбта, глеѓта).
Не се бележи едначењето на в пред безвучна согласка (втор, мравка,
вкупно, овца, кичевски, вчера, овчар).
Согласката г не се едначи во бегство, другпат.
Не се врши едначење во зборовите од типот: десетгодишен
петдневен, деветдневен.
Во имињата од туѓо потекло обично не се бележи едначењето:
Вашингтон, Петерсбург, Мусоргски.
Обезвучувањето на согласките на крајот на зборот во изговорот е
редовна појава во нашиот јазик (се пишува: леб, град, снег, еж, мраз,
прав, глеѓ (се изговара леп, грат, снек, еш, мрас, праф, глеќ).
Обезвучувањето може да оди и на препоследната согласка, а
последната дури и да се изгуби: дожд, грозд (изговор: дош, грос).
На претходната појава се надоврзува и губењето на согласките на
крајот на зборот (се пишува: младост, мост, пришт, Горазд (се
изговара: младос, мос, приш, Горас). Според една фонетска законитост,
на крајот на зборот се распаѓаат оние групи што се вообичаени на
почетокот на зборот (стар, штипе, здрав, ждребе; наспроти: радост,
пришт, грозд, дожд; кои даваат радос, приш, грос, дош).
Редувањето (промената) на гласовите ги засега не само согласките,
но и самогласките. Може да стане како во коренот на зборот, така и во
средината или на крајот на зборот. Спореди кај самогласките:
роди:раѓа; избере:избор:избира:избран; и кај согласките: дух:душа;
брат:браќа; бог:божествен; волк:волци.
Испуштањето на гласовите станува според одредени законитости
кај самогласките: старец:старци; потомок:потомци; добар:добро:добра;
како и кај согласките: гроздје:грозје; пост:посен; училиште:училишна.
ПРАВОПИС И ПРАВОГОВОР
Правописот (ортографијата) и правоговорот (ортоепијата) се дел од
нормите на еден литературен јазик кои како предмет го имаат
правилното пишување на зборовите, односно правилниот изговор на
тоа што е напишано или изговорено. Правилата како треба да се
пишуваат и изговараат зборовите се поместени во правописните и
правоговорните речници. Тие правила се задолжителни за сите оние
што се служат со стандардната (литературната) форма на еден јазик.
Правописот е збир од правила за пишување на зборовите, но исто
така и за употреба на интерпункциските и правописните знаци. Добар
дел од правописните правила се однесуваат на транскрипцијата на
туѓите имиња со наше (кирилично) писмо. Во правописот има поглавје
за пренесување (предавање) на наши имиња и зборови со латинично
писмо; пишување на сложените зборови; како и поглавје со акцентот
во нашите (домашни) зборови и кај оние од туѓо потекло и сл.
Правоговорот како дел од литературната норма се однесува на
вербалната употреба на еден јазик. Особено го објаснува правилниот
изговор на зборовите, (во нивните рамки - на гласовите), посебно на
звучните согласки на крајот на зборовите. Предмет на правоговорот
исто така е акцентот со акцентските целости, но и интонацијата и
паузите во говорот. Овие и други елементи придонесуваат за
правилната дикција и се составен дел на една наставна област
наречена култура на говорот.
Иако во основа станува збор за две подрачја пишување и говорење, во
практика нормите и законитостите што ја регулираат нивната правилна
употреба се поместени во правописот. Постојат повеќе начела
(принципи) врз кои се уредуваат правилата на правописот. Но ниедно
од нив не се јавува во својот чист вид. Првото од тие начела е
фонетското (поправилно: фонолошкото). Тоа се применува во
правописот на македонскиот литературен јазик, како и во српскиот,
хрватскиот, босанскиот, црногорскиот, албанскиот и во други јазици.
Тоа значи за секој глас во азбуката (писмото) има одредена буква
(графема) и зборовите се изговараат онака како што се напишани (со
извесни исклучоци). Во морфолошкото (поправилно:
морфонолошкото) начело се води сметка за разграничување на
морфемите во рамките на еден збор. Тоа значи дека корените на
зборовите, претставките, наставките и сл. се пишуваат еднакво во сите
зборови.
Врз тоа начело повеќе или помалку се засновуваат на пр. правописите
во бугарскиот и рускиот јазик. (спореди: източно, представка; русский,
иностранных). Но во ред случаи се води сметка и за традиционалното
(историското) начело. Во етимолошкото (историското) начело, за кое
некои сметаат дека се две начела (принципи), се зачувани норми од
постариот период на развитокот на јазикот. Таков е правописот во
англискиот и францускиот јазик. Според некои лингвисти постојат и
други правописни начела (идеографско, семантичко и сл.).
Основите на правилата за пишување на македонски литературен јазик
се поставени во Македонскиот правопис (7. 6. 1945), само еден
месец по усвојувањето на македонската азбука (3. 5. 1945). По пет
години излегува второто издание под наслов Македонски правопис
со правописен речник кое е поправено и дополнето, и кое содржи
правописен речник. Во 1969 година се појавува Правопис на
македонскиот литературен јазик во кој поопширно и поуточнето се
обработени правилата од претходното издание. Во следната година
(1970) изданието е дополнето со правописен речник (од околу 30000
зборови). Во 1998 год. излегува новото издание под наслов Правопис
на македонскиот литературен јазик во 11 поглавја со
извесни изменувања и дополнувања, особено во делот Транскрипција
на туѓите имиња. Во 1999 година се појавува како посебно издание
Правописен речник на македонскиот литературен јазик со над
42000 речнички единици (автор Кирил Конески). Во него покрај
правописни има и правоговорни укажувања преку бележење на
акцентот кај некои зборови, за да се насочи на правилниот изговор
(година́ва, зима́ва, лето́во, бере́јќи, новои́збран, интервју́), или кај
зборовите со двоен акцент (е́кра́н, му́зе́јски) и сл.
Иако во Правописот од 1998 се одразуваше современата правописна
норма во нашиот јазик, некои од понудените решенија не беа најсреќно
избрани (Кинеска, жителка на Кина, наместо Кинезинка; во поглавјето
транслитерација - предавање на наши имиња со латиница и сл.). Но
додека се во сила, правописните правила треба да се почитуваат. Во
спротивно, непочитувањата ќе се сметаат за правописни грешки!
Цитат за овој час: На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за
литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазик, и централно
во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои
и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите
македонцки наречиiа. Крсте Петков Мисирков, 1903 година
ПРАВОПИС НА СОГЛАСКИТЕ
Во ова и следните поглавја што се однесуваат на правописот може да
има несовпаѓање со правописните правила според новиот Правопис
(2016). Ве молиме имајте го тоа предвид.
Ј. Поради неинтензивниот изговор во некои позиции, а особено пред
самогласките е и и, доаѓа до колебање при неговото пишување.
Пред и се пишува во суфиксот -ји кај придавките: божји, кравји, рибји.
Не се пишува ј зад ч: волчи, овчи. Но птичји! Во другите случаи пред и
не се пишува ј. (Во Правописот не се засегнати имиња од типот јидиш
-јазик, Јирген - име и сл.)!
Пред е се пишува ј: во почетокот на некои туѓи имиња и зборови: Јена,
Јемен, јеремонах, језуит; меѓу три самогласки: доајен, фоаје; зад
суфиксот -је: здравје, копје и збирната наставка -је: нивје, колје.
Во другите случаи ј не се пишува пред е: На почетокот еден, езеро,
Евреин, во средината меѓу две самогласки биеше, знае, никое, дуе, вее,
Индиец,(но Индијка), Гвинеец, (но Гвинејка). Исто така не се пишува и
во машки род кај придавките од типот значаен, буен, семеен, двоен,
(но во женски и среден род значајна, бујно, семејна, двојно).
Меѓу самогласките и и а, како и меѓу о и а, односно у и а секогаш се
пишува ј Македонија, Марија, материја, радија (од радио); боја,
Стојан, кројач; чујам, трујачка, дујат, собујам. Од подруг тип се
примерите како иако, антиамерикански, односно глаголските форми
отидоа, видоа, како и решоа,(од решо), буржоазија.
Ј се пишува меѓу е и а во зборови и имиња од туѓо потекло алеја,
идеја, (но: идеален, идеализам), епопеја, ономатопеја, Гвинеја, Јудеја;
како и кај изведените именки од глаголи, со наставките -ач (-јач),
-ачка (-јачка) пејач, грејач, пејачка, живејачка; и кај придавките
вејачка (машина), пејачка (група).
Ј се пишува меѓу две а (аа) во одделни зборови и лични имиња одаја,
вајар, раја, Трајан, Маја; во изведени именки со наставките -јач,
-јачка, -јачница, бајач, ткајачка, ткајачница; како и во формите на
минато определено свршено време (аорист) и глаголската л-форма
истраја, залаја, се покаја, се покајал, потрајал, ткајал. Формите на
глаголите на кои општиот дел им завршува на -а-, во сегашното време
се пишуваат без ј лаат, ткаам, траам. Без ј се пишуваат заменските
форми оваа, таа, онаа.
Меѓу самоглските и и о се пишува ј во формите за повикување кај
именките на -ија Македонијо, Маријо, змијо. Во зборови од туѓо
потекло не се пишува ј стадион, студио, национален, марионета.
Во самогласните групи ако втората самогласка е о или у не се пишува ј
свиок, географија, зоологија, биологија, виулица, калиум, триумф.
Во групи од три самогласки една до друга, меѓу втората и третата се
пишува ј фоаје, досиеја, пееја, виеја, ткаеја, знаеја, (се) белееја.
Се пишува ј во формите за искажување заповед кај глаголите кои во
општиот дел завршуваат на -и- пиј (од пие), биј, миј, шиј; бијте (од
бие), мијте (од мие), шијте (од шие).
Не се пишува ј меѓу две самогласки кои се во состав на компоненти во
сложени зборови триаголник, антиамерикански, иако, триангла, диода.
Не се пишува ј пред наставката -ски во придавки и прилози изведени
од именки кои завршуваат на -ија змиски, историски, англиски, како и
пред наставките -ство, ствен убиство, убиствен.
Поука за овој час: Токму затоа Филип Македонски – како што е опишано во историјата,
кога истовремено му дошле три радосни и почесни известувања – го извадил својот
скап прстен и го фрлил во морето, за да ја смири својата прекумерна радост со загубата
на својот прстен. ’За секој случај‘, рекол, ’не сум способен да ги издржам многубројните
несреќи што истовремено може да ме снајдат‘.” Старец Јосиф Исихаст
Л, Љ. Колебањето при пишувањето кај овие согласки доаѓа од нивниот
еднаков изговор пред самогласките е и и и сонантот ј.
Соглската љ се пишува пред самогласките а, о, у, пред други согласки
и на крајот на зборовите Каља, беља, рубља, Дељо, Иљо, Кољо, љубов,
Љуба, Љупчо, вљубен, Љубојно, виљушка, пељуш, Каљуш; фељтон,
Иљчо; биљбиљ, детаљ, детаљна, детаљно, (но детален), тељ. Во
множинските форми кај именките на кои основата им завршува на -љ,
се пишува л бели, рубли, биљбили, детали.
Како дијалектизми се сметаат кључ, недеља, љут, љутеница, чешељ,
сољ, чељад и др. Правилно се изговара и се пишува со л клуч, недела,
лут, чешел, челад и сл.
Л се пишува и изговара во формите кај глаголите од и-група делат (од
дели), молат, жалам, велам, мислат и во именките изведени од нив
делба, молба, жалба, мисла и сл.
Пред самогласките е и и и пред ј се пишува само л леб, млеко, лето,
поле; боли, лице, ливада, бели; билје (се изговара биљје), зелје,
релјеф, илјада (се изговара иљјада), Смилјана, (се изговара Смиљјана),
фотелја, неволја, ролја; во множина фотелји, неволји, ролји.
Ќ, Ѓ. Изговорот на овие согласки во некои говори може да биде
поинаков од литературните форми кои се образуваат на тврдото непце.
Како резултат на тоа се јавува колебање при нивното пишување и
изговарање, особено во позиција пред самогласките е и и.
Согласката ќ се изговара и пишува во зборовите и формите: Божик (и
Божиќ), божикен (божиќен), божикна (божиќна), веќе, вреќа, -и, гаќи,
домаќин, куќа, -и, куќен, моќ, моќен, моќна, плеќа, -и, свеќа, -и, среќа,
среќен, ќерка, цвеќе, цвеќиња, праќа, ж. р. - праќи.
Ќ се пишува во честичката ќе и во наставката -јќи, како и во именки
кои завршуваат на -т, или во глаголи кои завршуваат на -т: гледајќи,
пишувајќи; брут - бруќе, работа - рабоќе; Тибет - Тибеќанец, Сопот -
сопоќанец; плати - плаќа, прати - праќа, сети - сеќава, срете - среќава.
Наместо со ќ како што е во некои говори, во литературниот јазик се
препорачуваат формите со ш(т): маштеница (не маќеница), маштеа,
паштерка, сношти, имашлив и сл. Само со ш(т) се и други зборови:
помош, помошен, горештина, плешка, (но и плеќа), пештера,
свештеник, овошје, јагнешко, Понекогаш употребата на ш(т) и ќ се
користи за означување на разлики во значењата: немоќен (бессилен),
немошен (слаб, болен). За неправилна се смета употребата на ќ во
зборови како лошоќа, доброќа, самоќа. Во литературниот јазик тие
лексеми завршуваат на наставките -отија, и -ота: лошотија, самотија,
доброта, чистота.
Ќ се јавува во многу зборови од туѓо потекло (особено од турскиот и
грчкиот јазик). Се пишува во сите позиции, освен пред и: ќаја, ќар,
ќотек, ќофте, ќуп, ќумур, ќебап, бериќет, ќесе, мустаќ - мустаќи, и
мустак - мустаци; Пред и се пишува к: кибрит, килим, килер, кирија,
килибар, Кирил, Шакир, Бекир, Зекир.
Ѓ се пишува и изговара во зборовите како: веѓа - веѓи, лаѓа - лаѓи, саѓа
- саѓи, меѓа - меѓи, преѓеска, преѓешен, ‘рѓа, ‘рѓосува, туѓ, туѓи; во
множината од човек - луѓе.
Ѓ се јавува во формите за збирна множина кај именките на -да, во
изведените именки со суфиксот -јанец (мн. -јани) кај именките кои
завршуваат на -д и кај глаголите чија основа завршува на -д: грамада -
грамаѓе, ливада - ливаѓе, вода - воѓе (и водје); Охрид - охриѓанец,
охриѓани, Белград - белграѓанец, Швеѓани, Шкотланѓани; дојде - доаѓа,
зајде - заоѓа, роди - раѓа, најде - наоѓа, виде - виѓа (и виѓава).
Наместо со ѓ одделни зборови се пишуваат со -ж(д): кражба (не
краѓа), премреже, межник, (и меѓник), нужда.
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina
Makedonski jazik i literatura prva godina

Weitere ähnliche Inhalte

Was ist angesagt?

загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната средина
Aleksandar Arsovski
 
Загадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната срединаЗагадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната средина
Marija Nedelkovska
 
Tрапез и делтоид
Tрапез  и  делтоидTрапез  и  делтоид
Tрапез и делтоид
Katerina Ivanova
 
Multikultura prezentacija
Multikultura prezentacijaMultikultura prezentacija
Multikultura prezentacija
ucilistepomerka
 
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,PehcevoCirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
valentinastanoevska
 
вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
Daniela Hris
 
појам и врсте дефиниције1
појам и врсте дефиниције1појам и врсте дефиниције1
појам и врсте дефиниције1
filozofskaazbuka
 
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
slave georgiev
 

Was ist angesagt? (20)

Endokrin sistem
Endokrin sistem Endokrin sistem
Endokrin sistem
 
Makedonski jazik i literatura ii godina текстови
Makedonski jazik i literatura ii godina  текстовиMakedonski jazik i literatura ii godina  текстови
Makedonski jazik i literatura ii godina текстови
 
загадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната срединазагадување и заштита на животната средина
загадување и заштита на животната средина
 
Обновливи и необновливи извори на енергија -Кристина,Марија и Драгана ОУ,,Сл...
Обновливи и необновливи извори на енергија  -Кристина,Марија и Драгана ОУ,,Сл...Обновливи и необновливи извори на енергија  -Кристина,Марија и Драгана ОУ,,Сл...
Обновливи и необновливи извори на енергија -Кристина,Марија и Драгана ОУ,,Сл...
 
Supstanci
SupstanciSupstanci
Supstanci
 
работен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCMработен лист придавки и именки BiljanaCM
работен лист придавки и именки BiljanaCM
 
Загадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната срединаЗагадување и заштита на животната средина
Загадување и заштита на животната средина
 
Македонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III годинаМакедонски јазик и литература III година
Македонски јазик и литература III година
 
микроорганизми
микроорганизмимикроорганизми
микроорганизми
 
Virusi
VirusiVirusi
Virusi
 
Biologija i godina ucebnik web (1)
Biologija i godina ucebnik web (1)Biologija i godina ucebnik web (1)
Biologija i godina ucebnik web (1)
 
Podela slovenskih jezika
Podela   slovenskih jezikaPodela   slovenskih jezika
Podela slovenskih jezika
 
Tрапез и делтоид
Tрапез  и  делтоидTрапез  и  делтоид
Tрапез и делтоид
 
Multikultura prezentacija
Multikultura prezentacijaMultikultura prezentacija
Multikultura prezentacija
 
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,PehcevoCirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
Cirkulatoren sistem krv i limfa Valentina Stanoevska OOU,,Vanco Kitanov,,Pehcevo
 
Jазик
JазикJазик
Jазик
 
вежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прироквежби за подмет и прирок
вежби за подмет и прирок
 
појам и врсте дефиниције1
појам и врсте дефиниције1појам и врсте дефиниције1
појам и врсте дефиниције1
 
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
_КАЈ_ЦВЕТНИ_РАСТЕНИЈА-.ppt
 
Царства на живите организми
Царства на живите организмиЦарства на живите организми
Царства на живите организми
 

Andere mochten auch

Разловечко востание
Разловечко востаниеРазловечко востание
Разловечко востание
Marija Nedelkovska
 
ПЛАНИНСКО ЕЗЕРЦЕ
ПЛАНИНСКО  ЕЗЕРЦЕПЛАНИНСКО  ЕЗЕРЦЕ
ПЛАНИНСКО ЕЗЕРЦЕ
Osnovno uciliste
 
атрибут и апозиција
атрибут и апозицијаатрибут и апозиција
атрибут и апозиција
milijana1
 
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
Osnovno uciliste
 
Незавинсо разделни реченици
Незавинсо  разделни реченициНезавинсо  разделни реченици
Незавинсо разделни реченици
Osnovno uciliste
 
атрибут и апозиција
атрибут и апозицијаатрибут и апозиција
атрибут и апозиција
milijana1
 
припрема за писмени задатак
припрема за писмени задатакприпрема за писмени задатак
припрема за писмени задатак
milijana1
 
Power fabri 2
Power fabri 2Power fabri 2
Power fabri 2
tecdeinfo
 

Andere mochten auch (20)

Македонска лирика
Македонска лирикаМакедонска лирика
Македонска лирика
 
Разловечко востание
Разловечко востаниеРазловечко востание
Разловечко востание
 
ПЛАНИНСКО ЕЗЕРЦЕ
ПЛАНИНСКО  ЕЗЕРЦЕПЛАНИНСКО  ЕЗЕРЦЕ
ПЛАНИНСКО ЕЗЕРЦЕ
 
Prezentacija Za Deca 1
Prezentacija Za Deca 1Prezentacija Za Deca 1
Prezentacija Za Deca 1
 
атрибут и апозиција
атрибут и апозицијаатрибут и апозиција
атрибут и апозиција
 
Semejstvo
SemejstvoSemejstvo
Semejstvo
 
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
,,Пејо во туѓи чизми на оро“ Стале Попов
 
Незавинсо разделни реченици
Незавинсо  разделни реченициНезавинсо  разделни реченици
Незавинсо разделни реченици
 
атрибут и апозиција
атрибут и апозицијаатрибут и апозиција
атрибут и апозиција
 
припрема за писмени задатак
припрема за писмени задатакприпрема за писмени задатак
припрема за писмени задатак
 
Series 33 - E - History of Pirana Satpanth Part 2 of 3
Series 33 - E - History of Pirana Satpanth  Part 2 of 3Series 33 - E - History of Pirana Satpanth  Part 2 of 3
Series 33 - E - History of Pirana Satpanth Part 2 of 3
 
Power fabri 2
Power fabri 2Power fabri 2
Power fabri 2
 
Series 10 pirana satpanth kaka appointment and admin rights agreement -d
Series 10  pirana satpanth kaka appointment and admin rights agreement -dSeries 10  pirana satpanth kaka appointment and admin rights agreement -d
Series 10 pirana satpanth kaka appointment and admin rights agreement -d
 
Series 43 Gazetteer of bombay presidency -vol IX -part II -year 1899
Series 43  Gazetteer of bombay presidency -vol IX -part II -year 1899Series 43  Gazetteer of bombay presidency -vol IX -part II -year 1899
Series 43 Gazetteer of bombay presidency -vol IX -part II -year 1899
 
Thinking
ThinkingThinking
Thinking
 
OE 31 ABKKP Yuva Sangh's Reply dt.30-Dec-2010 to Avichaldas Maharaj's Letter
OE 31 ABKKP Yuva Sangh's Reply dt.30-Dec-2010 to Avichaldas Maharaj's LetterOE 31 ABKKP Yuva Sangh's Reply dt.30-Dec-2010 to Avichaldas Maharaj's Letter
OE 31 ABKKP Yuva Sangh's Reply dt.30-Dec-2010 to Avichaldas Maharaj's Letter
 
Series 36 pirana satpanth's religious head is a muslim
Series 36  pirana satpanth's religious head is a muslimSeries 36  pirana satpanth's religious head is a muslim
Series 36 pirana satpanth's religious head is a muslim
 
MILF Final Working Draft on Comprehensive Compact
MILF Final Working Draft on Comprehensive CompactMILF Final Working Draft on Comprehensive Compact
MILF Final Working Draft on Comprehensive Compact
 
OE 28 kolhapur samaj bans satpanth religion
OE 28  kolhapur samaj bans satpanth religion OE 28  kolhapur samaj bans satpanth religion
OE 28 kolhapur samaj bans satpanth religion
 
Koksidiosis kebudayaan
Koksidiosis kebudayaanKoksidiosis kebudayaan
Koksidiosis kebudayaan
 

Ähnlich wie Makedonski jazik i literatura prva godina

Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptxСил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
MerlinaTolevska1
 

Ähnlich wie Makedonski jazik i literatura prva godina (12)

Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstoviMakedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
Makedonski jazik i literatura prva godina tekstovi
 
Makedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godinaMakedonski jazik i literatura iii godina
Makedonski jazik i literatura iii godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godinaMakedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmdMakedonski jazik i literatura iv godina.tmd
Makedonski jazik i literatura iv godina.tmd
 
Makedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godinaMakedonski jazik i literatura ii godina
Makedonski jazik i literatura ii godina
 
Makedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godinaMakedonski jazik i literatura iv godina
Makedonski jazik i literatura iv godina
 
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptxСил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
Сил. Дефиниција на стилот во областа на јазикот .pptx
 
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
5 одд. 24.10 - 28.10 2022.docx
 
Nastavni programi vi odd
Nastavni programi vi oddNastavni programi vi odd
Nastavni programi vi odd
 
Makedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina новоMakedonski jazik i literatura iv godina ново
Makedonski jazik i literatura iv godina ново
 
Nastavna_programa-Angliski_jazik-VII_odd.pdf
Nastavna_programa-Angliski_jazik-VII_odd.pdfNastavna_programa-Angliski_jazik-VII_odd.pdf
Nastavna_programa-Angliski_jazik-VII_odd.pdf
 
Прирачник за десиминација од проектот меѓуетничка десиминација
Прирачник за десиминација од проектот меѓуетничка десиминацијаПрирачник за десиминација од проектот меѓуетничка десиминација
Прирачник за десиминација од проектот меѓуетничка десиминација
 

Makedonski jazik i literatura prva godina

  • 1. ДОБРОДОЈДОВТЕ На презентациите од содржините по Македонски јазик и литература за прва година на средното стручно образование. Презентациите се правени според Наставната програма изготвена од Бирото за Развој на Образованието и одобрена од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Застапени се две области: јазик и литература. Од подрачјето (областа) јазик обработени се содржините Наука за јазикот, Историски развиток на македонскиот јазик, Фонетика и фонологија, Правопис и правоговор, и Акцент. Од подрачјето Литература презентирани се содржините од Теоријата на литературата и Историја на литературата (од нејзините почетоци заклучно со словенската писменост и литература). Содржините од делот Правопис и правоговор се обработени според Правописот од 1998 година понекогаш со преземени формулации и примери од истиот. Со оглед на тоа што во меѓувреме (почетокот на 2016) излезе ново издание на Правописот(и уште го немаме на увид), можно е некои правописни правила да се доуточнети и проширени и поинаку дефинирани. Сепак тој дел како застарен(!) не го отстранивме од презентациите поради илустративниот материјал.
  • 2. Овие презентации (и текстовите) како и претходните (за втора, трета и четврта година) се работени со помош на Softmaker office програмски пакет кој сега им се нуди бесплатно на училиштата. При подготовката на содржините се користени различни извори. Најчесто преку линкови се посочува изворот или пак, се упатува на интернет страници каде што може да се добијат дополнителни информации. Според веќе утврдената практика лекциите завршуваат со Поука или Цитат за овој час. Најчесто тие се поврзани со содржините или едноставно сметавме дека се интересни. Како илустртивен материјал во граматичкиот дел се внесени повеќе пословици, поговорки и сл. напишани на народен јазик. И примерите во делот Теорија на литературата се народни умотворби. Се водевме од желбата да го покажеме богатството на дијалектната лексика. Некои помалку познати зборови ги преведовме. Се надеваме дека презентациите ќе им бидат од корист на наставниците и учениците. Би биле радосни ако наидат на одглас. Мојата адреса: Трајан Божинов, СОУ „Никола Карев“ - Струмица
  • 3. На нашата ќерка Весна Рутев Спомни ја Господи во Твоето Царство и направи го нејзиниот спомен вечен!
  • 4. ОПШТЕЊЕ (КОМУНИКАЦИЈА) - ПОИМ И ВИДОВИ Општењето (комуникацијата) е процес со кој се врши размена на информации и пораки меѓу луѓето. Размената на информациите и пораките се врши со помош на знаци. Во поширока смисла комуникацијата се остварува и меѓу животните. Во најширока смисла размена на информации, односно комуникација се обавува и меѓу човекот и машините. Поимот доаѓа од латинскиот збор commūnicātio, -ōnis, и значи споделување, соопштување. Науката која се занимава со проучување на комуникациите се вика комуникологија. Поимот комуникација е многузначен и може да се разгледува од повеќе аспекти и според тоа има различни дефиниции и поделби. Според некои комуникацијата е сеопшта и претставува средишен феномен на културата. Таа е непрекинлива и никогаш не престанува и не може да ѝ се одреди ни почетокот ни крајот. Според други под комуникација се подразбира механизам со чија помош егзистираат и се развиваат меѓучовечките односи. Таа може да се разгледува и преку средствата кои ги користи и преку начинот (формата) според кој се остварува и сл. Така, според формата разликуваме вербална и невербална
  • 5. комуникација; според насоката - еднонасочна и заемна (двонасочна). Во однос на средствата што (не) ги користи комуникацијата може да биде непосредна (директна) и посредна (преку некој медиум). Според некои комуникацијата претставува испраќање и примање на знаци кои имаат одредено значење, разбирливо и за испраќачот и за примателот. Постојат различни видови знаци, но и различни дефиниции што ги определуваат. Според некои пак, знаците можат да бидат во вид на сигнали или симболи. Па така, разликуваме сигнална и симболична комуникација. Кај сигналната комуникација знаците (сигналите) се еднострани и неповратни и не се испраќаат со некаква намера. За разлика од нив, со симболите се искажува некаква намера (порака) од испраќачот до примателот. Знаците (симболите) што се испраќаат се разбирливи и однапред договорени. Основно средство за општење меѓу луѓето е јазикот, но има и други начини и средства како што се говорот на телото - со гестови и мимики, со изразот на лицето; преку начинот на облекување; потоа со цртежи, со сообраќајни знаци и сл. Цитат за овој час: Најпрвата неопходност е општењето (комуникацијата) - Мајка Тереза
  • 6. Иако јазикот е основно (и најусовршено средство) за општење меѓу луѓето, во целокупната емоционална комуникација, според некои проучувања, тој учествува само со помалку од 20 %. Тој лежи во основата на вербалната (со зборови) комуникација со која се пренесува некоја информација. Со невербалната комуникација (со изразот на лицето, со погледот, со допирот и сл.) го искажуваме емоционалниот однос кон таа информација и кон лицето што ни ја соопштува. Смислата на комуникацијата е меѓу луѓето да се разменат пораки преку кои ќе се даде совет, ќе се изнесе мислење, ќе се искаже предупредување и сл. Тоа се прави со помош на јазикот, кој како организиран систем од знаци има сложена структура. Предмет на разгледување можат да бидат односите меѓу знаците во тој систем, но и нивната функција. Поука за овој час: Некои се многу пребирливи кога станува збор за храната така што некое јадења не сакаат ниту да ги вкусат. Но, не се толку пребирливи и не внимаваат кога се во прашање зборовите што излегуваат од нивната уста. Блажени Августин
  • 7. ЈАЗИКОТ КАКО СИСТЕМ ОД ЗНАЦИ - ФУНКЦИИ НА ЈАЗИКОТ Јазикот како основно средство за општење меѓу луѓето служи пред сѐ за искажување на човековите мисли и чувства, но и за размена на идеи и искуства. Тој претставува систем од знаци или код кои се меѓусебно условени и разбирливи за сите оние кои користат еден јазик. Со помош на јазикот се остваруваат неговите основни функции - комуникативната (човекот да општи со другите луѓе од една заедница) и спознајната (човекот да ја осознава средината во која живее). Процесот на комуникација (во случајов зборуваме за вербалната) вклучува во себе подготовка, составување и испраќање на пораки. Тој е сложен процес што го определуваат шест елементи: испраќач кој праќа порака со определена содржина до примач преку медиум (канал) со помош на систем од знаци (код). Во тој процес испраќачот и примачот како учесници можат да ги променат местата. Медиумот е средство преку кој се пренесува пораката. Тоа би го прикажале вака: медиум (канал)испраќач порака медиум (канал) примач содржина на пораката систем од знаци (код)
  • 8. Секој од овие шест елементи определуваат по една функција на јазикот. Тоа значи дека постојат шест функции на јазикот: референцијална, емотивна, конативна, контактна, метајазична и поетска. Референцијалната (содржинската) функција служи да се предаде или прими некоја порака. Таа е најчесто застапена во вербалната комуникација за да се пренесе некоја информација. Емотивната (експресивна) функција го искажува односот меѓу пораката и испраќачот. Многу често со оваа функција при предавање на пораките се користат извиците. О Тешкото, зурли штом диво ќе писнат! Со конативната (апелативна) функција се изразува односот меѓу пораката и примачот на пораката и е насочена кон примачот. Тоа најчесто се прави преку формите за изразување заповед: Престанете да зборувате! Со контактната функција се предаваат пораки со кои се воспоставува, одржува или прекинува општењето: Повелете! Добар ден! Пријатно! Застапена е во сите форми на општење меѓу луѓето. Метајазичната функција се однесува на односот меѓу јазичниот систем (кодот) и пораката. Служи за дообјаснување на знаците во процесот на општењето. Поетската функција, пак, е најзастапена во литературните дела преку сликовитиот начин на изразување.
  • 9. ПРИРОДНИ И ВЕШТАЧКИ ЈАЗИЦИ Јазикот како средство за општење меѓу луѓето е систем од знаци со кој припадниците од една заедница ги искажуваат своите мисли, идеи, чувства, потреби и сл. Правилата според кои е изграден системот од знаци (кодот) на еден јазик се развил спонтано во текот на еден подолг период. Тие се задолжителни за сите припадници кои го користат тој јазик и во сите сфери на живеење. Природен или обичен јазик е јазик кој се развил по природен пат и претставува основа врз која е изграден еден општонароден (национален) јазик. Тој може да се јави во говорена и пишана форма. Во светот постојат многу природни јазици. Според некои научници нивниот број изнесува над 7000. Ако кон тоа се додадат и дијалектните јазици, тој број надминува 10000 живи јазици. Сепак, одреден број од јазиците, и тоа не мал, се загрозени и (или) се на пат да исчезнат. Причина за тоа се малиот број говорители на тие јазици (еден, двајца или помала група луѓе, и тоа најчесто возрасни). Меѓународната заедница преку специјализираните организации (УНЕСКО и други) настојува да ги заштити тие јазици (дури некои од нив преку реконструкција и да ги оживее!).
  • 10. Големиот број јазици нужно бараат нивно класифицирање. Поделбата може да се изврши врз повеќе принципи: 1. Врз основа на историскиот развој (генетска поделба); 2. Врз основа на внатрешната граматичка структура (типолошка поделба); 3. Врз основа на географската блискост на јазиците (ареална поделба). Покрај исчезнати постојат и т.н. мртви јазици, кои не се во активна употреба (латинскиот, но во некои сфери како правото, медицината, сепак се користи!), или од кои се развиле нови јазици (прасловенски ˃старословенски ˃словенските јазици). Покрај природните постојат и т.н. вештачки јазици кои се создадени за полесна комуникација меѓу луѓето. Нивниот број сѐ повеќе се зголемува. Некои од нив се користат во одредени научни области (на пример во информатиката - програмските јазици). Сепак, најинтересни меѓу нив се меѓународните помошни јазици создадени од елементи на природните јазици, со упростена граматичка структура. Од нив најпознати се волапик, есперанто, (најраспространет), идо, лидневи, меронимија, новословенски, словио и др. Интересно е тоа што повеќе од тие јазици во основата ја имаат структурата на словенските јазици и особено на фонолошкиот систем.
  • 11. НАЦИОНАЛЕН (ОПШТОНАРОДЕН) ЈАЗИК Под национален (општонароден) јазик се подразбира јазикот на кој зборува една нација. Тој е, всушност, општ систем кој во себе ги обединува сите варијанти на еден јазик - литературниот, дијалектниот, простонародниот, професионалните говори, жаргоните и сл. Тој се поврзува со еден народ (нација) и со територијата кај што живее тој народ. Македонскиот јазик е национален (општонароден) јазик на сите Македонци. Тој се јавува во две форми: нестандардна и стандардна. Нестандардната форма на општонародниот јазик како средство за комуникација се реализира преку дијалектите (народните говори на одредена територија), преку социјалните дијалекти (говорите на одделни групи: ученици, студенти, војници, потоа професионалните говори на занаетчии и сл.) и преку секојдневното општење во кругот на семејството, роднините, пријателите и сл.). Нестандардната форма се одликува со незадолжителен изговор на гласовите, со слободна (незадолжителна) примена на граматичките правила, со богата и експресивна лексика. Најчесто се јавува во говорена разновидност (пројава) и многу ретко во пишувана.
  • 12. Стандардната (литературната) форма е кодифицирана разновидност на општонародниот јазик. Таа е коректна и правилна и се смета за официјално средство за комуникација. Се користи во училиштата и другите установи, во весниците, на радиото и телевизијата и сл. Се јавува во две разновидности (пројави): говорена и пишувана. И двете се остваруваат преку нормирани правила. Говорената разновидност (пројава) се остварува преку нормирани правила во изговорот на гласовите и зборовите, преку спазување на граматичките правила и коректната употреба на лексичкиот состав. Пишуваната разновидност (пројава) се одликува со коректната употреба на правописните правила утврдени со правописот на даден јазик како и со правилното пишување на зборовите, водејќи сметка и за стилот на пишување. Стандардната форма за разлика од нестандардната, може да ги исполнува сите сфери и ситуации на успешно општење меѓу припадниците на еден народ, како во јавната, така и во приватната комуникација; како во усната, така и во писмената. Поука за овој час: Јас господин, ти господин (ако сме), ами кој ќе го турит житото в амбар?
  • 13. ДИЈАЛЕКТНИОТ НАСПРОТИ СТАНДАРДНИОТ ЈАЗИК Дијалектот е основна пројава (разновидност) на даден јазик, која не е нормирана (кодифицирана). Се користи на одредена територија од помала или поголема група луѓе. Иако не е официјално нормиран, дијалектот е изграден систем со своја структура што ја сочинуваат фонетски, граматички, синтаксички и пред сѐ, лексички особености. Повеќе дијалекти со делумно слична структура образуваат поголема целина која се вика наречје. Во македонската дијалектолошка наука разликуваме три наречја: југозападно, југоисточно и северно наречје. Помалите територијални единици од дијалектот се нарекуваат говори. Покрај дијалектите кои се употребуваат на одредена територија, има и дијалекти кои се однесуваат на одделни социјални групи, т.н. социјални дијалекти (социолекти) кои се поврзани со професионални групи. Во основата на социолектите е граматиката на територијалниот дијалект, а главната разлика е во лексиката, која е специфична за одделните професии и занимања (говор на ѕидарите, на дрводелците, на војниците и сл.). Кон социолектите припаѓаат и жаргоните - говор на луѓе блиски во професијата и животните интереси, во чија лексика има силна експресивност, но со отсуство на многу граматички форми.
  • 14. Стандардниот (литературниот) јазик е висока и официјална (нормирана) разновидност на општонародниот јазик и е задолжителна за сите припадници на една општествена заедница. Се јавува во сите сфери на општественото живеење. Најмногу, и без исклучок, се користи во образовните установи, но исто така и во администрацијата, во средствата за масовна комуникација, во уметничката литература и сл. Како поим литературниот јазик повеќе се врзува за јазикот во уметничката литература, во која покрај нормираните изразни средства, понекогаш се застапени јазични форми преземени од некој дијалект или социолект (жаргон). Поимот стандарден е истозначен со литературен и се врзува повеќе за другите општествени сфери. Со дијалектниот јазик, стандардниот јазик е во нераскинливо единство. Многу термини од секојдневниот живот (од техниката и сл.) во дијалектите се навлезени преку стандардниот јазик. Но уште повеќе зборови и изрази од дијалектите наоѓаат свое место во речникот на уметничката литература, како и во секојдневното општење. Нивната застапеност треба да биде со цел збогатување на нашиот израз и во мерка со која нема да се наруши литературната норма. Цитат за овој час: Јазикăт коски нема, се врте на секăде!
  • 15. ЈАЗИКОТ И ГОВОРОТ, ГОВОРОТ И ПИСМОТО Јазикот како средство за општење меѓу луѓето, всушност е апстрактен систем од знаци, но разбирлив и за испраќачот и за примачот на пораката. Според некои усната варијанта на јазикот е говорот, преку кој човекот ги искажува своите мисли и чувства. Според други, апстрактниот систем од знаци (јазик) преку говорот доживува практична примена, односно со говорот се искажува конкретна содржина. И уште: јазикот е систем од правила, говорот е јазик во дејство (во акција). Искажаното со него е моментално и неповторливо. Говорот се смета за индивидуална појава и начин на кој единката (индивидуата) го практицира јазикот. Тој се реализира со помош на гласовите. Гласовите се најмали говорни единици кои се образуваат од воздушната струја која излегува од белите дробови и со помош на органите за говор (усна празнина, јазик, гласилки, непце, заби и сл.). Писмото е систем од знаци со кои се предаваат човековите мисли и чувства. Се појавило пред повеќе од 4000 (според некои во Кина, и пред 6000) години пред н.е. Едно е од најголемите цивилизациски достигнувања. Со негова помош може(ло) да се пренесат на поголема просторна или временска далечина човековите пораки и идеи.
  • 16. Знаците може да бидат во вид на симболи кои претставуваат упростени слики (пиктограми) или букви (графички знаци - графеми) кои означуваат одделни гласови или пак слогови (слоговно писмо). Првите форми на писмено општење било со помош на пиктографското (сликовито) писмо. Тоа е едноставно писмо и во кое писмените знаци (пиктограмите) означувале цели реченици. Во денешно време пиктограмите имаат одредена улога во општењето (на пр. во информатичката технологија во вид на емотикони). Подоцна се појавила поразвиената форма - идеографското писмо, во кое преку идеограмите (графички знаци) се предава идејата. Тие имаат метафорично (преносно) значење. Поправилно е за ова писмо да се каже дека е логографско, а писмените знаци - логограми или логографи. Такви писма биле клинописот (во Месопотамија), хиероглифското писмо (во Египет), писмото на Маите (во Мексико), а денес уште и кинеското писмо и јапонското канџи писмо. Слоговното писмо се појавило пред фонетското (гласовното). Се развило од идеограмите кои означувале едносложни зборови. Уште во клинестото писмо (клинописот) имало графеми за некои слогови. Денес најпознати слоговни писма се јапонските катагана и хирагана.
  • 17. Гласовното (фонетското) писмо е стандардизиран сет од букви (графеми) на еден јазик во кој секоја буква означува еден глас (фонема). Бројот на буквите и нивниот распоред во азбуката е строго утврден и е одраз на условите во кои се развивал тој јазик. Постојат различни видови азбуки, како според бројот на буквите (најмалата азбука има 10 знаци, најголемата 58, слоговните од 50 - 400), така и според тоа дали имаат знаци само за согласките или и за самогласките. Најстарото фонетско писмо - феникиското, се развило врз основа на клинестото писмо и на египетските хиероглифи. Било едноставно за пишување бидејќи содржело само дваесетина буквени знаци и тоа само за согласките. Врз основа на тоа писмо бил создаден грчкиот алфавит во кој се придодале знаци за вокалите и за некои специфични согласки. Подоцна грчкото писмо послужило за создавање на една од најраспространетите писма - латинската абецеда (латиницата). Со дејноста на светите браќа Кирил и Методиј била создадена првата словенска азбука - глаголицата, по углед на грчкото ракописно писмо и по углед на некои други источни јазици - и со знаци за специфичните словенски гласови. Нешто подоцна од нивните ученици била создадена кирилицата која се смета за една од најусовршените фонетски азбуки.
  • 18. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ГРУПАТА НА СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ Порано е спомнато дека класификацијата на јазиците може да врши врз повеќе принципи. Еден од тие принципи е историскиот развиток на јазиците. Според него, македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици. Словенските јазици е една од најразгранетите групи во семејството на индоевропското јазично семејство. Тие водат потекло од заеднички прајазик наречен прасловенски јазик. Прасловенскиот јазик, пак, води потекло од праиндоевропскиот јазик, од кој настанале јазиците кои денеска се распространети во Индија, Иран и Европа. Сѐ на сѐ 11 групи на јазици и три одделни јазици (албанскиот, грчкиот и хетитскиот јазик). Прасловенскиот најблиску бил до прабалтичкиот образувајќи со него заедничка балтичко-словенска подгрупа. Индоевропското јазично семејство се дели на две основни групи: источна група (сатем) во која спаѓаат словенските јазици и западна група (кентум) кон која припаѓаат западноевропските јазици. Таа поделба се прави според изговорот на бројот 100. Словенската група јазици се дели на три подгрупи: источна (руски, белоруски и украински јазик); западна (полски, чешки, словачки,
  • 19. Индоевропското јазично семејство По распадот на СФР Југославија се јавија нови или одделни јазици: српски, хрватски, босански и црногорски јазик.
  • 20. горно и долнолужички, и кашупски јазик); и јужнословенска подгрупа (македонски, бугарски, српски, хрватски, словенечки, босански и црногорски јазик). Кон јужнословенските јазици припаѓа и старословенскиот јазик, првиот литературен јазик, разбирлив за сите словенски народи, кој повеќе не е во активна употреба. Македонскиот јазик со бугарскиот ја образуваат источната подгрупа на јужнословенските јазици (врз основа на редица заеднички особености: отсуство на падежи, губење на инфинитивот, присуство на член и сл.) додека останатите јужнословенски јазици припаѓаат на западната подгрупа. Сите словенски јазици имаат многу карактеристики што ги споделуваат меѓу себе, како што има и извесен број особености (особено во лексиката) во јазиците на сите индоевропски народи кои сведочат за заедничкото потекло. Така и нашиот јазик има доволно особености на фонетски, морфолошки и лексички план со кои се разграничува од бугарскиот и од другите словенски јазици: гласовите ќ, ѓ и ѕ, третосложниот акцент, тројниот член, глаголските конструкции со има/нема и глаголската придавка од среден род; вреден:штетен, но навреда, повреда!), но и доволно други сличности за да биде дел од големото словенско јазично семејство.
  • 21. ЈАЗИКОТ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА Почетоците на словенската писменост во Македонија се тесно поврзани со дејноста на солунските браќа светите Кирил и Методиј, како и со нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Јазикот на кој се ширела писменоста се викал словенски (словѣньскъ ѩзыкъ) и во славистичката наука се нарекува старословенски. Тој бил изграден врз основа на говорот на македонските Словени од околината на Солун и со прво некои слависти го нарекуваат старомакедонски. На старословенски јазик биле напишани првите првите богослужбени книги со кои се ширело христијанството и словенската писменост меѓу Западните Словени. Учениците на Солунските браќа ја продолжиле нивната дејност меѓу Јужните Словени, а нешто подоцна преку учители-свештеници од Македонија, на покана на великиот кнез Владимир, словенската писменост се проширила и во Киевска Русија. Старословенскиот јазик бил разбирлив за сите Словени, а писменоста заедничка придобивка за сите словенски народи. Тоа особено важи за периодот од средината на 9. век до крајот на 11. век (старословенски период). Тој се карактеризира со доследна примена на стандардизираната форма на јазикот што го создале Светите браќа.
  • 22. Времето од 12. век до крајот на 18. век се нарекува црковнословенски период за кој е карактеристично појавата на одделни варијанти (редакции) на црковнословенскиот јазик. Како резултат на навлегување на народни елементи во структурата на јазикот, фонетскиот систем се растројува, преку видоизменување на некои гласови и појава на нови. Забележливи се поместувања на морфолошки и на синтаксички план. Па така настанале македонската варијанта на црковнословенскиот јазик, руската, бугарската, српската и т.н. Најстарите зачувани ракописи на старословенски јазик во Македонија се преводи од грчки јазик и се пишувани на глаголица. Тоа се Зографското евангелие, Асемановото евангелие и Мариинското евангелие. Употребата на глаголицата е карактеристична за Охридската книжевна школа што ја основал св. Климент Охридски. Нешто подоцна се јавуваат и првите книжевни споменици пишувани на кирилица која повеќе се користела во источните делови на тогашната бугарска држава (во Преславската книжевна школа). Зачувани натписи на камени плочи и по столбовите на црквите, на глаголица и кирилица се среќаваат на повеќе места (на столбовите во црквата на Свети Наум, Самоиловата плоча, Варошкиот натпис, Битолската плоча и сл.)
  • 23. СТАРОСЛОВЕНСКИТЕ АЗБУКИ - ГЛАГОЛИЦАТА И КИРИЛИЦАТА Прашањето за говорите кои влегле во основата на старословенскиот јазик во славистичката наука е одамна разрешено. Тоа се македонските говори од Солунско. И прашањето која била првата словенска азбука не остава широк простор за двоумење. Тоа била глаголицата која имала 38 букви, по еден знак за секој глас. Разногласие во науката се појавува околу тоа кое писмо (азбука) послужило како основа за создавање на глаголицата. Преовладува мислењето дека грчкото ракописно писмо бил образецот за создавање на азбуката. Но глаголицата имала уште 14 други знаци, различни од грчките 24, што свети Кирил ги создал за да ги одбележи сите гласови кои ги содржел фонолошкиот систем на старословенскиот јазик. Тоа значи дека со 38 букви глаголицата фонетски била попрецизна од грчкиот алфавит. Кирилицата која се појавила нешто подоцна од глаголица, содржела 44 букви, за истите оние гласови од глаголицата како и за јотуваните ѩ, ѭ, ѥ, ю, (јен, јон, је, ју) и уште две други букви кои се користеле во зборови од грчкиот јазик. Кирилицата била направена по углед на грчкото уставно писмо, била упростена и поедноставна за пишување. Буквите ги задржале бројните вредности кои ги имале во грчкиот
  • 24. алфавит, за разлика од глаголицата во која има поголеми изместувања. (Колку за потсетување во кирилицата: а = 1, б = /, в = 2, г = 3, ж = /, и = 10, р = 100, ф = 500; и во латиницата: I = 1, V = 5, X = 10, L = 50, C = 100, D = 500, M = 1000 и т.н.). Во однос на гласовите типични за словенските јазици, кирилицата ги задржала некои од нацртите кои ги имало во глаголицата. Со текот на времето таа полека ја истиснувала глаголицата од употреба. За волја на вистината, во некои краишта во Хрватска и Босна, глаголицата уште долго време била во активна употреба од т.н. „попови глаголаши“ (до 19. век!). Во првите години на заедничко постоење на двете азбуки, глаголицата повеќе се користела во Охридската книжевна школа, а кирилицата во Преславската книжевна школа во Бугарија. Ова е една од важните особености која ги разликувала двата книжевни центри во тогашната бугарска држава во чии рамки се наоѓала Македонија. Денеска кирилицата е основно писмо не само на некои од словенските народи, но и на многу други, особено на оние кои се наоѓаат во рамките на Руската федерација, и на држави кои порано биле дел од ЗНД (Заедницата на независни држави, поранешен СССР). Цитат за овој час: Кусиот ум е со долг јазик - Аристофан
  • 25. СРЕДНОВЕКОВНИ КНИЖЕВНИ ШКОЛИ Словенската писменост во Македонија се ширела и зацврстувала преку дејствувањето на двете книжевни школи: Охридската и Лесновската. Охридската книжевна школа се развила и дејствувала во рамките на областа Кутмичевица, која се простирала на територијата на југозападна и централна Македонија, зафаќајќи и делови од Албанија. Почетокот на нејзината работа се поврзува со доаѓањето на св. Климент Охридски за епископ и учител во таа област, а нешто подоцна и на св. Наум Охридски. Покрај почетниот период во кој најмногу оригинални дела создал св. Климент Охридски, значајно поглавје во нејзината историја која траела до средината на 14. век, е периодот на Самуиловото царство. Важни особености на оваа школа се употребата на глаголицата како официјално писмо, како и верно негување на кирилометодиевската традиција чии ревносни бранители биле токму св. Климент и св. Наум. Во ракописите од оваа школа и покрај стремежот за негување на црковнословенскиот јазик, свесно или несвесно, се внесувале елементи од народниот јазик од западномакедонските говори. Тоа ќе придонесе подоцна за создавање на македонска варијанта на црковнословенскиот
  • 26. јазик, која силно се потпирала на кирилометодиевската традиција, за разлика од некои други варијанти од други книжевни школи. Покрај порано набележаните дела од оваа школа, би ги спомнале уште: Добромировото евангелие, Охридскиот апостол, Слепченскиот апостол, Битолскиот триод и други. Библиотеки со скрипториуми постоеле во повеќе манастири (во Слепче, во Св. Јован Бигорски и др.). Нешто подоцна на територијата на североисточна Македонија во рамките на манастирските комплекси (во Лесново, Кратово, Крива Паланка, Карпино, Матејче, во Свети Прохор Пчински) од 12. до 18. век се одвивала разновидна просветителска и препишувачка активност. Во рамките на Лесновскиот манастир постоело Калиграфско училиште (скрипториум), со најбогата библиотека на Балканот. Оваа книжевна школа позната како Лесновска (и како Кратовска или Кратовско- Злетовска) ја продолжувала традицијата на Охридската книжевна школа во однос на јазичните особености. Но исто така при препишување на книгите се внесувале јазични елементи својствени за говорите од овој дел на Македонија. Вранешничкиот апостол, Радомировото евангелие, Лесновскиот паренезис, Карпинското евангелие, се познати книжевни споменици од оваа школа.
  • 27. МАКЕДОНСКА ВАРИЈАНТА НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК Со оглед на фактот што на големата словенска јазична територија почнало дијалектно разграничување и пред појавата на старословенскиот јазик, тоа особено се засилило од крајот на 11. век, со појавата на црковнословенскиот јазик. За потребите на богослужбите биле преведувани и потоа препишувани многу книги на црковнословенски јазик во кој препишувачите спонтано и несакајќи внесувале јазични елементи од својот локален говор. Веќе од 12. век почнува создавањето на редакции (варијанти) на црковнословенскиот јазик: македонска, бугарска, српска, руска, чешко-моравска, хрватско- глаголска и романска (во Романија тој јазик бил литературен до 18. в.). Македонската варијанта на црковнословенскиот јазик ги одразува промените кои настанале во јазикот и се забележани во ракописите уште во старословенскиот период. Тоа се вокализацијата на еровите и мешањето на носовките. Така, во т.н. јака позиција малиот јер ььь ˃ еее, а големиот јор ъъъ ˃ ооо: дьнь ˃ ден, сънъ ˃ сон. Зад ш, ж, ч, ц, ѕ, и зад ј (ј) се пишувала голема носовка (ѫ,) наместо мала (ѧ), а зад меките н, р, л, с, се пишувала мала (ѩ) наместо голема носовка(ѭ): жѧтва ˃ жѫтва; глаголѭ ˃ глаголѩ. Со текот на времето дошло до упростување на
  • 28. вокалниот систем што го сочинувале 11 вокали: а, е, и, о, у (у), ѣ, ѫ, ѧ, ы, ъ, ь. Па така ѣ (јат) дало е, ѫ (он, голема носовка) дало а, ѧ (ен, мала носовка) =е, ы (јери) =и, ъ (јор, голем ер) = о, ь (јер, мал ер) =е. Процесот на упростување на тој систем бил подзасилен и преку изедначување на наставките кај падежните форми, кое пак придонело за нивно целосно губење. Тогаш настанале и редица други промени: губењето на еровите во т.н. слаба позиција го растроиле правилото на отворени слогови (сите слогови да завршуваат на самогласки); се нарушило правилото за двојки од меки и тврди согласки; се јавиле промени во карактерот и местото на акцентот и сл. Македонската редакција (варијанта) имала свои специфичности и на морфолошки и синтаксички план: губење на падежите и инфинитивот, губење на партиципите или нивна преобразба во други форми (глаголски прилог, глаголска л-форма, глаголски придавка) и појавата на членот (преку постпозитивна употреба на показната заменка: наместо тъ богъ, та жена, то дете, се пишувало богъ тъ, жена та, дете то, кое се случило под влијание на балканските несловенски јазици. Цитат за овој час: Во животот е како во граматиката - исклучоците се повеќе од правилата - Реми де Гурмон
  • 29. ШИРЕЊЕ НА ФУНКЦИИТЕ НА НАРОДНИОТ ЈАЗИК Паралелно со промените кои настанале во граматичката структура на црковнословенскиот, се внесувале промени во реченичките конструкции и особено биле забележливи оние на лексички план. Зборови од народниот јазик сѐ повеќе се внесувале во ракописите со црковна содржина. Тој процес бил подзасилен од потребата литературните дела да бидат разбирливи за поширок круг читатели. Важна улога во ширењето на народниот јазик во текстовите со религиозна тематика одиграле преводите на т. н. дамаскини. Се наречени така според грчкиот писател и проповедник од XVI век Дамаскин Студит. Едно од неговите први дела (Сокровиште) било преведено од пелагонискиот епископ Григориј Прилепски. Тоа содржи житија и поучни слова. Преводите на дамаскините биле препишувани и распространети насекаде низ Македонија, а потоа и низ Бугарија. Подоцна се јавиле автори кои во преводите внесувале и свои сопствени теми и размислувања. Постепено дамаскините станувале зборници наменети за широките народни слоеви. При преписите почнувало да се упростува јазикот, да се вметнуваат елементи од говорниот јазик.
  • 30. Дамаскините биле популарна лектира во Македонија сѐ до XIX век и во тој период настанале околу 200 вакви дела, од кои најпознато е Крнинскиот дамаскин. Тоа е период на стилско раслојување на јазикот. Имаме т.н. висок стил (црковнословенски јазик - се користел во богослужбите) и т.н. низок стил (во основа на кој е народниот јазик и се користел во секојдневната преписка). Од тој период зачувани се повеќе писмовници (епистолари, зборници со обрасци како се пишуваат писма). Најстари досега пронајдени писмовници се Слепченскиот писмовник од 1543 г. и Хилендарскиот писмовник од 1782 г. Од 19. век зачувани се уште неколку вакви зборници. Во нив е одразена традицијата од византиската литература на пишување писма или посланија. Дури и нашите први писатели од тоа време Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ ги создавале своите дела во дамаскинарски дух на народен јазик и со многу елементи од црковнословенскиот јазик, но и со примеси од турскиот јазик. Меѓу текстовите во кои постепено навлегувале елементи од народниот јазик биле и оние со кои се регулирале административно-правни односи: правото на сопственост врз имот; правото (одобрение) на
  • 31. слободно движење и водење трговија и сл. Тоа се т.н. грамоти. Иако се пишувани на црковнословенски јазик, во некои од нив спонтано се внесувале и зборови од народниот јазик. Со текот на времето, во периодот на турското владеење дури се вметнувале и турски зборови. Бројот на овие грамоти (хрисовули) е поголем, и без разлика на фактот што некои од нив се фалсификати со цел да се зачува или присвои некој имот, тие се интересни за проучување од историско и лингвистичко гледиште (Калиманова грамота, Виргинска грамота и др.). Поука за овој час: Oд мнoгумина кoи брзаат да сe збoгатат ќe слушнeш ваквo oправдувањe: “Кoга ќe сe збoгатам, ќe мoжам да правам дoбри дeла!” Нe вeрувај им, бидeјќи тe мамат и тeбe и сeбeси. Свeти Јoван Лeствичник длабoкo ги пoзнал и најскриeнитe пoбуди на чoвeчката душа кoга рeкoл: “Срeбрoљубиeтo запoчнува сo прeтпoставка да сe прави милoстиња, а сe завршува сo oмраза кoн бeднитe”. Oва сe пoтврдува кај ситe срeбрoљупци, мнoгу бoгати и малку бoгати. Oбичнo, луѓeтo гoвoрат: “Акo имам пари, јас би направил таквo и таквo дoбрo дeлo!” Нe вeрувај им. Од расудување: Бигорски манастир
  • 32. ФОНЕТИКА И ФОНОЛОГИЈА Фонетиката (според гр. φωνή = глас, звук) е дел од науката за јазикот која ги проучува гласовите, гласовните промени и закони и акцентот. Таа се занимава со говорните и неговорните (неартикулираните) гласови, нивното образување, физичките особини и начинот на кој мозокот создава претстава за гласовите). Фонетиката се дели на: 1. Артикулациона фонетика - се занимава со положбата на говорните органи (усни, јазик, усна празнина, непца, гласни жици и сл.) при изговорот на гласовите. 2. Акустична фонетика - се занимава со физичките особини на звучните бранови (висина, гласност, времетраење). 3. Перцептивна (аудитивна) фонетика - начинот на кој се воспримемат (перцепираат) гласовите со помош на органите за слух, т.е. соодносот меѓу гласот што се изговара и гласот што се слуша. 4. Функционална фонетика (фонологија) - се занимава со функциите на гласовите во зборовите на еден јазик. Постојат четири раздели на фонетиката: 1. Историска (дијахрониска) фонетика - го проучува историскиот развој на гласовите во еден јазик;
  • 33. 2. Описна (дескриптивна) фонетика - дава опис на гласовите во еден јазик; 3. Споредбена (компаративна) фонетика - врши споредба на гласовите во два или повеќе сродни јазици; 4. Експериментална фонетика - ги проучува гласовите со помош на експерименти. Гласот е најмала јазична единица од која се составени зборовите. Таа е и најмала артикулациона единица која може да се издели од зборот. Во македонскиот литературен јазик има 31 глас, во некои од дијалектите има нешто повеќе или помалку гласови. Писмениот знак (графема) со кој се бележи гласот се вика буква. Во македонскиот правопис има онолку букви колку што има гласови. Кога гласовите во зборовите ги изговараме според некој редослед (правило) тие имаат функција да ги разликуваат зборовите и да им даваат ново значење. Така, ако ги подредиме поинаку гласовите: ч, н, и, е, к, у; може да ги добиеме зборовите: ученик, унечки (престилки), укине, чукне, и сл. Така подредени гласовите се нарекуваат фонеми. Фонемите вршат смисловно разликувачка функција во зборовите. Според некои лингвисти, фонемите се збир на дистинктивни (разликувачки) признаци. Тие се предмет проучување на фонологијата, а со гласовите се занимава фонетиката.
  • 34. ПОДЕЛБА НА ГЛАСОВИТЕ Поделбата на гласовите во еден јазик се засновува врз отсуството или присуството на пречки при нивниот изговор. Кога се изговараат самогласките (вокалите) воздушната струја не наидува на никакви пречки и слободно минува низ усната празнина. При изговорот на согласките (консонантите) воздушната струја наидува на пречки во вид на преграда или теснина во усната празнина, или пак, истовремено и на двете пречки. Друга важна особеност на самогласките е слоготворната функција. Низата од самогласка и една или повеќе согласки се вика слог. Но слог може да образува и само една самогласка (на, под, труд, брест, и, е). Слоготворна функција може да врши и согласката р под определени услови (кога се наоѓа меѓу две согласки - црн, врв, прст; кога се наоѓа на почетокот на зборот пред согласка - ’рбет, ’рж; и кога ќе се најде зад претставка (префикс) кој завршува на самогласка - за’рти, по’ржи). Во последните два услова пред р се пишува апостроф (’). Ваквата особеност на р е останата од нашиот стар јазик во кој слоготворна функција во определена положба вршела и согласката л.
  • 35. Во македонскиот литературен јазик има пет самогласки: а, е, и, о, у. Поделбата на самогласките може да се изврши по повеќе основи: 1. Според движењето на јазикот напред - назад: предни (е, и); средно (а); задни (о, у). 2. Според издигањето на јазикот: високи (и, у); средни (е, и) и ниско (а). 3. Според положбата на усните: заокружени (о, у) и незаокружени (е, и, а). Самогласките Во повеќе од македонските дијалекти има уште еден т.н. темен вокал кој во правописот се бележи со апостроф (’), а во науката со (ӑ). според издигање на јазикот предни средно задни високи И У средни Е О ниско А незаокружени заокружени
  • 36. Бројот на согласките во нашиот литературен јазик е 26. Нив може да ги поделиме по повеќе основи: според местото на образувањето; според начинот на образувањето и според звучноста. 1. Според местото на образувањето во усната празнина согласките ги делиме на: уснени: б, п, м, в, ф; забновенечни: д, т, л, н, с, з, ц, ѕ; венечни: ж, ш, џ, ч, љ, р; тврдонепчени: ѓ, ќ, ј, њ; меконепчени: к, г, х. 2. Поделбата на согласките според начинот на образувањето се прави врз основа на пречките што се создаваат при нивниот изговор. Кај некои согласки пред да се изговорат за момент се создава преграда во усната празнина која се руши од воздушната струја. Кај други се создава теснина низ кој минува воздушната струја. Кај една помала група согласки најпрвин се создава преграда, а потоа и теснина низ која струи воздухот. Според начинот на образувањето согласките ги делиме на:
  • 37. преградни (избувливи): п, б, м, т, д, н, њ, к, г; теснински (струјни): с, з, ш, ж, ф, в, л, љ, ј, р, х; преградно-теснински: ќ, ѓ, ч, џ, ц, ѕ. Преглед на согласките по начин и по место на образување 3. Според (не)треперењето на гласните жици согласките ги делиме на: звучни, безвучни и сонанти (кои се најзвучни). Од табелата подолу се гледа дека секоја безвучна согласка (освен согласката х) има свој звучен парник. Поделба на согласките по звучност уснени забно- венечни венечни тврдо- непчени меко- непчени преградни б п м д т н њ г к теснински в ф з с л ж ш љ р ј х преградно-теснински ѕ ц џ ч ќ ѓ звучни б в г д ѓ ж з ѕ џ безвучни п ф к т ќ ш с ц ч х сонанти р л љ м н њ ј
  • 38. ГЛАСОВНИ ПРОМЕНИ Многу често во изговорот на гласовите во зборовите доаѓа до промени. Тие промени настануваат според определени правила кои се својствени на еден јазик. Најчесто се поттикнати од внатрешниот развој на јазикот, но не ретко се резултат на надворешни влијанија. Некои од гласовните промени биле карактеристични во минатото (трите палатализации, јотувањето), други се јавиле подоцна (едначењето по звучност, обезвучувањето на согласките). Покрај последниве две гласовни промени би ги набележиле уште и: редувањето на согласките и на самогласките, нивното испуштање, преместувањето, вметнувањето на гласовите и сл. Едначењето по звучност се јавува кога ќе се најдат во непосреден допир две согласки различни по звучност, на границата на две морфеми во рамките на еден збор. Едначењето се врши според втората согласка: ако таа е безвучна, и првата (звучна) ќе помине во најсродна безвучна согласка (рид + че = ритче, тежок + ка = тешка); ако втората е звучна, и првата (безвучна) ќе помина во најсродна звучна согласка (сват +ба = свадба, мирис + ба = миризба). Едначењето по звучност се врши и кај префиксираните зборови:
  • 39. (отспие, натпис, беспомошен, распушти, потфати, восхит). Притоа, ако претставката (префиксот) завршува на иста согласка со која почнува префиксираниот збор, може да дојде до удвојување или до асимилација на согласките ( оддел, поддава, раззелени, оттука < одтука; но: одамна < оддамна, безвучен < беззвучен, расони < рассони < разсони, исели <иссели < изсели). Остапување од едначењето по звучност имаме во следниве случаи: Не се бележи едначењето на д пред наставките -ски, -ство, -ствен и -ци (охридски, водство, производствен, предци). Не се бележи едначењето на д и на другите звучни согласки пред наставката -та (жедта, ’ржта, скрбта, глеѓта). Не се бележи едначењето на в пред безвучна согласка (втор, мравка, вкупно, овца, кичевски, вчера, овчар). Согласката г не се едначи во бегство, другпат. Не се врши едначење во зборовите од типот: десетгодишен петдневен, деветдневен. Во имињата од туѓо потекло обично не се бележи едначењето: Вашингтон, Петерсбург, Мусоргски.
  • 40. Обезвучувањето на согласките на крајот на зборот во изговорот е редовна појава во нашиот јазик (се пишува: леб, град, снег, еж, мраз, прав, глеѓ (се изговара леп, грат, снек, еш, мрас, праф, глеќ). Обезвучувањето може да оди и на препоследната согласка, а последната дури и да се изгуби: дожд, грозд (изговор: дош, грос). На претходната појава се надоврзува и губењето на согласките на крајот на зборот (се пишува: младост, мост, пришт, Горазд (се изговара: младос, мос, приш, Горас). Според една фонетска законитост, на крајот на зборот се распаѓаат оние групи што се вообичаени на почетокот на зборот (стар, штипе, здрав, ждребе; наспроти: радост, пришт, грозд, дожд; кои даваат радос, приш, грос, дош). Редувањето (промената) на гласовите ги засега не само согласките, но и самогласките. Може да стане како во коренот на зборот, така и во средината или на крајот на зборот. Спореди кај самогласките: роди:раѓа; избере:избор:избира:избран; и кај согласките: дух:душа; брат:браќа; бог:божествен; волк:волци. Испуштањето на гласовите станува според одредени законитости кај самогласките: старец:старци; потомок:потомци; добар:добро:добра; како и кај согласките: гроздје:грозје; пост:посен; училиште:училишна.
  • 41. ПРАВОПИС И ПРАВОГОВОР Правописот (ортографијата) и правоговорот (ортоепијата) се дел од нормите на еден литературен јазик кои како предмет го имаат правилното пишување на зборовите, односно правилниот изговор на тоа што е напишано или изговорено. Правилата како треба да се пишуваат и изговараат зборовите се поместени во правописните и правоговорните речници. Тие правила се задолжителни за сите оние што се служат со стандардната (литературната) форма на еден јазик. Правописот е збир од правила за пишување на зборовите, но исто така и за употреба на интерпункциските и правописните знаци. Добар дел од правописните правила се однесуваат на транскрипцијата на туѓите имиња со наше (кирилично) писмо. Во правописот има поглавје за пренесување (предавање) на наши имиња и зборови со латинично писмо; пишување на сложените зборови; како и поглавје со акцентот во нашите (домашни) зборови и кај оние од туѓо потекло и сл. Правоговорот како дел од литературната норма се однесува на вербалната употреба на еден јазик. Особено го објаснува правилниот изговор на зборовите, (во нивните рамки - на гласовите), посебно на звучните согласки на крајот на зборовите. Предмет на правоговорот
  • 42. исто така е акцентот со акцентските целости, но и интонацијата и паузите во говорот. Овие и други елементи придонесуваат за правилната дикција и се составен дел на една наставна област наречена култура на говорот. Иако во основа станува збор за две подрачја пишување и говорење, во практика нормите и законитостите што ја регулираат нивната правилна употреба се поместени во правописот. Постојат повеќе начела (принципи) врз кои се уредуваат правилата на правописот. Но ниедно од нив не се јавува во својот чист вид. Првото од тие начела е фонетското (поправилно: фонолошкото). Тоа се применува во правописот на македонскиот литературен јазик, како и во српскиот, хрватскиот, босанскиот, црногорскиот, албанскиот и во други јазици. Тоа значи за секој глас во азбуката (писмото) има одредена буква (графема) и зборовите се изговараат онака како што се напишани (со извесни исклучоци). Во морфолошкото (поправилно: морфонолошкото) начело се води сметка за разграничување на морфемите во рамките на еден збор. Тоа значи дека корените на зборовите, претставките, наставките и сл. се пишуваат еднакво во сите зборови.
  • 43. Врз тоа начело повеќе или помалку се засновуваат на пр. правописите во бугарскиот и рускиот јазик. (спореди: източно, представка; русский, иностранных). Но во ред случаи се води сметка и за традиционалното (историското) начело. Во етимолошкото (историското) начело, за кое некои сметаат дека се две начела (принципи), се зачувани норми од постариот период на развитокот на јазикот. Таков е правописот во англискиот и францускиот јазик. Според некои лингвисти постојат и други правописни начела (идеографско, семантичко и сл.). Основите на правилата за пишување на македонски литературен јазик се поставени во Македонскиот правопис (7. 6. 1945), само еден месец по усвојувањето на македонската азбука (3. 5. 1945). По пет години излегува второто издание под наслов Македонски правопис со правописен речник кое е поправено и дополнето, и кое содржи правописен речник. Во 1969 година се појавува Правопис на македонскиот литературен јазик во кој поопширно и поуточнето се обработени правилата од претходното издание. Во следната година (1970) изданието е дополнето со правописен речник (од околу 30000 зборови). Во 1998 год. излегува новото издание под наслов Правопис на македонскиот литературен јазик во 11 поглавја со
  • 44. извесни изменувања и дополнувања, особено во делот Транскрипција на туѓите имиња. Во 1999 година се појавува како посебно издание Правописен речник на македонскиот литературен јазик со над 42000 речнички единици (автор Кирил Конески). Во него покрај правописни има и правоговорни укажувања преку бележење на акцентот кај некои зборови, за да се насочи на правилниот изговор (година́ва, зима́ва, лето́во, бере́јќи, новои́збран, интервју́), или кај зборовите со двоен акцент (е́кра́н, му́зе́јски) и сл. Иако во Правописот од 1998 се одразуваше современата правописна норма во нашиот јазик, некои од понудените решенија не беа најсреќно избрани (Кинеска, жителка на Кина, наместо Кинезинка; во поглавјето транслитерација - предавање на наши имиња со латиница и сл.). Но додека се во сила, правописните правила треба да се почитуваат. Во спротивно, непочитувањата ќе се сметаат за правописни грешки! Цитат за овој час: На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазик, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа. Крсте Петков Мисирков, 1903 година
  • 45. ПРАВОПИС НА СОГЛАСКИТЕ Во ова и следните поглавја што се однесуваат на правописот може да има несовпаѓање со правописните правила според новиот Правопис (2016). Ве молиме имајте го тоа предвид. Ј. Поради неинтензивниот изговор во некои позиции, а особено пред самогласките е и и, доаѓа до колебање при неговото пишување. Пред и се пишува во суфиксот -ји кај придавките: божји, кравји, рибји. Не се пишува ј зад ч: волчи, овчи. Но птичји! Во другите случаи пред и не се пишува ј. (Во Правописот не се засегнати имиња од типот јидиш -јазик, Јирген - име и сл.)! Пред е се пишува ј: во почетокот на некои туѓи имиња и зборови: Јена, Јемен, јеремонах, језуит; меѓу три самогласки: доајен, фоаје; зад суфиксот -је: здравје, копје и збирната наставка -је: нивје, колје. Во другите случаи ј не се пишува пред е: На почетокот еден, езеро, Евреин, во средината меѓу две самогласки биеше, знае, никое, дуе, вее, Индиец,(но Индијка), Гвинеец, (но Гвинејка). Исто така не се пишува и во машки род кај придавките од типот значаен, буен, семеен, двоен, (но во женски и среден род значајна, бујно, семејна, двојно). Меѓу самогласките и и а, како и меѓу о и а, односно у и а секогаш се
  • 46. пишува ј Македонија, Марија, материја, радија (од радио); боја, Стојан, кројач; чујам, трујачка, дујат, собујам. Од подруг тип се примерите како иако, антиамерикански, односно глаголските форми отидоа, видоа, како и решоа,(од решо), буржоазија. Ј се пишува меѓу е и а во зборови и имиња од туѓо потекло алеја, идеја, (но: идеален, идеализам), епопеја, ономатопеја, Гвинеја, Јудеја; како и кај изведените именки од глаголи, со наставките -ач (-јач), -ачка (-јачка) пејач, грејач, пејачка, живејачка; и кај придавките вејачка (машина), пејачка (група). Ј се пишува меѓу две а (аа) во одделни зборови и лични имиња одаја, вајар, раја, Трајан, Маја; во изведени именки со наставките -јач, -јачка, -јачница, бајач, ткајачка, ткајачница; како и во формите на минато определено свршено време (аорист) и глаголската л-форма истраја, залаја, се покаја, се покајал, потрајал, ткајал. Формите на глаголите на кои општиот дел им завршува на -а-, во сегашното време се пишуваат без ј лаат, ткаам, траам. Без ј се пишуваат заменските форми оваа, таа, онаа. Меѓу самоглските и и о се пишува ј во формите за повикување кај именките на -ија Македонијо, Маријо, змијо. Во зборови од туѓо
  • 47. потекло не се пишува ј стадион, студио, национален, марионета. Во самогласните групи ако втората самогласка е о или у не се пишува ј свиок, географија, зоологија, биологија, виулица, калиум, триумф. Во групи од три самогласки една до друга, меѓу втората и третата се пишува ј фоаје, досиеја, пееја, виеја, ткаеја, знаеја, (се) белееја. Се пишува ј во формите за искажување заповед кај глаголите кои во општиот дел завршуваат на -и- пиј (од пие), биј, миј, шиј; бијте (од бие), мијте (од мие), шијте (од шие). Не се пишува ј меѓу две самогласки кои се во состав на компоненти во сложени зборови триаголник, антиамерикански, иако, триангла, диода. Не се пишува ј пред наставката -ски во придавки и прилози изведени од именки кои завршуваат на -ија змиски, историски, англиски, како и пред наставките -ство, ствен убиство, убиствен. Поука за овој час: Токму затоа Филип Македонски – како што е опишано во историјата, кога истовремено му дошле три радосни и почесни известувања – го извадил својот скап прстен и го фрлил во морето, за да ја смири својата прекумерна радост со загубата на својот прстен. ’За секој случај‘, рекол, ’не сум способен да ги издржам многубројните несреќи што истовремено може да ме снајдат‘.” Старец Јосиф Исихаст
  • 48. Л, Љ. Колебањето при пишувањето кај овие согласки доаѓа од нивниот еднаков изговор пред самогласките е и и и сонантот ј. Соглската љ се пишува пред самогласките а, о, у, пред други согласки и на крајот на зборовите Каља, беља, рубља, Дељо, Иљо, Кољо, љубов, Љуба, Љупчо, вљубен, Љубојно, виљушка, пељуш, Каљуш; фељтон, Иљчо; биљбиљ, детаљ, детаљна, детаљно, (но детален), тељ. Во множинските форми кај именките на кои основата им завршува на -љ, се пишува л бели, рубли, биљбили, детали. Како дијалектизми се сметаат кључ, недеља, љут, љутеница, чешељ, сољ, чељад и др. Правилно се изговара и се пишува со л клуч, недела, лут, чешел, челад и сл. Л се пишува и изговара во формите кај глаголите од и-група делат (од дели), молат, жалам, велам, мислат и во именките изведени од нив делба, молба, жалба, мисла и сл. Пред самогласките е и и и пред ј се пишува само л леб, млеко, лето, поле; боли, лице, ливада, бели; билје (се изговара биљје), зелје, релјеф, илјада (се изговара иљјада), Смилјана, (се изговара Смиљјана), фотелја, неволја, ролја; во множина фотелји, неволји, ролји.
  • 49. Ќ, Ѓ. Изговорот на овие согласки во некои говори може да биде поинаков од литературните форми кои се образуваат на тврдото непце. Како резултат на тоа се јавува колебање при нивното пишување и изговарање, особено во позиција пред самогласките е и и. Согласката ќ се изговара и пишува во зборовите и формите: Божик (и Божиќ), божикен (божиќен), божикна (божиќна), веќе, вреќа, -и, гаќи, домаќин, куќа, -и, куќен, моќ, моќен, моќна, плеќа, -и, свеќа, -и, среќа, среќен, ќерка, цвеќе, цвеќиња, праќа, ж. р. - праќи. Ќ се пишува во честичката ќе и во наставката -јќи, како и во именки кои завршуваат на -т, или во глаголи кои завршуваат на -т: гледајќи, пишувајќи; брут - бруќе, работа - рабоќе; Тибет - Тибеќанец, Сопот - сопоќанец; плати - плаќа, прати - праќа, сети - сеќава, срете - среќава. Наместо со ќ како што е во некои говори, во литературниот јазик се препорачуваат формите со ш(т): маштеница (не маќеница), маштеа, паштерка, сношти, имашлив и сл. Само со ш(т) се и други зборови: помош, помошен, горештина, плешка, (но и плеќа), пештера, свештеник, овошје, јагнешко, Понекогаш употребата на ш(т) и ќ се користи за означување на разлики во значењата: немоќен (бессилен), немошен (слаб, болен). За неправилна се смета употребата на ќ во
  • 50. зборови како лошоќа, доброќа, самоќа. Во литературниот јазик тие лексеми завршуваат на наставките -отија, и -ота: лошотија, самотија, доброта, чистота. Ќ се јавува во многу зборови од туѓо потекло (особено од турскиот и грчкиот јазик). Се пишува во сите позиции, освен пред и: ќаја, ќар, ќотек, ќофте, ќуп, ќумур, ќебап, бериќет, ќесе, мустаќ - мустаќи, и мустак - мустаци; Пред и се пишува к: кибрит, килим, килер, кирија, килибар, Кирил, Шакир, Бекир, Зекир. Ѓ се пишува и изговара во зборовите како: веѓа - веѓи, лаѓа - лаѓи, саѓа - саѓи, меѓа - меѓи, преѓеска, преѓешен, ‘рѓа, ‘рѓосува, туѓ, туѓи; во множината од човек - луѓе. Ѓ се јавува во формите за збирна множина кај именките на -да, во изведените именки со суфиксот -јанец (мн. -јани) кај именките кои завршуваат на -д и кај глаголите чија основа завршува на -д: грамада - грамаѓе, ливада - ливаѓе, вода - воѓе (и водје); Охрид - охриѓанец, охриѓани, Белград - белграѓанец, Швеѓани, Шкотланѓани; дојде - доаѓа, зајде - заоѓа, роди - раѓа, најде - наоѓа, виде - виѓа (и виѓава). Наместо со ѓ одделни зборови се пишуваат со -ж(д): кражба (не краѓа), премреже, межник, (и меѓник), нужда.